Еден загинат во судир на „Партизанска“
Педесет и осумгодишниот скопјанец К.Е. (58) заги��а во сообраќајна несреќа што завчера се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Според МВР, околу 21,45 часот дошло до судир меѓу „сеат толедо“, управувано од К.Е. и „даеву ланос“, управувано од А.Ш. (29) од Скопје, по што возачот на „сеат“ се здобил со тешки повреди на кои им подлегнал во болница. (Г.А.) |