Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Премиера на филмот „Марисон“ во Кинотека

Денеска во Кинотека на Македонија во 20,30 часот ќе се одржи премиера на филмот „Марисон“ на македонската режисерка Марија Макеска, која живее во САД. Станува збор за дипломски филм на Макеска, која завршува филмска режија и општа театрологија на Факултетот за драмски уметности во Вејн Стејт во Детроит.

„Марисон“ е оригинална приказна, инспирирана од македонската митологија за самовилите. Малиот Андреј, кој доаѓа на подолг престој во селото на неговиот дедо Лазар, пронаоѓа самовила во шумата. Тој и' го дава името Марисон, бидејќи за него таа изгледа како ангел од соништата, кој има натприродна сила и дарба за лекување болни. Кога локалниот свештеник ќе дознае за неа, ќе се обиде да ја искористи нејзината моќ.

Овој 64-минутен филм е снимен во Детроит, во парковите и во селските предели, обидувајќи се да долови сценографија што би била најслична на македонската. „Приказната произлегува од носталгијата по планините, по шепотот на лисјата, по дедовите приказни, по волчјото завивање, по нивите и по селските разговори“, се вели во прес-материјалите. Во филмот играат: Тејлор Трит, Дру Вајз, Сабрина Вест, Мариус Илиеску, Наталија Пулупчук, Анита Фарар и Денис Буџижевски, а музиката е на Александар Велинов.

Марија Макеска досега има снимено шест филма, од кои првите два „Сродни души‘‘ и „Запознај се со нас‘‘ во Македонија, додека „Моето куче Ранија‘‘, „Светот е мал‘‘, „Луѓе со замки‘‘ и „Марисон‘‘ се снимени во САД. Филмовите се прикажувани во Канада, САД и во Македонија, а се очекува новиот филм Марисон‘‘ да има и австралиска премиера. Инспирацијата за снимање филмови Макеска ја црпи од македонската митологија, балканската култура и од американскиот секојдневен живот на имигрантите.

Влезот за овој филм во Кинотеката е слободен. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија
Холивуд на Дунав
Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2010“