Сашко Поповски ватерполист
Иако февруари само што започна, сепак, ги одржувам кондиционите подготовки за квалификацискиот ватерполо турнир за ОИ, што ќе го играме во март, во Романија. Претпладнево, без оглед на временските услови, половина час трчам покрај Вардар. Попладне, во 15 ч. со Томи Стефановски одржуваме тренинг - пливање во базенот во Карпош. Во меѓувреме, редовни семејни обврски.
Трајанка Илиева актерка
Иако денеска имам претпремиера во Драмски театар на претставата „Стари времиња“, раното будење ми е од „административни“ причини - треба да се фотографирам за пасош. Потоа гледам да се одморам, па уште попладне одам во Драмски, да се подготвам за претпремиерата со публика од 20 ч.
Тодор Зафков музичар
Обичен ден во кој обврските не ми претставуваат стрес. Од 9 ч. сум на работа во „Танец“, каде што се подготвуваме за турнејата во Австралија од 10 февруари. Инаку, паралелно , со Елена Георгиева работиме на нов проект со изворни македонски песни, кој планираме да го издадеме во март. |