Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Британија ги укинува камерите на патиштата

ЛОНДОН - Над илјада камери поставени по патиштата на Англија и на Велс за ловење на несовесните возачи што возат опасно и пребрзо се укинуваат поради штедење и намалување на трошоците во работењето што го наложи британската влада за сите министерства.

Камерите и опремата во нив што реагира, снимајќи ја табличката на возилото тогаш кога ќе открие дека некој автомобил, автобус или камион ја пречекориле дозволената брзина на определени делници, влијаеја во дисциплинирањето на возачите, затоа што со секоја фотографија на виновникот, испратена на неговата домашна адреса, стигнуваше и сметката за висока казна што мора да се плати во рок од три дена.

Сообраќајни експерти сметаат дека отстранувањето или исклучувањето на толку многу камери за ловење на пречекорената брзина од страна на возачите е погрешен и избрзан чекор на новата влада, особено што позитивното британско искуство со овој вид камери веќе го имаат прифатено повеќе земји во Европа. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1197 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Фетус стар пет месеци фрлен во канализација во Гостивар
Вооружени разбојници ограбија менувачница во Скопје
Грк загина во сообраќајка
Му ставил нож на врат поради паркинг
Тракторист загина кај Скопје