Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Државните службеници под голем политички притисок

Миркица Поповиќ



Македонските државни службеници имаат најмногу поплаки до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), веднаш по изборните периоди.

Во првите шест месеци од 2009 година забележани се 970 обраќања на членовите на ССМ до УПОЗ за правна помош и заштита, во 2008 година имало 935, додека, пак, во 2007 година непосредно по изборите во 2006 година имало 1.478 обраќања за помош.

Според генералниот секретар на УПОЗ, Пецо Грујоски, годинашните податоци што го опфаќаат и периодот по локалните и парламентарните избори се уште еден показател дека политичкиот притисок е еден од најголемите виновници за стрес на работното место во јавната администрација. „Изминативе две години карактеристично е што имаме исклучителни притисоци не само врз раководството на синдикатот, туку и врз обичните членови за да се откажат од синдикатот, за работодавците да можат полесно да ги остваруваат своите цели“, изјави Грујоски.

За политизацијата на јавната администрација нашата држава беше критикувана и во извештајот на Европската комисија за напредокот во 2008 година, потенцирајќи дека Агенцијата за државни службеници треба да ја засили својата улога во надзорот на процесот на вработување. Според вториот извештај на Македонскиот центар за европско образование, Агенцијата се' уште нема механизам за обезбедување законитост и регуларност на одлуките за вработување и промоција.

Најголемиот број обраќања се однесуваат на повреда на синдикалните права, како несогласување околу колективни договори, необезбедени соодветни технички услови за работа на синдикалната организација, дискриминаторски однос кон претседателот на синдикалната организација и обичните членови. Статистиките на УПОЗ велат дека во 2007 година имало 562 обраќања за оваа проблематика, додека во 2008 година - 256.

Големи проблеми се појавуваат и при отказ од лични и од деловни причини.

Според УПОЗ, ситуацијата со кршење на синдикалните права е загрижувачка во Царинската управа. „Најдрастично и најбезобразно се прекршени синдикалните права и слободи“, вели Грујоски. Тој најави дека ќе се поднесе кривична пријава против директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, штом ќе заврши постапката за собирање податоци и изјави од вработените во Царинската управа. За оваа постапка е известена и Светската синдикална организација, која го известила УПОЗ по писмен пат оти ќе реагира до македонската Влада. Засега нема коментари за овие најави.

Покрај заштитата на синдикалните права и заштитата од политички притисоци, УПОЗ материјално ги помага своите членови и преку солидарниот фонд, формиран во 2007 година.

Податоците на солидарниот фонд, исто така, укажуваат дека изборите влијаат негативно на државните службеници, преку бројот на оние кои по изборите најмногу одат на боледување на над 90, 100 и 120 дена. „Како синдикат не' загрижува фактот дека порано нашите членови бараа материјална помош за боледување до 50 дена, додека сега барањата се за повеќе од шест месеци“, вели Грујоски.

 


#
Статијата е прочитана 1042 пати.

Испрати коментар

Од: Bobi
Датум: 09.09.2009 23:43:17
Најголемиот виновник за партизираната администрација во овие 3 години е директорот на Агенцијата Гештакоски.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 07:18:17
Комични се ваквите прес конференции од време на време од страна на раководството на синдикатот на правосудството и здружение на граѓани,демек ќе го тужеле Каргов.Драги мои синдикалци никаде во светот синдикатот не се тужи,туку преговара или организира штрајкови.Знам дека сте свесни за својата немоќ да направите вакво нешто,туку правите пресови за да покажете некаква активност.Чудо не се јави преседателот на синдикатот кој кога организира протест неможе да собере 500 души.
Од: sneska
Датум: 10.09.2009 07:52:30
Agencijata za drzavni sluzbenici jas ne znam ni zosto postoi koga koga i da se prijavis po oglas taka prozirno se gleda koj e partiski vojnik koj ne cudo nekoe, a isto taka se gleda i koj e kandidatot (toj sto odnapred e izbran, a samoto polaganje na ispitot e farsa neviden, samo kolku odat od budgetot za plata i pridonesi bez veza za vrabotenite od ADS), ako na oglasot se prijavat pomalku kandidati e najsmesno, onoj sto treba da bide izbran noze ke iskrsat okolu nego namesto da pazat i cuvaat da ne se prepisuva ke pojdat i se ke mu kazat, da ne e tazno ke bide komedija.
Од: korco
Датум: 10.09.2009 08:18:09
Kako ne im e sram na drzavnite sluzbenici da se zalat. Pa tie se najpriviligiranata klasa vo MK. Samo sedat po tie kancelariite i nisto ne rabotat. Cekaat da dojde nekoja stranka koja ne si gi znae pravata i da mu ja oderat kozata. rabotaat samo po 4-5 saati na den
Од: kaktus
Датум: 10.09.2009 09:47:47
Тие кои до државна работа, која е високопривилегирана, добро платена и комотна, дошле со полтронство, ќе мораат да бидат полтрони за да ја задржат таа работа,и тоа поголеми од полтроните кои претендираат да им ја земат таа работа. Во тоа е логиката и дијалектиката на полтронството. Полтрон-како тоа гордо звучи!
Од: gjore
Датум: 10.09.2009 12:00:38
Поддршка на Снешка од погоре! Море не се мотаат околу избраниот кандидат пред да почне „тестирањето“, туку откако се` ќе заврши нему му пишуваат 5ка иако немаат врска резултатите. ОБСЕ пред некое време испратило „божем“ кандидати кои ги напишале сите точни одговори да види дали ќе поминат. Не поминале :-) Оваа прикаска врти низ цел град.
Од: zage
Датум: 10.09.2009 15:02:59
Да му појаснам на Ѓоре дека ОБСЕ не се занимава со такви работи.
Од: sonja
Датум: 10.09.2009 16:39:25
voopsto ne e tocno deka nisto ne se raboti vo drzavnata administracija, vo Plateznata agencija se raboti i drzavni i verski praznici i saboti i za toa nemame dopolnitelno prihod, prazni muabeti se pisuvaat

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Ангел Данов
Едиторијал
Тина Иванова
Европа - Балкан
Иван Торов
Мислења
Јошка Фишер

До крајот на месецов сонце па дожд
Македонците од Бугарија протестираат во Стразбур