Од сабота почнува полнење на системот
АД „Топлификација“ од оваа сабота ќе започне со подигање на притисокот, а со тоа и со полнење на објектите со што инсталациите на корисниците ќе бидат ставени под работен притисок. Одговорните од претпријатието ги предупредуваат корисниците во тие денови да не преземаат никакви интервенции без одобрение од „Топлификација“.
Во спротивно, велат, можат да предизвикаат штети во своите домови за кои самите ќе бидат одговорни. Истовремено, инсталациите мора да бидат подготвени за приклучување за да не дојде до поплавување на просториите. Од „Топлификација“ бараат непречен пристап до подстаниците во станбените згради за да можат да обезбедат нивно напојување со електрична енергија. (Сн.К.)
|