Животот, кариерата и мечтите на ТОШЕ (7)
Преку ноќ детето се замомчи
Забележав дека Тоше брзо созреа, стана маж кој знае да одлучи и да каже што сака, се сеќава Лилјана Петровиќ на 2003 година
Валентина Тодоровска
Kус период од неколку месеци откако престана соработката со „Авалон“, Тоше, како и многу млади луѓе, на емотивен план доживеа разочарување, што беше одлична подлога за креација. Во тие нежни години кога љубовта е прашање на идентитет и поради неа се поместуваат планини, тој беше многу меланхоличен и со многу страст пееше балади. Вистински романтичар. А такво му беше и расположението - за миг ќе се растажеше за следниот момент повторно да биде насмеан. Во првите месеци на 2002 година во емотивно калење ја создаде песната „Немаш ни благодарам“. Препуштајќи и' се на музиката, ја засака мислата - музиката е измислена за да сведочи за осаменоста на луѓето... На неколку стотици километри подалеку, на релација Атина – Кипар, Лилјана Петровиќ имаше уметничка галерија, успешно егзистираше неколку години, посетувајќи големи светски аукции на слики, стекнувајќи драгоцени искуства и зголемувајќи ги професионалните контакти. Но, емотивно беше испразнета, и знаејќи каков воркохолик е и колку работата ја смирува, беше подготвена за нови предизвици.
„Во февруари 2002 година мојата кума Билја Крстиќ издаде ЦД и ме замоли да и' помогнам околу пропагандниот материјал, и така прв пат дојдов во Македонија. Беше интересна игра на судбината - ми се јави Жељко Јоксимовиќ, кој сакаше да му помогнам да најде грчки песни, а низ муабет од овдешните музиколози дознав за момче кое преубаво пее и првпат го слушнав името на Тоше. И тогаш се шегувавме со целото друштво – ’Ајде, каков Жељко Јоксимовиќ, имаме ние едно момче кое е вистински Павароти‘ итн. Им реков да го повикаат и дојде - мирен, убаво воспитан и културен. Имав чувство дека го знам со години, толку ми беше симпатичен. Како помал брат кој никогаш го немав. Ми раскажа се' за себе, ми даде ЦД, ми го спомна Крушево...
НАПОМЕНА
Интегралните на верзии фељтонот се објавуваат ексклузивно само во печатеното издание. На Интернет-изданието објавуваме само мали извадоци | |