Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

На своја кожа чувствувате позитивна енергија, па прифаќате предизвици што ви ги нуди едно вонсериско лице во вид на неодолив Овен. Покрај изобилството на страст, не пропуштајте ниту еден работен предизвик- понуди, договори, планови.



Бик

Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо растресен, сепак сте активни. Им одолевате на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака се само субјективни и брзо ќе минат.



Близнаци

Ѕвездите ве поттикнуваат на средување на станбениот простор, подготвување домашна забава и финансиско вложување во домот. Членовите на семејството ќе ви дадат поддршка во остварувањето на материјалните планови.



Рак

Вашето внимание ќе биде насочено кон остварување деловни партнерства, промоција во јавноста или зближување со љубовниот партнер. Од вас ќе се очекува поголема приспособливост во комуникацијата и во остварувањето на амбициите.



Лав

Побарајте ја главната причина за сите свои постапки во потсвеста. Мора да посветите повеќе внимание на менталното здравје и да почнете да размислувате за себе. Имате вишок енергија, која одлично се обновува, па работата е одличен лек против нервозата.



Девица

Бурните емоции ги насочувате на пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате, туку им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, зашто не сте свесни кога им е непријатно на другите.



Терзија

Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се и разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате е заснована исклучиво на физичка припадност или, пак, фантазирате за тоа.



Скорпија

Решавате галантно да потрошите поголема сума пари, за што долго размислувате. Се држите до девизата дека не сте толку богати за да купувате евтино. Цел ден се одвива во знакот на системот на вредности и преиспитувања.



Стрелец

Дури сега е јасно поради што се однесувате чудно. Здравствената ситуација не е прекрасна, а секогаш се однесувате онака како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Болеста е латентна, па може и отворено да се изрази.



Јарец

Мислите дека знаете што сакате? Вашите дела и изјави оставаат сосема друг впечаток. Ќе ви се зголемат обврските кон другите. Нешто мора да направите и против своја волја. Можна е несоница. Внимавајте што ќе јадете денеска.



Водолија

Дојдовте до заклучок дека не вреди да се нервирате. Ги откажувате сите стари обврски со надеж дека набрзо ќе добиете нова. Ќе бидете во ситуација да анализирате туѓи проблеми. Тоа нема да ви падне тешко, на тој начин ќе ги потиснете своите.



Риби

Склони сте на повреди, бидете повнимателни и не изложувајте се на опасности. Блиските секогаш се околу вас, ви даваат внимание, но вие не знаете да возвратите. Потрудете се повеќе да се дружите и да уживате. Јадете здрава храна и внесувајте повеќе калциум.















Најди! во Утрински