Пратениците на НСДП поднесоа иницијатива до Собранието за одржување посебна седница на која ќе се расправа за тоа дали државните структури воопшто имаат некаква стратегија за решавање на спорот со името. Новите социјалдемократи сметаат дека е крајно време да се вклучи алармот кој треба да предупреди дека Македонија не смее да го одолжува решавањето на спорот со Грција, бидејќи тоа оди на штета на нашите преговарачки позиции.
Новите социјалдемократи упатија предупредувачка порака до државниот врв дека Македонија се наоѓа пред последен момент за градење стратегија за ова прашање со што би се отворила можноста за побрзо зачленување во НАТО и во ЕУ.
„Не се согласуваме со мислењето дека времето е наш сојузник. Напротив, сметаме дека тоа и' оди во прилог на Грција, која во однос на ова прашање може да чека неограничено долго, додека Македонија не може“, рече лидерот на НСДП Тито Петковски. „Премиерот Груевски изјави дека Македонија може да биде успешна и без НАТО и ЕУ и дека нема ништо да загуби доколку не стане нивна членка. На последната седница на Комисијата за надворешна политика, министерот за надворешни работи Милошоски јасно стави на знаење дека нема да има решение за името. Убедени сме дека граѓаните со право очекуваат да слушнат од премиерот како ја замислува Македонија без НАТО и ЕУ и каква иднина и' крои власта“, рече Петковски. (Св.У.)
Na Tito petkovski prdeshkite ne smeat da se stavat na dneven red. Chovekot raboti za tugi interesi. Makni se od tuka, gitlaa odi vo Grcija na odmor
Од: cista makedonka
Датум: 05.09.2008 11:25:38
tito ima razumna inicijativa pomagajte makedonci duri ne sme ja izgubile i ovaa makedonija i ova malo parce zemja oti ke bidime kulucari na grcite bugarite srbite ili albancite zavisno od koja strana ke padnime