Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Доцнењата на премиерот се заразни

Никола Димитровски, Скопје

Дека медиумите се под притисок веќе е познато. Се чини дека и самоцензурата кај новинарите, полека, но сигурно, се вовлекува како разултат на очигледните притисоци, заплашувања и закани. Заради тоа, за заштита на новинарите од власта, очекувам овие констатации да ги објавите како писмо од читател, кој укажува дека постојаните доцнења на прмеиерот Груевски стануваат заразни.

1. На средбата на Националниот совет за ЕУ со чешкиот премиер, потпретседателот на Владата, Боцевски, задоцнил 40 минути и се оправдувал дека бил зафатен со изборната кампања.

2. Во средата стечајните работници штрајкуваа пред Владата од утринските часови (навистина, премиерот го започнува работниот ден во 12 часот напладне) и бараа средба со Груевски или Ставрески. Средбата не се одржа со изговор дека тие биле зафатени поради изборните активности.

3. Возилата од јавните претпријатија се ставени на располагање на Изборниот штаб на партијата на власт (видете ги паркинзите на јавните претпријатија- празни).

4. Наголемо се врши вработување во јавните претпријатија во време на изборна кампања (независна комисија од граѓани нека направи увид во заводите за вработувања).

Платите што ги добиваат премиерот, министрите и државните службеници се од буџетот, од сите граѓани. Тие плати се за да ги работат доверените работи, а не за изборни активности. Предлагам да ги вратат платите од овие изборни денови. Дополнително да вратат во буџетот пари потрошени за ангажирање на службени возила и лица.


Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 17.03.2009 01:02:38
ke gi vratat stavrno navistinski moze na 30 februar zaedno so nivnite predhodnici SDSM , samo ti treba da gi molis nasive popovi a koi znae nee cudo kako sto odi rabotava i da go uvedat toj 30 februar.
Од: Кривата чешма
Датум: 17.03.2009 08:05:32
Од текстот гледам дека и авторот г-нот Димитровски боледува од болеста доцнење. Не знам тој од кого се заразил, ама од тоа што го пишува се гледа дека доцни барем 7 години. Одамна мина 2002 година кога Црвенковски го излага македонскиот народ. Веќе никој не ви верува.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 17.03.2009 18:15:54
Da go dopolnam prilogot na novinarot, na Mitingot na SDSM vo Kavadarci, kandidatot za Pretsedatel i celiot miting, zapocna vo 21 casot, a istiot bese zakazan za vo 20.00 casot.

Најди! во Утрински
Писма
Судиите даваат теми
Хулењето на „Еднооки“
Во спомен на Зоран Дограмаџиев