Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

ЈСП ќе воведе автобуска линија Скопје - „Александар Велики“

Се разгледуваат две опции, сопствена редовна линија со утврден возен ред или заедно со ТАВ

ЈСП „Скопје“ до лето ќе воведе автобуска линија до аеродромот „Александар Велики“, изјавуваат од претпријатието. Советот на Скопје на последната седница го задолжи своето претпријатие да ги разгледа сите можности и да најде начин на сите патници да им обезбеди соодветен превоз. Засега се разгледуваат две опции, а која ќе се избере зависи од исходот на состанокот меѓу претставниците на турскиот концесионер ТАВ и на ЈСП.

Како што не' информирапе директорот на ЈСП, Мишо Николов, автобуската линија до аеродромот може да биде редовна или повремена. Доколку е редовна ќе сообраќа со утврден возен ред на релацијата Скопје - аеродром, преку селата Петровец и ‘Ржаничино, бидејќи ЈСП не смее да вози по автопат. Доколку, пак, ТАВ покаже заинтересираност за превоз на патници до аеродромот, тогаш со јавното претпријатие дополнително ќе ги утврдат термините за поаѓање на автобусите. Веројатно локација за тргнување на патниците кон аеродромот „Александар Велики“ ќе бидат поголемите хотели во градот „Александар палас“, „Холидеј ин“ и „Континентал“.

„Засега има две опции, а ЈСП со мала организација може да се приспособи да ги организира и двете. Се' зависи од ТАВ, од тоа дали ќе сака превоз на патници до аеродромот и, секако, дали ќе сака да работи со ЈСП или со друг превозник. Доколку, пак, се избере опцијата да се воведе редовна линија преку селата до аеродромот, ЈСП поседува соодветни автобуси за сместување на патници со багаж. Проблематично ќе биде само времето на патување, што можеби ќе трае и повеќе од 45 минути“, вели Николов.

Тој објаснува дека за сите новини во врска со линијата кон аеродромот ќе го информира и Советот на Скопје на една од наредните седници. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1270 пати.

Испрати коментар

Од: Prasloven
Датум: 21.04.2010 00:34:01
Bas gi zamisluvaat licata na strancite vo avtobusite na JSP kako se klackaat po nasite sela,na patista prepolni so dupki...Moze i obikolka na Bunardzik za da vidat kako napreduva nasata ekonomija. Monti Pajton.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 21.04.2010 08:17:43
Do kolku se realizirase mojot grdadeze proek vo Opstinata Aerodrom ,a toa da povtoram postavuvanje na avionaot na MAT kako renomiran -svetski restorant so site uslozni dejnosti koj gi imam dostaveno na nekolku nacini i toa pod mototo ili imeto ALEKSANDAR MAKEDONSKI i donego vednas prooraten hotel isto taka vo golemi i renomirani svetski razmeri ,kako i procueni F-1 FILIP MAKEDONSKI site ovie patnici ke se prevozuvaa so LUKSUZNI LIMOZINI ,kako od HOLIVUDSKITE FILMOVI ,a isto taka i so AVTOBUSI ,kade na raspolaganje nje gi imate site vidovi poznati alhoholni i bez alhoholni pijaloci so procueni zakuski ,so eden zbor se na edno mesto za razvoj na GEOGRAFSKIOT TURIZAM VO RM .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA.
Од: mkd
Датум: 21.04.2010 08:55:06
Mozat da gi iskoristat i Dvospratnite. Za panoramsko razgleduvanje na nasite sela
Од: Citatel
Датум: 21.04.2010 09:13:17
Sekade vo svetot Aerodromite se povrzani so avtobusi ili tramvai direktno so medjunardona avtobuska/zeleznicka stanica.. Najgolema glupost e da ne se vozi po avtopat tuku po selata i dupkite na sporednite patista..!!!
Од: Petar
Датум: 21.04.2010 11:19:33
Fala bogu koga im tekna.Od site aerodromi kaj sto sum bil,samo na skopskiot nema organiziran prevoz do gradot i zatoa dosega letav do Belgrad,posto ne sakam da se raspravam so taksistite na aerodrom.aj bas ke vidime kako ke funkcionira,ako go vovedat toj avtobus :)))
Од: gjuro salaj
Датум: 21.04.2010 13:03:02
Ah be orce orce... Me izraduva utrovo...
Од: nekoj
Датум: 21.04.2010 13:03:46
Oh really?? jas pak mislev deka ke go prodolzite metroto do aerodrom, zasto postoeckie avtobuski i zleznicki vrski ne se dovolni za turistite koi doagaat da ja vidat metropolata Skopje :D zaedno so Aleksandar the Ga... pardon the Great, na kogo mu gi zkrativte pravata sto ne go izglasavte zakonot za homosekcualci :D
Од: До: Od Orce Sazdov dilomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje,RM.
Датум: 21.04.2010 14:17:21
Их,бре професоре, Браоссс... Се гле`а дека оваа Блада само тебе те слуша! Слушам, вовеле автобуска линија за многубројните туристи и до Александар Македонски (другар ти),ама оној мону-Менталниот ш`о ќе виси на Центар на Плоштадот на СвеЦката ГеограВска точка Македонија! Сè за razvoj na GEOGRAFSKIOT TURIZAM VO RM. POZZ do ORCETA MAKEDONSKI I (osobeno do)VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA i Svetot!

Најди! во Утрински
Скопје
Недисциплината во зонското паркирање се казнува со „лисици“
Учество на „Тортијада“ во Јагодина
Зонско само на тротоарите