Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Семејствата го бараат извештајот за хеликоптерот

По средбата со Коњановски, семејствата не добија одговор зошто падна „МИ-17“

Даниела Трпчевска

Надлежните да го тргнат степенот на тајност од извештајот за хеликоптерската несреќа и да се обелодени во јавноста што крие тајниот документ. Со вакво барање семејствата на загинатите мировници во хеликоптерската несреќа кај Блаце излегоа на вчерашната средба со министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

Состанокот што траеше повеќе од четири часа, заврши во доцните попладневни часови. Роднините на загинатите војници не успеаја да ги добијат одговорите на сите прашања за причините за падот на „МИ-17“, кои ги тиштат веќе една година. Затоа најавија дека нема да се откажат од тужбите на државата, бидејќи сметаат дека се крие вистината од нив.

„ Од министерот Коњановски побаравме одговор зошто извештајот е државна тајна, зошто е дадена наредба војниците да полетаат за Скопје и покрај лошото време, зошто не е одобрено барањето да се вратат со автобус и слично. Баравме да се тргне доверливоста на извештајот и тој да биде достапен до јавноста. Тоа ќе го побараме и од премиерот, со кој сакаме да се сретнеме од понеделник“, вели Сузана Стојановска, сестра на загинатиот пилот од Куманово, Бране Спасовски.

Семејствата најавуваат дека ќе се обратат и со Обвинителството, каде што е препратен извештајот и од него ќе бараат увид во документот. Тие се револтирани што некои од медиумите објавија дека недисциплината на екипажот е една од причините за падот на армискиот хеликоптер. За тоа побарале одговор и од министерот Коњановски, но тој им кажал дека не е запознат од каде им се на медиумите такви информации.

„Не се откажуваме од тужбите на државата се' додека не ни биде достапен извештајот и додека не видиме што крие тој“, категорична е Сузана.

На средбата со министерот станало збор и за новиот закон за мировници. Семејствата на 11 загинати мировници велат дека „ не се наоѓаат во законот“. „Не се согласуваме со законот и оставивме за него да разговараме повторно по новогодишните празници. Сметаме дека семејствата на загинатите мировници и нивните деца со овој закон ќе станат социјални случаи“, вели Стојановска. Тие се најреволтирани од делот во законот кој се однесува на решавањето на станбеното прашање. Според семејствата, со законот се предвидува државата да им помогне на семејствата во земањето кредит за решавање на станбеното прашање, а каматата од 20 отсто да ја плаќа државата.



 


Статијата е прочитана 197 пати.

Испрати коментар

Од: persa
Датум: 27.12.2008 00:22:07
kakva sramota e sto gi matkaat familiive na mirovnicite. mesto vo bolkata da se gordi tie im go zimaat i poslednoto - ona malku dostoinstvo . sto e tolku tajnovito da ne moze najbliskite da im doznaat za pricinite na nesrekata. ne daj boze da se rabotese za bliski na "vladeacive" ama nivnite ne odat vo misii, nivnite se vo upravni odbori
Од: St.Patrik
Датум: 27.12.2008 02:57:51
nema ni da doznaat.. Vo ovaa nasa drzava nema sudija koj ke se nafati da go istera toj predmet posteno i do kraj..izvestaite za rasporedot na vojskata za vreme na vojnata, polesno izleguvaa od Ministerstvoto, negoli ovaj izvestaj...
Од: od nekogo
Датум: 27.12.2008 05:52:53
Mnogu malku ostana i veruvam deka informacijata za zaginuvajneto na vojnicite ke bide dadena vo javnosta.Sigurno znaete za sto stanuva zbor. Za zaminuvajneto na Crvenkovski i Miroslav Stojanovski od segasnite funkcii.Mnogumina od moeto opkruzuvajne si postavuvaat prasajne : "Uste sto treba da se sluci vo ARM, pa Miroslav Stojanovski da bide smenet ili da si podnese ostavka" Zarem ne se dovolni aferite1. Direktna naredba za upotreba na sila protiv demostrantite na mitingot 2004: 2. Ucestvo vo zarobuvawe i maltretirawe nacivili vo vukovar so sto ke gi dovedese vo prasajne odnosite megu Makedonija i Hrvatska;3.Afera nabafka na raketi za poveke cevni raketni frlaci ( dvete posledni aferi najverojatno se "ispeglaa" so hrvatite)4.Afera prodazba na oruzje.5.Afe4ra so prodazba na delovniot prostor na ARM.6.Afera so voeni stanovi 7 Afera pad na helikopter. 8. Afera na smena na najsposobnite kadri od ARM i mogu drugi, a pred se plackosuvajne na objekti i stanovi za vreme na voeniot konflikt.
Од: susana
Датум: 27.12.2008 08:38:32
Golema pocitkon zaginatite i nivnite semejstva , no kako sto izvestaj da im dadat koga nivniot koalicione partner go turna helihopterot i samite tie toa go znaat ama kako da go kazat i ajde sega branitelite se krivi, tenzijata da ne prerasne vo nemiri mora taka da se zataska situacijata, NARODE MAKEDONSKI SVESTISE OVIE ne rabotat vo tvoja korist dajte da gi izbrkame od Makedonija , treba da se ogledame na juzniot sosed taka ni treba i kaj nas da padne ovaa vlada ovaa se e samo ne VLADA.
Од: 0d ilirida
Датум: 27.12.2008 12:10:51
neka cekat cel zivot ova so helikopterort e trik na vladata tie go napravia toa
Од: ja
Датум: 27.12.2008 18:49:24
suzana i ilirida mozebi vie imate namera da se tepate, vo red, no, nemojte da gi razgoruvate nacionalnite strasti

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Аеродромите ќе почекаат на ТАВ
Драма со имунитетот на пратеничката Бендевска
Загина македонски работник во Ирак