Членките на Комисијата за родова еднаквост во општина Ѓорче Петров ја претставуваа Македонија на интернационалната „Тортијада“ во Јагодина, Србија. Ѓорчепетровки со три торти, нивна креација, беа дел од 76 претставнички од сите балкански земји. Тортите беа продадени, а средствата се наменети за хуманитарни цели. (С.Н.)