Завршија забавните фудбалски школи во Гази Баба
Општина Гази Баба ги затвори забавните фудбалски школи со голема и отворена спортска забава на теренот во населеното место Гоце Делчев. На оваа манифестација, низ спортски игри, учејќи разни вештини пет дена се забавуваа над 200 деца на возраст од шест до дванаесет години. Целта беше да се насочат децата кон спортот и да ја развијат љубовта кон него. Во последната свечена завршна манифестација учесници беа сите деца кои биле дел од забавните фудбалски школи. (Сн.К.)
|