Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

„Водовод“ ги менува азбестно-цементните цевки

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја продолжи акцијата за замена на азбестно-цементните цевки. Од вкупно 80 километри цевки, годинава ќе бидат заменети 18 километри. Ова е двојно повеќе од лани, кога беа заменети цевки од мрежата во населбите Кисела Вода, Пржино и Ѓорче Петров. Претпријатието годинава за оваа намена издвои 100 милиони денари.

Од „Водовод и канализација“ велат дека моментално се работи во населбата Горно Лисиче. На улицата „Јужноморавски бригади“ се довршува мрежа во должина од околу три километри, а завршуваат и зафатите на улицата „Палмиро Тољати“. Овие зафати се последните што ги реализираат фирмите кои беа избрани на минатиот тендер.

Злате Икономов, директор на техничкиот сектор во „Водовод и канализација“, вели дека на новиот тендер пред десетина дена биле одбрани пет нови фирми, кои деновиве ќе почнат да работат на замена на азбесно-цементни цевки во сите десет општини во Скопје. Од претпријатието додаваат дека ќе се работи по малку во сите општини, а дел од проектите веќе се реализирани во населбите Средно Нерези и во Горно Лисиче и тоа на улицата „Горноврановска“. Менувани се цевки и во Чаир, на улиците „Вергино“, „Зеф Љуш Марку“, „Албанска бригада“ и околните улички. Извршена е замена на старите цевки и во делот на населбата Керамидница во општината Гази Баба, како и во општината Центар. (Сн.К.)






#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар

Од: tomo
Датум: 01.09.2009 11:27:58
Da be, gi raskopavte ulicite a posle toa ne gi sanirate. Ke vi podnesam smetka da mi platite za zglobovi, poluosovini i amortizeri na kolata.

Најди! во Утрински
Скопје
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Завршија забавните фудбалски школи во Гази Баба
Од сабота почнува полнење на системот
Кајак клубот ќе биде Кинески ѕид?