Холивуд на Дунав
БУДИМПЕШТА - Овој живописен главен град во срцето на Централна Европа играше многу улоги низ годините. Во него беа снимени задушливите улици на Буенос Аирес во филмот „Евита“ од 1996 година, во режија на Алан Паркер; беше центар на терористичка закана и одмазда во 2005 година за филмот „Минхен“ на Стивен Спилберг, а сега го заменува Рим во „Обред“, трилерот што ќе биде промовиран идната година, каде што Ентони Хопкинс е во улога на свештеник-ментор на млад ученик од богословијата, во мрачните денови на егзорцизмот.
Сепак, и покрај разновидноста на Будимпешта како филмска сцена, она што ја претвора Унгарија во Холивуд на Дунав се, пред се', економските тешкотии. Десетици странски филмови и телевизиски продукции првенствено ја избираат Будимпешта кога станува збор за снимањ�� во Европа, пред Прага, пред Париз, Лондон или Софија, привлечени од попустот на продукциските трошоци за 20 отсто, слабата локална валута и ниските плати за екипите.
„Секое пени што може да се заштеди и да се стави на екранот, е огромен благодет за режисерите“, вели Стив Оер, директор за оперативни работи на студиото „Рали“, со седиште во Будимпешта, едно од најголемите независни филмски студија во Америка. Во април студиото „Рали“, привлечено делумно од програмата за попуст, отвори широк комплекс од 16 хектари во предградието на Будимпешта. Објектот од 75 милиони долари содржи звучна сцена од 3.700 метри квадратни, која е меѓу најголемите во Европа или во САД.
Звучните сцени на студиото се користеа за да се копира луксузниот „Хотел де Париз“ во Монако, за филмот „Монте Карло“ во коп��одукција на Никол Кидман, што треба да излезе следната година. Во филмот, тројца тинејџери од Тексас се катапултирани во животот на многу богатите, кога едниот од нив додека се наоѓа на одмор во Париз е погрешно заменет како британски наследник. Копродуцентката на „Монте Карло“ Денис Ди Нови, холивудски ветеран чии претходни заслуги се „Бетмен се враќа“ и „Едвард Ножицоракиот“, вели дека студиото заштедува милиони долари снимајќи во Унгарија наместо во Франција. „Унарија има екипи со иста стручност како оние во Холивуд и многу поевтино е да се снима тука“, вели таа, додавајќи дека не снимила филм во Лос Анџелес веќе 17 години.
Постепениот егзодус на филмската продукција од Холивуд започна со отворањето на студијата кои растеа брзо 1980-тите години, на места како што се Јута, Тексас и Тунис. Новите студија, некои поддржани од поединци во филмската продукција, други од градители на недвижен имот, им нудеа на режисерите локации и објекти за да им конкурираат на оние во Јужна Калифорнија, но по многу пониска цена, пред се', заради законите за право на работа кои спречуваат синдикален труд. Оттогаш градовите, како што се Торонто и Прага, агресивно се пласираат како филмски сцени, поддржувајќи го нивното рекламирање со дарежливи финансиски иницијативи.
Со пропаѓањето на комунизмот, пред 20 години, многу земји од Источна и Централна Европа маневрираа за да станат холивудски посиромашен, но економски поисплатлив „братучед“. Таа потрага стана итна, бидејќи глобалната финансиска криза предизвика трка за нови извори на приходи, со цел да се помогне полнењето на испразнетите јавни каси и да се платат високите јавни долгови.
Унарија има филмска традиција стара повеќе од еден век. Таа произведе индустриски титани како Адолф Цукор, на пример, основачот на „Парамунт пикчрс“; потоа сер Александер Корда, основачот на „Лондон филмс“ и продуцент на „Третиот човек“, меѓу другите филмски класици; па Мајкл Кертиз, режисерот на „Казабланка“ и Ендру Вајна, продуцент по потекло од Будимпешта, кој работеше на блокбастерите „Рамбо“ и „Терминатор“.
Меѓутоа, државата почна да добива финансиска предност во 2004 година, кога Владата одобри попуст од 20 отсто за странски и домашни филмски продукции. Унарците ја „засладија“ иницијативата во 2008 година проширувајќи го попустот за некои продукциски трошоци направени надвор од Унгарија. Странска филмска продукција добива попуст од 20 отсто преку партнерство со локална продукциска компанија, која вообичаено обезбедува се', од светло до екипа. Локалната продукциска компанија го добива попустот со здружување со регистрирана унгарска компанија, која ги обезбедува финансиите и може да го одбие придонесот од даноците на приход.
И другите поранешни земји во источниот блок го забележаа тоа, и возвратија. Во јуни, Европската унија го одобри барањето на Чешка за попуст сличен на унгарскиот, што би им овозможил на филмските продуценти враќање на 20 отсто од нивните трошоци. „Целиот бруто домашен производ на една земја можете да го потрошите на односи со јавноста, а сепак да не го постигнете она ниво што може да го донесе присуството на Холивуд тука“, вели Геза Сокс, државен секретар за културни прашања во Унгарија.
За Унгарија, која кон крајот на 2008 година побара вонредно финансирање од ММФ и ЕУ од 25 милијарди долари, доаѓањето на ѕвездите како Роберт Патинсон, миленикот од „Самрак“, кој пристигна во Будимпешта оваа пролет заради снимање на филмот „Бел Ами“, што ќе излезе идната година, е добредојдено одвлекување на внимание од помалку ласкавите наслови кои се' почесто се објавуваат во последно време предизвикани од економските проблеми.
Профилот на Унгарија како филмски центар неодамна беше издигнат, кога Будимпешта беше избрана за домаќин за „Борџии“, луксузната телевизиска серија од 10 епизоди што ќе биде претставена на американскиот кабелски канал „Браво!“ во 2011 година. Во серијата настапува Џереми Ајронс како Родриго Борџија, патријархот на моќното и корумпирано италијанско семејство од 15 век, кој стана папа во 1492 година. Бруно Питер Ѓорѓи, продуцент на студио „Корда“ во Будимпешта, каде што се снимаат „Борџии“, вели дека трошоците од 1,6 милиони долари за репродукција на ренесансниот Рим во Будимпешта, заедно со влезот во „Св. Петар“, палатата од 15 век и градината на Ватикан, се пониски отколку снимање на локација во Рим. Пропаѓањето на унгарската градежна индустрија, додава тој, значи дека продукцијата може да си дозволи да вработи мала армија градежници.
И покрај економските предности на Унгарија, сепак, режисерите велат дека има и некои проблеми. Бирократските пречки можат да бидат обесхрабрувачки, а генералната хомогеност на населението значи дека филм за кој е потребна мултиетничка екипа може да направи дополнителни трошоци. Покрај тоа, има и друг�� тешкотии. Бо Флин, продуцентот на „Обред“, вели дека релативното неискуство на Унгарија како седиште на меѓународни продукции, било причина 16 недели да помине во извидување на локации и проценка на способноста на екипата, наместо 12 недели, колку што би му биле потребни во Лос Анџелес.
Андрас Рез, водечки филмски критичар од Унгарија, забележува дека странските продуценти, исто така, се соочуваат со отпор од некои локални режисери кои стравуваат дека холивудската инвазија ја загадува народната култура во земјата, која веќе се смета за сервилно-проамериканска во некои кругови. Но, тој додава дека, и покрај се', унгарските режисери ќе имаат полза. „Во 1960-ите години во Будимпешта се сними филм под наслов ’Зошто унгарските филмови се толку здодевни?‘ Сепак, оваа земја може да научи нешто од Холивуд“, вели Рез. (Њујорк тајмс) |