Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Рен не споменува датум за преговори

Прогрес е направен, но не е доволен за да се пречкртаат сите осум услови, вели ЕУ

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска


Брисел - Европската унија се' уште не гледа во Македонија вистинска европска држава, па очекува од Владата и од сите други во државата да обезбедат соодветно функционирање на демократските институции, за да не се става и натаму под прашалник политичката стабилност на земјата.

„Сигурен сум дека правите добар прогрес и го поздравувам тоа што евроинтеграцијата е клучен приоритет на Владата. Сепак, со загриженост ги следев последните случувања. Исполнувањето на Копенхашките критериуми е основен услов за евроинтеграцијата, па затоа ја повикувам Владата да осигура соодветно функционирање на демократските институции и засилен политички дијалог“, порача еврокомесарот Оли Рен на прес-конференцијата по средбата со вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во Брисел.

Како на неопходност тој посочи на мерките што ќе осигураат дека следните избори во Македонија ќе бидат слободни и фер и дека ќе ги задоволат меѓународните стандарди, што не беше случај годинава. Еврокомесарот ни оддалеку не се обиде да ги навести шансите на Македонија до крајот на годинава да добие датум за преговори и единствено што им ветил на министрите е дека ќе се заложи за максимално објективен извештај во ноември во однос на остварувањето на осумте услови што ни се дадени и изборите како деветти.

„Има извесен прогрес во некои области, како на пример во судските реформи и околу Судскиот совет, кој функционира добро. Во однос на полициските реформи, беа именувани командири на полициските станици. Сепак, потребни се значителни натамошни напори за да можеме да ги прецртаме сите осум услови. Се надевам дека Владата ќе се зафати со преостанатите предизвици и ќе осигура стабилност, за земјата да оствари сериозен прогрес и следен чекор кон ЕУ“, оцени Рен.

Одговарајќи на новинарско прашање во кој од осумте услови на ЕУ Македонија покажува послаби резултати, Рен практично посочи неколку како суштински, од судските реформи, борбата против корупцијата, политичката стабилност и слободните и фер избори, како суштински нешта за создавање вистинско европско општество и европски начин на живеење во Македонија.

„Моето искуство на оваа функција ми покажа дека е потребен извесен степен на консензус околу евроинтеграцијата. Политичката стабилност се очекува од земја- кандидат за членство“, беше објаснувањето на Рен.

Според него, одговорност на сите кои сакаат да добиеме датум за преговори за членство е да се постигне таа стабилност, а Владата, парламентот и судството имаат посебна одговорност да обе��бедат системски услови за слободни и фер избори.

Ваквото инсистирање на Рен да ги врати настаните до изборите, двајцата министри го протолкуваа со реченицата дека Брисел само што се вратил од одмор, па многу од позитивните случувања во Македонија туку не се знаат. На интересирањето на Рен како се одвива политичкиот дијалог во Македонија, Милошески и Боцевски го спомнале како илустрација донесувањето на Законот за јазиците, за кој десет години претходно немало клима во земјата, а сега бил договорен и изгласан со огромно мнозинство и за два месеца.

Разногласието меѓу претседателот и премиерот, според нив, е нормално во демократијата и такво нешто нема само во Белорусија. Околу изборите Боцевски кажа дека е поведена судска постапка против 70 лица и дека за нив е побарана итна процедура.

И Милошоски и Боцевски не навлегуваа во процени каква ќе биде одлуката на Европскиот совет во декември за Македонија, иако изразија очекување дека оценката во извештајот ќе биде позитивна. Според Боцевски, Македонија остварила 75 отсто од барањата во осумте услови, а остварувањето на преостанатите 25 отсто е во тек. „Имаме силен партнер и консултант во ЕУ“, тврдеше тој, напомнувајќи дека ја добил ќерката кога Македонија доби кандидатски статус, па се надева дека кога ќе тргне на училиште ќе поминеме барем половина од преговорите со ЕУ“. На тоа Рен шеговито реплицираше со зборовите:„А, кога кај вас децата тргнуваат на училиште?“

Двајцата министри имаа средба и со еврокомесарот за правда, Жак Баро, кој оценил дека во истварувањето на условите за укинување на визите, Македонија отишла најдалеку во регионот. Според Боцевски, Македонија остварила и повеќе, односно ги остварила сите услови, па очекувањето во Владата е до крајот на годината ЕК да донесе политичка одлука за укинување на визниот режим и таа да се потврди од лидерите.

На средбата, иако најсуштинско и најургентно, Рен не го отвори спорот околу името со Грција, а не беше расположен ниту да одговара на тоа прашање, бидејќи ЕУ кажа што имаше да каже и сега епилогот ни го препушта нам и на Атина. Затоа, пак, Боцевски ја искористи приликата да каже дека Македонија е многу конструктивна и активна во преговорите, но дека за танго треба двајца, а Грција, наспроти приемот што го имаше Метју Нимиц во Скопје со највисоки претставници, не му дала можност ниту да дојде во Атина.

Без оглед на пораките од Брисел и атмосферата околу проширувањето во ЕУ, покрај спорот околу името кој никако да се реши, министрите известија дека во буџетот за идната година првпат ќе се издвојат средства за водење преговори со Европската унија.Треба само оптимизмот да го сподели и другата, европска страна, која очигледно не ги реактуализира изборите тукутака.



Статијата е прочитана 1469 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 05.09.2008 00:16:28
-Da,vie sigurno bi posakale datumot za pregovori da go dobiete so crvena pandelka zaviena vo bajadera bomboniera i direktno na liderot vo senka, itoa po diplomatska posta od brisel direktno so F-16 i na nego inicijalite na B.C. G-gjo Jovanovska vo diplomatskiot recnik postoi pravilo da sekoj novinar od vas kalibar ne e prirodno da se snajde,a kako takov uste pomalku da se koristi za poltronski celi.Vie toa perfektno go znaete no zosto se sluzite so vakvi primitivni i bombasticni naslovi najverojatno govori za vasite niski nameri.Razlikata pomegju dobriot i skoluvaniot zurnalist e mala,no za vas se nadevam nedostizna zasekogas,go doveduvate "utrinski "na niski granki so vasite statii(kukavicki jaca),sramota za profesijata.
Од: kris
Датум: 05.09.2008 00:36:03
strategija na EU da i pomogne na Grcija da ne mora da upotrebi VETO ! Ocekuvano od EU birokratite. Samo setete se kakvi se ne nedokvakani gluposti tresese Ren i porano!
Од: Mihajlov
Датум: 05.09.2008 01:28:49
Ne samo shto patot kon EU e mnogu dolg i trnovit, tuku i ekonomskata situacija e mnogu razocharuvachka. Vancho Mihajlov, posledniot lider na VMRO, koj se boreshe za Makedonija, Shvajcarija na Balkanot, vo negovoto posledno intervju vo Rim izjavi, deka Makedonija, bez Egejska Makedonija, nema potencijal da opstane kako drzhava, strateshkite sojuznici grcite i srbite si ja zavrshija rabotata.
Од: Gox
Датум: 05.09.2008 04:23:44
Безвизното патување станува реалност: Mакедонија предничи меѓу државите од регионот во процесот на визна либерализација, а во извештаите на ЕК не е рангирана како ризична земја, поради што може да очекува визна либерализација во 2009 година, најавија Оли Рен и Жак Баро...Македонија работи на визна либерализација, пред се со биометриските пасоши, функционален, национален визен систем, интегрирана гранична контрола и борбата со трговијата со луѓе, организираниот криминал и корупцијата. Македонските граѓани наскоро ќе можат да патуваат во ЕУ без визи" - посочи Рен во Брисел.Za tie sto ne citaat nisto dr. osven "Utrinski"..Bi ve zamolil da go objavite...
Од: Srce Makedonsko
Датум: 05.09.2008 08:08:34
Izgleda go boli 'Goko' Oli Ren ili bilo koj od Evropa za nas. Site gledaat dali imaat korist od bilo kakva akcija vo ime na Makedonija. Sveta Bogorodica neka nie na pomos na site Makedonci. Vremeto ke si pokaze se. Tie sto se na sila vo momentov i donesuvaat smesni odluki nema da se vecno tamu. Na zdravje Makedonijo kade i da si... Prokleta da e Avstralija....
Од: boro
Датум: 05.09.2008 08:23:08
vesta e tolku dobra sto ne najdovte poteska zabeleska za naslov od: Рен не споменува датум за преговори
Од: Flying
Датум: 05.09.2008 08:23:56
Da bese Sekerinska i Makraduli vednas ke dadeja vreme za pregovori, a narocito Buckovski so carobnoto stapce vednas ke im naredese..l Abe kako ne vie stram,
Од: kiki
Датум: 05.09.2008 10:35:25
Sto ke mi e bezvizen rezim koga i imam 250 evra plata.Ne se krivi Evropejcite.So ovie plati i penzii moze da se prezivee samo 7 dena na zapad.(Bosna ima 380 evra prosecna plata)
Од: Mile
Датум: 05.09.2008 10:35:58
Не се секирајте народе Македонски-па со оваа влада и со овие деца имаме време за во Европа,таман кога ќе порасни Мартин Протуѓер,Милошевски,Боцевски,Јанкуловска,И она децата што си играат министерчиња,па за едно 20-30години ќе ја биде работата.
Од: dimitar
Датум: 05.09.2008 10:50:57
Не сакам Македонија да стане членка не еурабија. Не ни треба. Ние сме МАКЕДОНЦИ, не треба да сакаме ништо антимакедонско.
Од: dedo dimo
Датум: 05.09.2008 10:55:00
Zalna Makedonija . Nie imame rabota so luge koj ne sakaat Makedonija da postoit toa e cela stvar ovie od Ebi ue se sita poludeni ,da e za kosovo ke nema prechka ., kako vo australija , pobrzu od Makedonija go priznaa ,oti taka mu naredi Ankal SEM i ENGLESKA . Na zalost ne sne mnogu losh narod no imame loshi komshii i zbog toa stradame.
Од: Turist
Датум: 05.09.2008 10:55:05
Супер вест! Ќе патуваме без визи,ама само од Табановце до Гевгелија.Ако сакаме во Европа - бугарско државјанство му е мајката.
Од: Dijana
Датум: 05.09.2008 11:38:18
Sekojpat ni se krivi grcite i koj znae uste kolku ke bidat vinovni.Ne sakam da se navrakam na Bucurest za NATO.Tamu jasno glasno kazava resetego imeto drugoto se e OK.Za zal bev razocarana za nasiot narod plakavme ne zalevme pari i treba da prodolzime.Gospoda od Vlasta zasto ne ja zavrsevte rabotata kako za NATO da kazat se ok ama imeto.Veruvajte deka nema da imase sega ova,tova uste eden kup problemi da.Mene ke mi bide milo ako se kaze sve e ok za vlez vo europe ama imeto za ponataka ke ostavam na vremeto a ako bese ok ke imase poveke investicii a ne na dnoto so Vele Samak.zamislete vasite pari sto gi imate da gi investirate so luge koj sto kradat,kade nema Policija,Sudstvo i partija koja ke dojde menuva sve.ve prasuvam koj ambasador e smenet vo makedonija pred istek na mandatot mislam na ambasadite vo skopje nieden,a kaj nas dojde na vlast odma se menuvat tova se neseriozni politicari.I za na kraj avtorot sto go pisuva e Dr.po medicinski nauki koj raboti i zivee vo Los Angele
Од: zabegan
Датум: 05.09.2008 12:13:22
more koj ne sakat vakvi kakvi sme no i na ovie taka nareceni politicari ne im odgovara ma kakov datum na ovoj narod mu treba ortoma da sise obeset.ili drenovici da udret po ovie zabeganive.
Од: Diplomat od RM
Датум: 05.09.2008 12:18:40
Bez sudski da se reshi problem se imeto, ke se bide vo izolcija. Ova izolacija ke trae se dodeka ne se dobije stav od sudot vo Hag za referencata BJRM
Од: Евроинтегративец
Датум: 05.09.2008 12:34:38
Па зарем некој во државава (од владеачкиот состав) бара „датум“?! Па, би рекол, и добар дел од народот е позадоволен од пропагандните пораки за добар живот, отколку од приближување кон Европа. За жалење!!
Од: Nikola - Germanija
Датум: 05.09.2008 13:29:26
Makedonija sama sebe si e precka na patot kon Evropa.Ajde dosta so toj Balkanski prostakluk, spored koe nadvoreshnite faktori se krivi za faktickata mizerija vo vashata Drzavicka.I bezvizniot rezhim nema da dojde tolku lesno kako sto mozam da citam,bidjeki Grcija nema da sedne so skrsteni race,oti ke treba da go priznava Makedonskiot pasos pri vlez vo GR.Drugo, pocituvajte gi prvo zakonite sto gi nosat vasite parlamentarci i sredite si ja ekonomijata kolku tolku, pa posle osekjate se kako pravi Evropejci.Kako Germanski danocen obvrznik imam licno problemi so predstava deka Balkancite so moite pari ke slavat od jutra do sutra bez da rabotat.Ne da ste daleku od Evropa; ednostalno taa e nedostizna za bas!So pocit
Од: euro zona
Датум: 05.09.2008 13:40:15
nie veke 19 godini ziveeme pod izolacija od eu!a za toa e kriva samo majka srbija!no i taa ne nadmina sea !vatra da gi izgori tie nacionalisti cetnici
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 05.09.2008 14:34:46
do Nikola-Germanija: I jas sum vo Germanija ama ne sum prodadena dusa kako tebe. Ke me raduva da i simnat vizi na Makedonija i da ja primat vo EU. Napisi se i so prezime da znam koj si

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Демаркацијата може да го забрза признавањето на Косово
Извештајот за Судски совет го поддржа само ВМРО-ДПМНЕ
НСДП бара собраниска седница за спорот со името

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.