Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Грк загина во сообраќајка

БИТОЛА - Грчки државјанин загина во сообраќајна несреќа на излезот од Битола, а уште двајца други се полесно повредени. Несреќата се случила вчера рано изутрината околу 2 часот на магистралниот пат Битола - Меџитлија на влезот од селото Кравари, кога „фијат пунто“ со грчки таблички, управувано од 67-годишниот Андреас Самалидис удрило во паркирано комби.

Според полицискиот извештај, Гркот, кој од Битола се движел кон граничниот премин Меџитлија, со предниот дел од возилото удрил во комбе „застава 616“ сопственост на жител на селото Кравари, кое било паркирано и токму во критичниот момент сакало да се вклучи во сообраќај. Од ударот Сомалидис се здобил со тешки телесни повреди. Починал за многу кусо време откако бил пренесен во битолската болница. Неговиот сопатник, исто така, грчки државјанин на возраст од 67 години, поминал со полесни повреди. Во сообраќајката лесно е повреден и пешак, 32-годишниот битолчанец З.Н., кој случајно се нашол на местото на несреќата. Што била причината за оваа несреќа, допрва ќе се утврдува. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1510 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Фетус стар пет месеци фрлен во канализација во Гостивар
Вооружени разбојници ограбија менувачница во Скопје
Британија ги укинува камерите на патиштата
Му ставил нож на врат поради паркинг
Тракторист загина кај Скопје