|
|
|
|
|
|
СДСМ: Семејството Груевски имало шест стана
Премиерот Никола Груевски вчера доби ново обвинување од социјадемократите. Портпаролот на Изборниот штаб на СДСМ, Гордан Георгиев, излезе со тврдења дека семејство Груевски во периодот од 2000 до 2002 година поседувало не четири стана, туку шест со што премиерот покажал дека „пет години дрско ја лаже јавноста дека е чесен и дека не ја злоупотребува власта за личен профит“.
Според Георгиев, двата стана се наоѓале на улицата „Владимир Комаров“ со површина од 124 квадрати, потоа семејството Груевски имало два стана на „Бихаќска“ со вкупна површина од 143 квадрати, еден е на „Васил Ѓоргов“ од 86 м2 и еден стан од 57,29 квадрати е на непозната адреса, а сите се со големина од 410 квадрати.
Забележувајќи дека целата прикаска со становите на семејството Груевски не завршува тука, Георгиев информираше дека завчера со анонимно писмо, потпишано од разочаран член на ДПМНЕ, добиле уште една информација за имотната состојба на семејство на премиерот. „Во писмото се наведува дека во зграда на Водно, под „Панорама“, како сопственик на недвижен имот се јавува Ѓорги Груевски, брат на премиер��т во заминување. Јавноста го запозна братот на премиерот кога Владата отвори нов факултет за дизајн и мебел за Ѓорги Груевски да стане продекан за финансии. Скандалот да биде уште поголем, братот на Груевски го поседува имотот во елитната населба во објект што го градела градежна фирма блиска до бизнис-миленичето на фамилијата, Орце Камчев“, изјави Георгиев.
Нецел час по прес-конференцијата на „Бихаќска“, се огласи и ВМРО-ДПМНЕ: „Ова е 180 пат како СДСМ зборат за истото. Мислат дека граѓаните ќе им поверуваат. Ова е класично дезинформирање на јавноста на само неколку дена пред изборите. Не можевме ништо друго да очекуваме во оваа гнасна кампања што ја води СДСМ и нивниот коалиционен партнер А1. Целата нивна кампања се базира врз брутални местенки и лаги“, возврати Зоран Петревски. (Б.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 1810 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Коле |
Датум: 01.06.2011 00:20:22 |
|
Јаз‘к да му е! А овде се прикажува демек е чесен. А тоа ти бил еден обичен демагог. И уште има сурат да бара уште еден мандат. Но ова мора до крај да се расчисти |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 01.06.2011 00:55:45 |
|
Povtorno toa bile lagi??? Dokazeyte deka ne e taka, dokazete deka onoj stan vo Praga na ime na majkata na Grujo ne e nejzin. Dokazi a ne samo prazni presovi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Sokolovski Ratko |
Датум: 01.06.2011 02:04:28 |
|
E neli imalo 4 ama aj na 4 dena pred izbori moze se da se kaze i izlaze pa i toa deka komercijalna laze i deka ne im dala na sdsm na poklon pari tuku im ja stavile pod hipoteka partijata.AKO MOZETE VO OPOZICIJA DA JA STAVATE POD HIPOTEKA PARTIJATA, NA VLAST DA STE STO KE STAVITE POD HIPOTEKA ZA NAREDNITE IZBORI-DRZAVATA LI ?!?!?!?!?!?!? |
|
|
|
|
|
|
Од: nikolce nz |
Датум: 01.06.2011 03:59:42 |
|
U Cara Trojana Kozje Usi ! Site sme kriminalci poentata e da ne ni dokazat . |
|
|
|
|
|
|
Од: Raspucin |
Датум: 01.06.2011 05:22:24 |
|
Abe site tie imaat mnogu stanovi os SDSM VMRO i ke imaat skogas,mene kako covek poveke me interesira koj poveke ostava vo narodot preku rabota i isto taka koj planira da ja degradira drzavata za samo nekakvo clenstvo vo EU ili NATO,koj kako sto gledame sekoj den ne se znae kako ke opstanat pa moze i ke se samoraspustat narocito EU.P reku proekri kako Skopje 2014 se dava rabota na lugeto i toa mi se dopaga i toa e toa sto ja pravi mojata odluka a ne sto tie vikaat pred izbori. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ѓоко |
Датум: 01.06.2011 08:13:58 |
|
Седум стана - 7. Јас, со полна свест и совест МУ ПОДАРУВАМ еден од моите станови. Името и e-mailot познати на УВ. Ги повикува сите кои имаат вишок станови... А, бе СДСМ, ова ли е нивото, да ме навредувате на најнизок можен начин, гледам има по некој кој (, ако не е по задача, што е разбирливо) бара Груевски (јас, ти, било кој) да ДОКАЖЕ дека нема 150 стана. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 01.06.2011 08:40:25 |
|
Завесата е крената.Но вистината ке излезе на 5 јуни.Засега се е под маски.Новата власт ако сака да остане на власт мора да се фати за работа уште првите денови кога ке ја добијат власта.Не треба да остават некој да побегне од државата додека не се разгледа вистинската фискална сметка. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 01.06.2011 11:12:48 |
|
Ова би било во стилот,еден усреќен СДСМ-овец анонимно достави да бихаќкиот лидер има вила на Марјан,3 апартмани во Задар,1 во Дубровник,2 стана на Кнез Михајлова во вкупна површина од 250м2.И сега ајде џапање од коментаториве тука,едни викаат ,,виде,абе го знам човеков секогаш го крие имотот,,други во негова одбрана ,,уа,лаже власта,сака да го покрие сопствениот криминал,,.и така надолго и нашироко налепување на нештата,како муви на онаа леплива трака што виси од плафон. |
|
|
|
|
|
|
Од: Toso |
Датум: 01.06.2011 11:35:29 |
|
Затоа грујо плеска пари по реклами и ТВ куќи! За да си ги покрива матните бизниси и да си ‘купува‘ станови. А ова што го велат СДСм веднаш граѓаните го проверија и се уверија. Од страницата за електронски пристап до информации на катастар, тврдењата на СДСМ се точни. Само не ми е јасно како за три години стаж колку што имал, успеал да си ‘заштеди‘ за 6 стана? |
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 01.06.2011 15:34:03 |
|
Еј Феликс, а кога ВМРО ќе побара Б.Ц да докажел дека нема непријавен имот тогаш си ќутиш ко утка, ама сега кога ти го чепнаа омилениот премиер, се пениш да докажеш дека прашањето поставено од СДСМ било неумесно. Ѓоко убаво што нудиш „еден од твоите станови“, се надевам дека легално си ги спечалил. Еднинствено што не ми е јасно зошто ваквите обвинувања (и од ВМРО и од СДСМ) не се процесуираат низ институциите на системот, туку остануваат само како прикаски кои се презентираат на прес конференции за време на избори. Јас како граѓанин на државава, се надевам дека сите што некогаш ја оштетиле финансиски ќе одговараат кривично за тоа - без разлика дали истите се викаат Никола или Бранко. И порака до ВМРО-вците: ако сакате да го испратите Б.Ц (ко што зборите во кампањата), тоа ќе го направите ако соберете докази за извршени криминални дела па со истите ќе отидете на суд каде што вината ќе биде докажана. Во спротивно џабе везете. А истово важи и за СДСМ-овците кога станува збор за Груевски. |
|
|
|
|
|
|
Од: петар велики |
Датум: 01.06.2011 15:34:20 |
|
голема галама и гл��пост од сите страни... не е битно кој колку има, туку дали пријавил . Е сега дали и имот на брат е исто како имот на сопруга, не верувам, брат за брат сирење за пари. Петрески пријавил на негово име 8 стана, а се зборува дека има неколку стотини станови во Охрид но кој се водат на блиски роднини и пријатели. Можеби и поради тоа сдсм во програмата зацрта да не се плака данок на недвижност до 50.000 Евра.. |
|
|
|
|
|
|
| Поглед | | |
|
| МЕРИДИЈАНИ | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|