Швајцарскиот европратеник Адреас Грос деновиве ја шокираше јавноста со своите тврдења дека македонскиот претседател Борис Трајковски е жртва на убиство.Ваквите сериозни обвинува фрлаат сосема друга светлина на големата трагедија што се случи на 26 февруари 2004 година во Мостар.Но, и нова надеж кај семејствата на деветтемина загинати.
И наместо да дојде во Македонија со готов извештај и да достави нови докази од истрагата,тој одлучи двапати да ја презентира „вистината“ на невообичаен начин. Еднаш од говорницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа кога му реплицираше на својот полски колега, кој се обидел да направи паралела со авионската несреќа на Лех Качињски. Вториот пат, во интервју на нашиот дописник за Стразбур. Швајцарецот се обидува да биде докрај енигматичен, па вели одговорите за смртта на претседателот Трајковски требало да се бараат на Запад, а не на Исток. Крајно нејасно е што подразбира под оваа географска одредница што ја нуди наместо доказ? Западно од Македонија, од Швајцарија, или можеби од Кина? Зошто се чувствува небезбеден и кој му се заканува.
Две и пол години по неговото последно доаѓање во Македонија,обвинителотЉупчо Шврговски се' уште ги чека резултатите од истрагата на Грос.Тие му се потребни за да ја отвори повторно истрагата. Таа засега е ставена ад-акта и се води како несреќен случај предизвикан од човечки фактор. Преслушувањето на црната кутија покажала дека еден од пилотите решил да не ги послуша директивите од француските контролори од командата на летање во Босна и Херцеговина.
Мандатот на Андреас Грос му завршува на први јуни.Ако не достави докази за една ваква суптилна работа и ја сфатил само како тезга, заслужува да биде гонет за нанесување душевна болка.
Ќе ми простите госпоѓо Дувњак, меѓутоа која сте Вие, па со таква жестина да ги оценувате потезите на господинот Грос?! Човекот со години е сериозен политичар, почитуван во европската заедница. Токму онаа, кон која Македонија (барем декларативно) се стреми. Со ваквиот памфлетарен натпис само покажувате колку македонските новинари неможат да се мерат со оние од западна Европа. Како може да напишете: "И наместо да дојде во Македонија со готов извештај и да достави нови докази од истрагата,тој одлучи двапати да ја презентира „вистината“ на невообичаен начин."
Имате ли вие некакви кавлификации како учество во некоја симиларна истрага, па со тоа го поткрепувате Вашето мислење, како еден професионалец треба да настапи...и Ве молам КАДЕ ДА ЈА ДАДЕ ИЗЈАВАТА! Па човекот е член, ангажиран од СЕ, таму и ги дава своите изјави. Преиспитајте се госпоѓо, и проверете ги фактите, пред да напишете - без никакви аргументи - навреди кон една личност која со својот интегритет далеку Ве надминува!
Од: Stole
Датум: 05.05.2010 09:02:39
Еми како така? Ако му завршува мандатот значи нема да биде релевантен појќе да збори на оваа тема. Се прашувам само што ќе прават тогаш нашиве сезнајковци кои коментираат написи на оваа тема. Значи поентата ми е, господинот Грос или да излезе со докази и истрагата да продожи се до докажување на виновниците, или пак да одговара за шарлатанство. Сепак господинот Трајковски беше добар претседател на Македонија а вистината ја заслужуваат како неговото така и семејствата на неговите соработници кои загинаат заедно со него. Греота и срам е за една држава постхумно да се шпекулира на една вака чувствителна тема и истата да се злоупотребува за дневно-политички потреби. Јас сум за вистината макар тоа нзачи и одговорност за тој што лаже и подгрева невистини.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.05.2010 09:24:39
Има многу контраверзи во целиот случај кој барем досега никој не се потруди да ги објасни.Зошто на КФОР или како веќе се викаат интернационалните сили им требаше 24 часа да го откријат местото на падот на авионот.Авионот не падна во непристапна џунгла туку на гол камењар,плус забрана на пристап на околното население да даде неква помош,ова нее авто несреќа па ќе се уништи трафгот на кочење.И каде се контролорите на летот,мистериозно исчезнаа пред некој да им зема изјава.Се на се неодговорени суштински дилеми.
Од: Јован АН
Датум: 05.05.2010 12:31:30
Нејасно е од текстот зошто авторката го критикува господинот Грос.Да ли таа знае нешто повеќе па се изјаснува дека тој си прави реклама?Чудно е што н а ш и луѓе (новинари и политичари) се јавуваат да му контрираат на сомневањата на еден господин кој има доблест да се занимава со една сомнителна авионска несреќа.Како некој да сака да се заборави оваа трагедија.