Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Извештајот за Судски совет го поддржа само ВМРО-ДПМНЕ

Само владејачката ВМРО-ДПМНЕ завчера во Собранието го поддржа Годишниот извештај за работата на Судскиот совет. Овој документ наиде на жестоки критики не само од опозицијата туку и од владината ДУИ, но и од Демократскиот сојуз ( коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата „За подобра Македонија“). Така што, по жолчна дебата во доцните попладневни часови, Извештајот на РСС беше усвоен од Собранието со 43 гласа на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ, ЛДП, ДУИ и ДС воопшто не гласаа.

Претходно во расправата ДУИ побара Собранието да не го усвои извештајот, туку да утврди дека Советот е партизиран и не работи совесно. Интегративците остро го нападнаа претседателот на РСС, Бекир Исени, и побараа негова смена од челната позиција во Советот. Како што тврдеа, Исени „го партизирал судството,.

Како најеклатантен пример го посочија изборот на досегашниот директор на „Македонска пошта“, Садула Изаири, за судија во Тетово. „Лицето Изаири, кој како претставник на ДПА го бранеше грабежот на гласовите од последните избори пред ДИК, сега е судија.

Пратеникот од ДС, Павле Трајанов, исто така, смета дека Советот работи по партиски диктат и побара одговорност од Исени. „Предлогот врховните судии да одат во пензија на 70 години е опасен, неприфатлив и не личи таков предлог да дава претседателот на Судскиот совет“, смета Трајанов. (О.В.)



 


Статијата е прочитана 324 пати.

Испрати коментар

Од: Макрис
Датум: 05.09.2008 10:43:16
Браво Павле,еднаш и ти да бидиш реален.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Рен не споменува датум за преговори
Демаркацијата може да го забрза признавањето на Косово
НСДП бара собраниска седница за спорот со името

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.