Компјутери од „Миталстил“ за Детското село
По повод Меѓународниот ден на децата, „Миталстил“ за детското СОС- село донира 12 нови компјутери и 83 пакети со чоколада. Кон донацијата се придружи и Општина Гази Баба со два клима уреда. Сега, секое СОС семејство ќе има компјутер, а климатизерите ќе бидат поставени во заедничката просторија на децата. |