Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.06.2013, 17:11

Мое ќоше

Заев свирна ’узбуна‘

Ерол Ризаов

„Селанчето“ од провинција не возело само локал, знаело нешто и од високата политика

„Селанчето“ од Струмица свирна тревога. Неочекувано покажа повеќе градски и граѓански манири, политичка и комуникациска култура што е неопростливо во Македонија. Во главните партиски штабови, во ВМРО-ДПМНЕ, во ДУИ и во СДСМ и во политичките кулоари има видлива вознемиреност по првите јавни настапи на Зоран Заев откако дојде на чело на социјалдемократите. Најголема тревога по интервјуто на Заев на ТВ Алсат прв објави лично премиерот Никола Груевски, кој речиси панично ги испрати своите војници против опозицијата во Општина Центар, иако неполни 24 часа пред тоа подаде рака, ама од голема височина.

Момчето од внатрешноста не возело само локал, знаело нешто и од високата политика, не било ни толку наивно како што изгледа. А очигледно нешто многу не се треска од земја од големи политички лидери и вештачки набилдани авторитети. Струмиџанецо не може да се „изеде“ намачкан со путер и џем за појадок, а претежок е и за главно јадење, ниту, пак, тој може да јаде „живи вмровци“. Се виде дека на Заев најсилно оружје му е сугестивноста. Го сака камерата, дозата на наивност му ја покрива искреноста и чесниот однос кон јавноста. На телевизија не изгледа како превеаните, арогaнтни и рутинирани политички калкуланти кои не се симнуваат од екраните. На социјалните мрежи Заев освои големи симпатии. Неговиот популизам има мерка, не посега по примитивна реторика и јазик на омраза кон противниците. Има харизма на која ќе треба уште да поработи, оти тоа чинам во иднина ќе му биде најмоќното оружје.

Што е тоа што предизвика толку возбуда во трите политички кампа на најголемите партии. Прво, Заев без многу силни зборови и пароли, на едноставен начин, без да напаѓа и навредува никого, од еден нов агол ја изнесе на виделина доктрината на власта на постојано одржување на високо ниво на меѓуетничките тензии. Со неколку едноставни лесно разбирливи реченици одговори на горливи прашања околу меѓунационалните односи, притоа со критички став, пред се', кон СДСМ, дека не му приличи коалицирање и лажни национални спреги со ВМРО-ДПМНЕ ни во парламентот за законите за бранителите ни во Кичево и во Струга за локалните избори. Заев не го поштеди СДСМ за кокетирањето со гласачите и бракот од интерес со ВМРО-ДПМНЕ во однос на повеќе клучни прашања кои се изнасилено поставени меѓу Македонците и Албанците за предизборни хомогенизации. Власта и нивните апологети веднаш препознаа во ова предавство и веќе три дена верглаат по телевизиските строго контролирани канали иста приказна како Заев ги издал виталните национални интереси. По ваквите редовни откривања на лажната македонска опасност за Албанците и обратно дека „Шиптарите“ ќе ја поделат Македонија, тешко ќе можат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да јаваат и натаму на загрозената национална опасност на еден од друг, а по изборите да ја делат власта еден со друг. Тие изнасилени пропагандистички делби веќе меѓу граѓаните прераснаа во омраза и вистински делби кои се' потешко се контролираат.

Втората неосвоива тврдина на успесите на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ прикажани во јавноста како големи бранители на името на државата и на националниот идентитет Заев ја дувна како меур од сапуница, детски искрено кажувајќи дека опозицијата нема ни една релевантна информација што работи власта во врска со името. Тоа стана ексклузивно право само на Груевски и тесниот државен врв. Никој жив во државата не знае што се случува околу најзначајното прашање. СДСМ нема да дозволи ни запирка да се помрдне ако нешто го загрозува националниот идентитет, вели Заев. Значи, ја нема веќе онаа доктрина на Црвенковски како и да одлучи ВМРО-ДПМНЕ во врска со името, ќе ја имаат поддршката на опозицијата. „Малку морген, вели Заев, не смеете ништо да чепнете без знаење и одобрување на опозицијата, оти тоа би значело велепредавство“. На тој начин прашањето за името и членството во ЕУ и во НАТО станува консензуално прашање на сите релевантни политички фактори во државата, а не ексклузивно право исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ од кое другите, наводно, бегаат. „Само со заеднички став на власта и на опозицијата може да се оди на референдум“, најави Заев.

И таму каде што Груевски се есапи за многу силен во делот на економските реформи, Заев дејствува ептен сугестивно и емпириски докажува со примерот на Струмица дека економијата во практиката не му е бауч, туку природна средина во која добро плива. Заев вели Струмица со малку пари ги избра вистинските приоритети за своите граѓани, а Македонија, односно Владата фрли многу пари на сите граѓани за нешто што не е ниту економска стратегија ниту приоритет, туку е нов голем буџетски потрошувач, голтач на народни пари.

А зошто има возбуда и во редовите на СДСМ. Заев стартува со доктрина која проповеда дека може да се порази политиката на Никола Груевски, колку тоа и да изгледа неможно во време на режим и суспендирана демократија, корумпирани избори, страв и закани. Заев нуди политика на решенија, а не на барање вечни оправдувања. Тој повеќе ги бара грешките кај нас отколку кај другите.

И да бидам искрен, со што мене ме плаши Заев. Денеска најслабата точка на Груевски се настаните на 24 декември во македонскиот парламент и драматичното презадолжување на државата. Имам впечаток дека Заев не ги согледува добро обидите за забошотување на овие застрашувачки опасности над Македонија. Едната е јавното убиство на демократијата на црн понеделник без никаква одговорност, другото е голема прелага на божемна ниска задолженост. Секој што не може да ги врати долговите банкротира без оглед колку се големи или мали. Секој ден Владата се заборчува под се' понеповолни услови за да ги врати старите долгови. Кога првпат поостро се постави прашањето на вистинско место зошто се трошат парите, власта го уби парламентот, исфрлајќи ја опозицијата и јавноста како партал. Стравувам дека Заев го сметна ова од ум.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 9846 пати.


Испрати коментар



Банкари во заложништво
Паднаа каматите, на ред е цената за квадратите
Потемкиновиот љубовен живот на Владимир Путин
Како да немаше жени во парламентот



Leviot, 12.06.2013 00:44:56
Zaev a eve sega i Zernovski ne se novi politicari tie celo vreme bile tuka samo bile vo senka na nekoj drug. Nasava demokratija strada od avtoritarni lugje koi so svoute postapki ja gusat slobodnata misla. Zaev znam deka ne e takov politicar i toj treba Prvo da ja vrati demokratijata vo partijata kade celo vreme papata udiral po masa i kazuval sto i kako ke bide. Treba da se pokaze deka postoi i eden drug poinakov nacin na vodenje partija pa i drzava . A na drugata strana pak pastirot e totalen kuriozitet , toj na mladite im kazuva kako da mislat , na vernicite im kazuva deka treba da krsat, na zenite deka se pomalku treba da abortiraat, ludilo do ludilo.
germanija, 12.06.2013 01:07:01
g. Erol sdsm nikojpat ne sedela na trula daska .Zaev ima od kogo da uci ,a ucenikot koga e podobar od ucitelot ,zaslugata e na ucitelot ,i koga poteknuva od domajkinska kujka so domasno vospituvanje ,prerasnuva vo dobar domjkin toa e predsedatelot Zoran. samo sto bese izglasan za pretsedatel simpatiite gi dobi od site pametni gragani na Makedonija so negovite nekolku intervija,duri i od stranski diplomati vo Makedonija.
Aleksandar, 12.06.2013 01:08:06
Zaev e edinstvenata nadez za makedonskata demokratija. Toj e politicar na 21-viot vek, sovremen, ednostaven, iskren i cesen. Slikata da bide kompletna tuka e i Sekerinska koja drzi odlicni relacii so relevantnite megunarodni partneri. Timot sostaven od ovie dvajca vrvni politicari e spasot za Makedonija.
jovan, 12.06.2013 01:09:56
So sila ubavina ne biduva.Ova se prikaski od tipot sleperot i zabata. Prvo,nekoj treba da nauci sto e patriotizam a sto nacionalizam, pa posle na Al-Sat da dava intervjua.A toa sto go sakala kamerata, ne znaci deka moze da vodi golema partija, a uste pomalku pa drzava.Iskreno, priznajte si deka Zaev POIMA NEMA sto treba da pravi so partijata.Smesno e da se ubeduvame deka dvoecot Zaev-Sekerinska ke go urnele ova VMRO.Pa vo toa ni samata Sekerinska ne veruva.Naskoro i taa ke se izvlece od*dvoecot*bidejki ke svati deka se za privremena upotreba.Ovie dvajca ke pominat duri uste poloso i od sleperot na Branko.Ako ova VMRO padne, ke padne vo stilot na Taksim, a toa e neizvesno koj potoa ke dojde i sto ke bide.So drugi zborovi,od nadvor ke gi srusat,no nikoj ne garantira deka tokmu Zaev ke go donesat.Stevco i Bucko ne sakam ni da gi spomenam.Tie dvajca ke stvorat dodatni problemi za SDSM, pogotovo sega.
Коста Стоименовски, 12.06.2013 01:24:00
Актуелната мак. власт треба дефинитивно да се натера да работи транспарентно како за расипничкото трошење на народните пари, така и за суштинските прашања од државен и национален интерес! Ако Израелците изразуваат револт поради тоа што нивниот премиер Нетанјаху трошел месечно по 2.500 долари за сладолед и затоа што платил додатно 120 илјади долари за кревет во авионот при патувањето во странство, мак. јавност има право да знае колку пари троши владата за саморекламирање, за тендери со кои финална вредност на објектите што се градат се зголемува дури и за 6 пати (!), за прошетки по светот наречени „роуд-шоуа“ итн. Најгрлатите апологети на власта пред околу две години најавија подготвеност проблемот со името да се реши со „прекар“ , но кога власта процени дека ќе го загуби главниот адут за победа на изборите се повлече-„пу-пу, не важи“. Јелко Кацин најави дека е веќе постигнат договор за името, а власта молчи како залиена и натаму ја продава приказната дека ќе истрае во одбраната на имет
jana, 12.06.2013 01:24:24
Zaev so negovata chesnost i iskrenost navistina go zaplashuva Gruevski. Poznato e deka onoj shto misli iskreno e pojak od onoj koj e nasilen. Zatoa smetam deka simpatichniot Zaev ke napravi mnogu iza partijata, a i za Makedonija.No, poznavajki go Gruevski, ke izmisli neshto za da go dvira Zaev, iako Zaev i politichki i intelektualno, pa i kulturno e daleku nad Gruevski.Zaev, veruvam deka nema da potklekne na ona poznatoto; slaba opozicija. I dosega ne beshe slaba opozicijata, tuku toj so toa se opravduvashe pred javnosta za site negativnosti i nepravdi napravi na poedinci i voopshto na Makedonija.Mnogu mu veruvam na Zaev i zatoa mu posakuvam srekja i uspesi vo rabotata, odnosno vo politikata. Pozdrav!
Makedonec vo EU, 12.06.2013 01:37:12
Zaev ne pravi nisto se dodeka ne se spusti blisku do nivoto na Makedonskoto preplaseno, izgladneto, zatupeno i skukuleno glasacko telo. A koga ke se spusti tamu, so Gruevski nema sansi. Dosega Mike Tyson nikoj ne go nokautiral so poezija. Vo vreme koga na Gruevski vekje mu e redot da bide izbrkan sikter na kloci, SDSM odbra pretsedatel koj na ostanatite kandidati im e do kolena.
Ероле, една петка за тебе, 12.06.2013 01:41:46
Ероле, и сам не веруваш во ова што го напиша. Прво, за името Заев само го повтори ставот на Бранко, поддршка да, ама без чепкање во идентитетот. Второ, Заев е неконтролирана машина за непромислени изјави, за кои подоцна најчесто се извинува. Трето, да се биде градоначалник не е исто со тоа да се води и знае цела економија. Баш чекам да видам кој после Јовановски ќе собере храброст во опозицијата да излезе на мегдан со власта за економија. Четврто, нема возбуда во СДСМ. Таму има депресија, која расте од ден на ден, од тоа што се случи на Конгресот.Петто, нема вознемиреност во власта. Таа само чека да го прегази Заев на избори. Ете петка за тебе Ероле.
pile, 12.06.2013 03:15:18
„Малку морген, вели Заев, не смеете ништо да чепнете без знаење и одобрување на опозицијата, оти тоа би значело велепредавство“.Slucajno da ne docna stignuva Marko na ... vo odnos na velepredavstvoto.A sto e ekvivalent na predavstvo na Drzjavnite interesi ako ne suspenzija na odredbie od VS od 1995 godina, pred Izvestajot na EK za 2012 godina i pred lokalnite izbori so odgovor na memorandumot od Grcija i soglasnost za resenie na sporot vo t.n.,,rana faza.Koja opozicija koj ,,kakov takov narod prasa i za kakov idenitet navodno se bori Vladata na familijata i Gruevski.Toa li e identitetot na gragjanite na Gorna-Republika Makedonija pretocen vo najlos imogj na zemjata od osamostojuvanjeto do sega, i najlosi megjunarodni pozicii vo pregovoriete za imeto, ili tuka nema velepredavstvo.I sega ke reterira vo odnos na dobivanje datum, AMAN dajte datum za pregovori pod privremenoto ime p.j.R.Makedonija, ,,da spasavamo sta se mozje spasti,,.Dosta ne spasuvase.OSTAVKA
PAVLE ALIMASKA, 12.06.2013 05:45:29
браво Ероле,уште еден фантастичен напис,уште една претстава во живо за она што е реалност во овие времиња на промени во СДСМ,САМО БИ РЕКОЛ дека ЗАЕВ мора да биде страшно претпазлив,внимателен и спремен на се и сешто од овие САТРАПИ, кои повеќе од сигурно дека нема да ја дадат власта како што СДСМ им ја даде.На Заев му претстои тешка и исцрпувачка битка со противник кој е во состојба да посегне и по она што ниеден нормален човек не би посегнал.
JAS, 12.06.2013 06:54:25
Fantasticno. Edna od vasite najdobri kolumni. Dokolku opozicijata e kako sto treba i vladeackata koalicija ne bi bila toa sto e sega
mitko, 12.06.2013 06:57:26
Zaev e daleku pogolem govornik od Gruevski,å i deluva po kompaktno zatoa i go saka kamerata. E sega toa shto najgolemite mediumi se portparoli va VMRO tuka lezi zajakot . Najprvo Zaev treba da se izbori za da ima edna televizija koja bez strav ke gi kririkuva glupostite na ovaa smeshna no i vo isto vreme zastrashuvacka vlast. P.s:Pretsedatelot na komisijata za 24 dekemvri e odlicen izbor ,Taka da Zaev smetam deka tuka ja dobi prvata bitka so Guevski,å ke dobiva uste mnogu posebno vo oblasta na ekonomijata.
mishko, 12.06.2013 07:19:20
Како прво добро е што после 10 дена тага по заминатиот лидер имаме осврт за новиот лидер на СДСМ.Нешто што јас се залагав пред 2-3 дена во post скриптум во еден коментар тука.Она ,,селанчето од Струмица,, авторот предобро го знае дека го пласираат Скопските сопартиски играчи,кој неможат да ја проголтаат,,жабата,, од изборот на Заев за лидер.Во прилог на ова е 158 делегати на конгресот не гласаа за никого,и оние 30.000 собрани потписи подрѓка за екслидерот.Ова авторот предобро знае каков аларм е за Заев.Тоа што има мал заокрет за комисијата од страна Заев ,може да се протолкува со сознанието на одговорноста на сопствената партија за декемвриските случувања.Оти според Филе треба да се разјаснат случувањата пред и за време на 24 декември нормално и кој тоа дивееше пред Собранието.Колку и да авторот она пред 24 декември и пред собранието да не му дава значај,ќе мора да се комисиски опфати.Исто како и внатре со пратениците и новинарите.
meksikanec, 12.06.2013 07:20:50
Tocno e deka Zaev svirna uzbuna,Poradi sto Gruevski i Centarot za manipulacija i lagi,proglasija opsta opasnost od siroki razmeri i uste ne zaspani po prvata sreba,go dadoja tajniot signal za ogranicena mobilizacija,povikuvajki gi samo pripadnicite na Pijanoto clenstvo,Crkvata,policijata i Predsedatelkata na komisijata za verski prasanja Heroinata Valentina Bozinovska.Za zal namesto na Zaev,udri po Zernovski,koj vo momentot mu e teziste vo napadot,zaradi brojnite kriminalni zdelki vo Centar,kade se potroseni pari na poveke seuste nerodeni generacii,kako i tajno iznesenite dokumenti od opstina Centar niz skrisnata vrata i zapalenite od tenderskata evidencija na elaboboratot za Skopje 2014.Verovatno toa go napravi i zaradi ekonomija na silite,da ne otvara dva fronta ednovremeno od mnogu pricini,zatoa sto koga Hitler go napravi toa so Rusite,celosno ja izgubi vojnata.No vo sekoj slucaj,na masa kogo pieja voda,dovolno jasno mu pokaza so koj ima rabota i odma ja razbudi paranojata vo nego.
Наташа, 12.06.2013 07:33:10
Само уште единствено авторот на текстот и меѓународната заедницанана не се откажуваат од црниот понеделник, 24-ти декември. Народот а особено тепаните во парламентот, првите со своите секојдневни проблеми а вторите во интерес на добрите плати, го загубија доброто паметење. Парламентарната опозиција игра криенка-миженка во парламентот. Не се знае во каков *Отпор* се. Не можеа да ја делат судбината на среќните граѓани со приход од 300 евра па ја напуштија ладата чекајки го *Годо*, т.е. комисијата која треба да се формира за да не се реши случајот. Заев е симпатичен со мил и наивен лик. Сепак недоволно за победа на оваа недемократска и ненародна власт, власт за која демократските принципи не важат и се мислена именка. Голема ќе биде цената кога народот на улица ќе ја бара слободата и се што доаѓа со неа. Тогаш опозицијата не ќе може да се надева ниту на *пегличка* и ќе остане со носталгија за напуштената *Лада*.
deutschland, 12.06.2013 07:55:11
Liderot na sdsm gos.Zoran Zaev denes Erol go narekuva-selanceto,momceto,provincialecot,trebalo da raboti na negovata harizma......!!Erol se zamisluva kako nekoja´velicina´za koja toj nekoj Zaev e pod nego-nekoe dete sto zalutalo vo politikata.mozebi i Zaev NE e ELOKVENTEN(covek koj ne se izrazuva dobro)no vidovte do kade ve donese bivsiot elokventen lider!dosta ni e od govornici,lazaci-ocekuvame dela!Potoa Erol ni go velici Zaev-site se isplasija od nego........bre,bre!!Na krajot go potsetuva deka NE smee da se najde nekoja sredina za izreziranite,namestenite slucuvanja(ostavinata od destruktivecot branko)vo sobranieto-oti tuka se kriel zajakot!sto sakate poveke-pravevte film pred izbori NO narodot ve procita i ve kazni ponizuvacki na izbori!!Vtoroto bilo-MK bila mn.zadolzena-osven poranesniot sdsm NIKOJ drug ne go tvrdi toa,EU,Svedska Banka,MMF....site tie velat-Makedonija e NISKO zadolzena zemja!!Lesno nemozete da pominete so ovaa vmro-dpmne,prvo sdsm sredete ja,potoa se drugo......
Ептен многу се исплашивме од Заев хахаха, 12.06.2013 08:18:40
Хехехе... Заев свирнал? Па тој не знае ни да свирне без Бранко. Груевски се вознемирил од „селанчето“? Сигурно се расплакал од радост кога Заев стана претседател на лузерите. Ме интересира каде тоа помилуваниот со свиткана кичма покажал граѓански манири??? За каква комуникациска култура на човекојадецот зборува авторот? Најслаба точка на Груевски биле настаните на 24-ти? Па баш тогаш власта покажа како се штити уставниот поредок на Македонија, токму од такви како Заев кои на сила сакаа да го освојат нашиот Парламент.
ZEMJATA, 12.06.2013 08:27:19
Mislam deka za brzo vreme ke im zboktisa i na saite vmr-ovci koi eden den ke sfatat deka nemoze dotolku ste da necinat a toj car.Sto se odnesuva do ekonopmskite reformi her Zika bi rekol idi begaj,zatoa sto reformi ne moze da pravi covek koj bil samo zapisan na Ekonomski fakultet vo Prilep i koj cekal drugi(poveke nema da im gi spomnuvam iminjata) da mu gi polagaat ispitite.
Миле - Охрид, 12.06.2013 08:42:06
Заев им ги поттикна надежите на оние кои спроведуваат најнегативен вид национализам, распалување на национална омраза, глорификација на нациите на соседите, потценување и понижување на македонскиот народ , поттикнување на национална супериорност и исклучивост на други соседни нации за сметка на македонската и оние кои водат реакционерна уценувачка политика на прогонување и истребување на Македонците, барајќи од нив да се откажат од основните човекови права и слободи и да се самоукинат. Дали се препознавате господа шовинисти?
Трпе, 12.06.2013 08:47:23
Заев е човек кој тешко се вари а уште потешко да се сожвака.Тоа е човек со срце и душа кој се докажал уште кога се стекнувал со образование.Во животот постигнувал се сам и доста помагал во семејниот бизнис.Никогаш не сакал да доминира над некого а секогаш сакал да пмогне на послабите.Кај него искреноста е најголемата врлина.Тоа што треба да го каже директно го кажува во лице а не позади грб.А што имаме сега актуелна власт каде започнувајки од премиерот па неговиот кум Ставре идруги во очи те гледат и те лажат и настојуват нешто да ти подметнат.Колку да се перчи Грујо познат е на поголем број грагани,РМ е мала земја.Но да се надеваме дека бргу ке му дојде крајот и ке се заврши со зулумите кои ги прави фамилијата.Но народот мора убаво да ги употребува сопствените очи и уши а најмногу да го активира сопствениот ум.
od ostrijot, 12.06.2013 08:47:40
da erol vo pravosi premijerot nesamo stoe voznemiren nego i uplasen nese plasi tolku od covekot zaev nego od lokomotivata zaev koja saka daodi napred atoa nemu i negovite sopartajci naj malku im odgovara.
Бајрам политичарот Заев знаев дека знае само да свирка, 12.06.2013 09:09:17
Дека јас сум во право а не авторот ке покаже времето. Ке испалува ракетата заева многу ќорци. Се додека СДС не најде друг.
Strumica, 12.06.2013 09:17:20
Od citajki nekoi komentari smev me fakja.... kako toa vie velite deka Zaev bil cesen, a? Kako toa za 20 godini seljakot postana sopstvenik na edna tretina od gradot? Silno sum ubeden deka toj e golem kriminalec vo ovco runo koe vie naivno go gledate i nemozete da prepoznaete edno detiste itro...1000 pati poitro od site nas. Vremeto ke dokaze se. Samo zdravi i zivi site nie.
Cuka 12 casot, 12.06.2013 09:30:21
Jas ne mozam da kazam dali Zaev ima sposobnosti iu kapacxiteti da go turne od tronot Gruevski i familijata, no mislam deka za Makedonija e neophodno potrebno i posleden mig da se smene od vlasta ova apsolutisticko egejsko koruptivno vladeenje , bidejci ne e pet do 12 ami vece e 12 casot za toa. Ovie manipuklacii od egejskoto lobi na Grujo ne mozat vecno da go manipuliraat avtohtonoto makedonsko naseleni so subvencii i lagi. Vreme e za demokratski promeni
mirkoski vanco, 12.06.2013 09:37:43
Gospodine Rizaov, vnimatelno gi citam poslednive vasi kolumni i navistina umeete da gi locirate i izberete vistinski najaktuelnite , a tolku vazni nastani vo nasiot opstestven zivot.Posebno vi se voshituvam na vasata hrabrost, i ako e toa vprocem vasa zadaca, da gi izberete vistinskite zborovi za nastanite okolu nas.Vi blagodaram.
Тето, 12.06.2013 09:48:08
Значи попатетична колумна одамна не сум прочитал. Станувате и попатетични од новинарите од „другата страна“. Проблемот на новинарите од опозицијата е што и тие слепо сакаат да го убедат народот во искривени вредности. Уште илјада вакви колумни да напишеш нема да смениш впечатокот дека Зоран Заев е локален играч.
Димитар, 12.06.2013 09:48:58
Единствено Зоран Заев е политичарот од кого ќе учат сите политичари во државата.Има визија,сила,храброст и разум како атрибути кои му се потребни на еден современ и модерен политичар.Ти си ни пријателе, спасот за да не извлечеш од оваа лакрдија и ова арамиско дејствување на власта.Ова веќе не се трпи!!!
Vile, 12.06.2013 09:52:30
Колумната од г-дин.Ризаов е добра и верувам дека Груевски се плаши и тоа многу се плаши затоа што и г-дин Заев има харизма, се гледа едноставен , умен, одмерен и со нудења на решенија кои на прв момент изгледаат малку чудни, но доста добри за судбината на Македонија. Инаку се разбира се не се открива на еднаш, нека се замислат малку Дпмневците што се може да се случува и слушне од г-дин Заев во иднина.
Ива, 12.06.2013 10:12:32
Одлична колумна, Заев не чекаше ни момент кога седна на претседателската функција и спремно и организирано ги засука ракавите и се фати за работа. Посебно ме фасцинира тоа што секојдневно има значајни средби со меѓународни фактори со тоа што не би се сложила дека баш и не се грижи за 24 декември, тоа го направи веќе првиот ден.
До Дојчланд, 12.06.2013 10:41:26
Дојчлнад, Германец - Шваба што ли си, сам човек што ќе си направи никој не може да му направи. Па нели гледаш човече дека читателите на Утрински се далеку над твоето ниво, па затоа излегуваш смешен кога тврдиш дека авторот го навредува Заев. Сакаш со петпарачки штосови да предизвикаш пропагандистички ефекти. Работата е сосема поинаку, авторот кажува дека Заев не бил мачкина кашлица и не случајна е паниката по неговите први јавни настапи.
Caro-kann, 12.06.2013 11:17:50
Г-дине deutshland,ти навистина не си во состојба нешто да погодиш,па макар и на ѓутуре (кутура)!!!Со секој коментар покажуваш се понизок интелектуален капацитет.Па ме чуди, баш тебе ли те избра г-динот Заев да бидеш неговиот адвокат (бранител) околу тоа што некој,кој,според тебе “...се замислува како некоја величина...“.Ете,мене не ми се јавил за таква “одбрана“!!!! Па дали г-динот Заев се навредува од зборовите на г-динот Ризаов, “селанчето“,“момчето“,“провинцијалецот“ и сл.,е исклучиво,негова и само негова работа ,а не на некој кој ниту се познава со Заев,ниту некој го повикал да ги расчистува тие работи.Ваквото именување од г-динот Ризаов е предмет на личен вкус на г-динот Заев.Може за тоа ќе му префрли,можеби ќе се налути,може да покрене судска постапка, можеби само ќе се насмее и со авторот на текстот ќе се напијат кафе и токму заради употребените зборови.Ама,ти да треснеш нешто па “куд пукло да пукло“!!!Затоа не соли памет “очерупана хашка ќурко“!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
vlatko, 12.06.2013 11:25:06
Grujo kje stegne predvremeni izbori za da mu pokazze koj e gazda na novoto SDSM rakovodstvo, da ne mu se dade vreme na SDSM da se konsolidira, da se sotre vo temel branot na anti-nacionalizam, i da se sotre maloto seme na nadezz kaj obichnite gragjani deka Zaev e mozzebi noviot lider na Makedonija. Znachi ochekuvajte izbori nekade okolu Oktomvri godinava. Bi go spomnal i Zernovski ovde. Na e sluchajno sto Anrej pie kafe so amasadorite sekoe sabajle. Da ne se strancite, Andrej do sega kje beshe uapsen i priveden. Na Grujo mu staniva jasno deka ne kje mozze da go kutne Andrej taka lesno kako sto misleshe, pa ochekuvaje vo bliska idnina kupuvanje na sovetnici od SDSM. Ochekuvajte premin na najmalku eden SDSM sovetnik vo poltron partiite na Stevche ili Buchko, t.e. preminuvanje vo talibanskiot tabor, posle sto na Andrej kje bu se onevoznozzi da donese bilo kakva opshtinska odluka. Dodeka popovite i talibancite mavaat so jajca i jabolka, vo pozadina se pregovara na cenata na transferot
Oskar, 12.06.2013 11:31:15
Im posakuvam uspesna rabota na Zaev i Sekerinska koi gi smetam za cesni, kulturni i dobri rabotnici i im posakuvam so svojata uspesna rabota da ja konsolidiraat opozicijata i da im gi zatvorat ustite na site zlobnici.
Nekoj od nadvor, 12.06.2013 11:39:04
Interesno e kako vo Mk se e: sta bi bilo kad bi bilo... Dali Zaev ke uspee e mnogu rano da se kaze. Izgleda deka prizemnosta ne e bash karakteristika kaj makedoncite. Sto se odnesuva do imeto, smeshna e izjavata ,,da ne se chepka vo identitetot,, koj toa chepka vo identitetot? ON? Ajde malku retrospektiva: 1.nekoi ziteli na MK gi narekuvate albanci so vreme iako se rodeni i ziveat vo MK kako makedonci. Nekoj ova go iskoristi i vi go nametna ramkovniot (da ne gi narekvaat arapite vo Francija marokanci sluchajno?) 2.ON barashe pregoori so Grcija za ime i nisto drugo, vie pochnavte da zboruvate za identitet itn. Ne vi tekniva deka sami si gi sozdavate problemite? Koga moze vo Francija francuz da e sekoj so francusko drzavjanstvo, moze i vo Mk istoto. Arno ama vo Mlk ne se znae da se pregovara samo da se ogovara 3.Zosto toa so geografska odrednica go zemate zdravo za gotovo-pregovarajte! za imeto de! sto voopsto go sponuvate identitetot. Suma sumarum, glupav narod sme, priznale ili ne
Caki, 12.06.2013 11:48:11
Izgleda cigankata shto go faleshe Zaev umre , pa Erol ja prezema nejzinata uloga.Avtorot e zaslepen od patoloshkata omraza kon Gruevski , pa vekje ne znae shto pishuva!!Aloooo....ova li e nov pochetok?Pa tipot mu go greeshe ednash stolcheto na BC pak li kje go gree?A bre moroni komentatorski (ako ste Makedonci) pa toj chovek posakuvashe da ima pukanje pomegju Makedoncite....kazha deka koga kje dojde na vlast se zhivo kje otpushti shto ne e sdsm...a za jadenje zhivi lugje da ne zborime!!!
Naumce Srbinoski, 12.06.2013 11:54:41
So ovoj tekst, a i drugite sto ke gi pisuvas vo idnina, ke sakas samo da dokazuvas kakva e razlikata megu Zaev i Crvenkoski, prviot vo pozitvno, a vtoriot vo negativno svetlo. Toa e samo poradi tvojata omraza sprema gosp. Crvenkoski. Uste ednas ke ti recam, Branko bese vo pravo da ne se odi na lokalni izbori, a ti koristejki go vesnikot go terase na izbori so ovaa diktatorska vlast, znaejki deka ke ti se ispolni zelbata da gi izgubi izborite, a ti pak da si na glas protiv nego. Namesto da mu se izvinis, na sto te povikuvam veke petti pat. Inaku, samo ke licis na vecen kritikuvac na Crvenkosi od licni pricini, isrto kako Kosta Stoimenoski, koj barem si prizna deka imal nekoi poteskotii so Branko, a ti ne kazuvas sto ti e makata. Inaku, se najdobro na Zaev.
pp, 12.06.2013 12:20:38
Strumica-ako zaev e lopovot togas sto e Grujo i familijata?!!!Nema politicar koj ne krade da ni bide jasno!Vremeto ke kaze! Pameten novinar i uste pohrabar!Maz so madinja,ete toa e Rizaov!kaj se drugite?! Da e ziv i zdrav uste godini 100!!
Филип, 12.06.2013 12:40:28
Џабе целиот ПР на Заев што пишува коментари! Заев и Шеќеринска се катастрофална комбинација,тие двајца немаат капацитет и знаење да го победат Груевски,ја немаат ни поддршката од базата,го изгубија и најдобриот економист што го имаат во партијата-Јовановски,не знам како некој помислува дека имаат некакви шанси за победа.
od bitolcanka, 12.06.2013 12:57:22
do strymica dobro sto ti dojde za smeja oti sve vo golema depresija nikola barase dae napravi strymica svetski grad samo nevi pomogna ni senvici ni sokce ni 500 denari sto znaci zoran bil neprocenet vo strymica vcera go slysaf gryeski eden zbor ne kaza bez da procita toj navistina nekoj dryg my gi polagal ispitite 20 godini vo politika edna recenica da neznae napamet da kaze zastrasyvacka
В. Кратовалиев, 12.06.2013 13:00:46
*Неговиот популизам има мерка, не посега по примитивна реторика и јазик на омраза кон противниците.*, но само ако се исклучи *јадењето живи луге, бркање од работа, од хигиеничар до раководител, пукањето... А дека, со тоа што *може да се порази политиката на Никола Груевски,*, Ерол, го сподели пророштвото на српската фолк-пеачка Цеца, која го виде и го препорача Заев, како иден премиер.
Smireno i so razum, 12.06.2013 13:59:04
Kako se Zaev zbogatil, ne znam (*Strumica*znae?), no toj e redok, ako ne i edinstven politichar vo RM shto vlegol vo politikata kako bogat chovek, shto e praksa/norma na zapadot. Za razlika od nego, site drugi politichari vo politikata vlegoa goli i bosi (nepojmlivo za demokratskiot zapad), pochnuvajci od Ljubcho, zavrshuvajci so Grujo, i stanaa neverovatni bogatashi, na koi spored bogatstvoto, Zaev moze voda da im nosi. Zatoa Zoki da se ne osvrnuva na ljubomornite i zlobni komentari, a ushte pomalku da podlegne na provokaciite na pastirot. Sega e momentot da se formira silen i efikasen*sdsm-ovski shtab*, nositel na site aktivnosti. Teshko na onoj komandir, direktor ili premier, ma kolku sposoben bil, ako toj se raboti, a site okolu nego dremat. Hitler e bil najmocen, no voedno i najslabata alka vo negoviot neverovatno sposoben shtab i da ne e toj bil, verovatno bi ja dobile 2.svetska vojna. Naravuchenie? Tim, uigran tim so timska igra, kako vchera Barsa ili denes Bajern.
од мене, 12.06.2013 15:00:04
На телевизија не изгледа како превеаните, арогaнтни и рутинирани политич��и калкуланти кои не се симнуваат од екраните.Токму така, кои ќе пукнат од надменост и сaмобендисаност, како што е оној С.Р.кој што ,,беспрекорно,, ја ,,управи социјалата,, па сега и образованието. За овој пропуст Груевски и за таквите како овој, сака, несака, ќе мора да го плати цехот, како што самиот вели,,ќе паднеме од самите себе,, и во тоа многуууу има право.
коприва, 12.06.2013 15:39:35
До Caki,mishko, deutschland. A бе платеници низаедни. Вие ли зборувате за јадење живи луге или за дивеење на протести??? Овие вашиве работодавци се шампиони во тоа. Погледајте само малку што изјавил и што денас прави Груевски. Тој одамна јади живи луге(Бошковски,Рамковски). Ако остане уште малку на власт и Македонија ке ја изеде.
Joco, 12.06.2013 18:12:29
Procitav nekolku od komentarite i zakluciv deka i komentatorite kako i pogolemiot broj na novinari vo RM se opredeleni i zatoa si dozvoluvam kako neopredelen da kazam deka politikata na SDSM vo posledno vreme e mnogu losa i opasna za narodot vo RM zatoa sto uporno se trudi da predizvika nekakov si vid na revolucija prvo sakajki da ja preslika arapskata prolet a sega i parkovata revolucija od Turcija. Za sreka narodot e toj koj procenuva koga se diga revolucija a ne na koj ke mu tekne samo za da dojde na vlast. A za cesnosta na site politicari nemam zborovi se koj se od poposten do poposten . Neka se zasramat site dosegasni politicari od SDSM a za ovie sega na vlast ke vidime ponatamu kako vladeele. Vo RM ne smee da se sluci da padne krv samo za nekoj da se dobere do foteljata .
Komentator, 12.06.2013 19:13:29
gospodine Caaro kan ..i pokraj serioznata na kolumnata na pocituvaniot gospodin Rizov ,,jas od srce se nasmejav ,,za ona ocerupana haska curka e redno bese ovoj naturaliziran Germanec da mu se najde mestoto ...Sekoja cest ..gospodine iako po nekogas i nie dvajca sme kako rogovi vo vreka ha...
До Наумче Србиновски, 13.06.2013 07:16:52
А,бе Наумче, Наумче, и ова не го бев чул, што велиш, Ерол го мразел Црвенковски!!!!! Аууу, ти фали уште да кажеш дека го сака Груевски па да се скинеме од смеење. Оди бе бегај таму....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Економски бум со кралското бебе
Среќните околности најчесто го поттикнуваат купувањето, така што се очекува сличен ефект и од доаѓањето на свет на подно...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |