Разладување на Матка

Освен во градските базени, колективно сончање, пливање и нуркање може да се забележи и на водите на реката Треска. Скопјани периодов со семејствата и со другарите се укотвија на Матка. Бегајќи од работните рутини и жешкиот асфалт, стотици луѓе од различни возрасти ѕиркаат кај дрвјата и камењата на Треска, се качуваат и скокаат од карпите, но и простираат черги и ладат нозе во студената вода. (Б.Ш.)
|