Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Во спомен на Зоран Дограмаџиев

Борjанка Серафимовиќ, Белград

Сите ми зборуваа дека патот кон Белград не е прооден, има многу снег, многу наноси, дека секако нема да стигнам до целта. Но, јас со моето семејство, сепак, тргнав по снежната голгота кон Белград. Бев полна со емоции, тага, болката тежеше врз мене како планина. Во текот на целото патување кое траеше долго, повеќе од 7 часа, во мислите му зборував на Зоран: е, мој Зоране, пеш по снегов ќе дојдев до Белград само да можев барем уште еднаш да те видам.

Младите генерации не го познаваат, но затоа оние повозрасните му се восхитуваат на професионалноста, талентот, шармот, боемштината... На неговото последно патување чест му направија и го испратија многумина пријатели, другари, познајници, како и големи врвни пера од просторите на бивша Југославија, од Каиро, Рим, Виена. Мене, како близок човек од семејството, секогаш ќе ми недостасува дружбата со Зоран, неговата човештина, убавите муабети, прекрасните денови со неговото семејство во Батајница, хуморот со кој умееше да насмее до солзи, бескрајно богатата и широка душа и топлината на неговото големо срце, каде што имаше место за многумина.


Статијата е прочитана 310 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Писма
Судиите даваат теми
Хулењето на „Еднооки“
Доцнењата на премиерот се заразни