Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Недисциплината во зонското паркирање се казнува со „лисици“

Ако и по еден час од блокадата граѓанинот не ја плати казната, ќе реагира „пајакот“, кој чини плус 2.000 денари

Деспина Трајковска

Возилата кои не ги почитуваат правилата на зонското паркирање ќе бидат блокирани со „лисици“. ЈП „Градски паркинг“ од вчера почна со оваа мерка со цел да оствари поефикасна наплата на казните за недисциплинираните корисници на паркиралиштата на кои важи зонскиот систем на наплата.

Панче Стојановски, директор на „Градски паркинг“, објаснува дека досега наплатата на пеналите не се покажала како ефикасна, бидејќи граѓаните не ги плаќале веднаш казните, па од претпријатието биле принудени да поведуваат судски постапки кои често траат и по неколку месеци. Сега со механизмот на „лисици“ ќе се гарантирало намирувањето на обврските за користење паркинг-простор.

„Доколку по еден час од блокирањето на возилото сопственикот не плати за паркирањето, ќе реагира Пајак-службата и возилото ќе се однесе во депо. Нормално дека секој веднаш ќе ги плати потребните трошоци да му биде вратена за колата. Оваа мерка е докажана како ефикасна во многу земји и затоа сме убедени дека ќе функционира и кај нас. Инаку ‘лисиците‘ нема да ги наплаќаме дополнително. Всушност, тие ќе се компензираат со наплатата на казната“, вели Стојановски.

„Лисици“ ќе се закачуваат на секое возило чиј сопственик не платил за користеното зонско паркирање, го пречекорил дозволеното време за паркирање или, пак, се паркирал на несоодветно место, на пример, на местата резервирани за инвалиди. Освен со „лисици“ на предното тркало на возилото од страната на возачот, недисциплинираните граѓани за казната ќе бидат информирани и со налепница на шофершајбната.

Од ЈП „Градски паркинг“ посочуваат дека доколку и по еден час од блокадата на возилото граѓанинот не ја намири казната, „пајак“ ќе го однесе возилото во депото на претпријатието. Со тоа, автоматски, освен казната за непочитување на правилата за зонско паркирање, која изнесува 1.300 денари доколку не е платено за паркирање, или е пречекорено дозволеното време, а 3.000 денари ако колата е паркирана на несоодветно место, нејзиниот сопственик ќе треба да плати и дополнителни 2.000 денари за „пајакот“.

Засега, „Градски паркинг“ располага со 50 механизми на „лисици“, а наскоро планира да набави уште толку. „Лисиците“ ќе се користат исклучиво на паркиралиштата каде што важи зонскиот систем на наплата, бидејќи на обичните паркинзи плаќањето се регулира со наплатна рампа.


#
Статијата е прочитана 884 пати.

Испрати коментар

Од: скопјанец
Датум: 21.04.2010 07:55:22
Нека се сети еден кој зема плата и да ги отстрани паркираните канти за смет од коловозните ленти кои мсе наменети за сообраќај а за што, никој не е казнет. Единсвено се казнуваат возачите ако паркираат до кантите за смет. Логика до коска. Будалаштина без крај. Но тоа е така затоа што е идеата е извадена од малиот мозок.
Од: Stojan
Датум: 21.04.2010 09:03:10
Budalaštini i ništo poveće od gradskite vlasti koi sakaat da izmislat topla voda.Pa čim se stavaat lisici na trkalata što ima rabota posle toa pajakot da ja nosi kolata?Nikade ne se nosi tuku se plaća kazna i toa bez pardon,ama ako imaš pari a ako nemaš togaš se pišuva beleška pa ako neja platiš na vreme toa odi po brza postapka na sud i se e posle lesno okolu naplatata,izvršitelite si ja vršat svojata rabota.Ovie se nenormalni so ovakvi odluki,sega nema vizi pa neka prošetaat malku po EU kako se primenuva toa ,samo so kazna na brisačot a ne so nalepnica i pajak.
Од: aleksandar
Датум: 21.04.2010 09:11:36
nevideni reketari,ucenuvaci

Најди! во Утрински
Скопје
Учество на „Тортијада“ во Јагодина
Зонско само на тротоарите
ЈСП ќе воведе автобуска линија Скопје - „Александар Велики“