Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Грчки поуки за дијалогот

И политичарите во Атина се караат, но нивото е софистицирано

Димитар Чулев

Отсуство на политички примитивизам.

Ова е впечатокот на секој оној што во изминативе два-три драматични месеци ја следел (или едноставно читал) за колапсот на грчката економија, што предизвика хаос на улиците на грчките градови, судир со Европа и менување на комплетниот стил на живот во земјата што се гордее со континуитет од антиката и европската „членска карта“.

Во илјадниците информации и детали за „црната“ иднина на Грција, која, соочена со финансискиот колапс, мора да се соочи со европска милостина, со наметнат тројански коњ во форма на интервенцијата на Меѓународниот монетарен фонд и со внатрешни скусувања, кои го проблематизираат нормалното живеење на европските Грци, отсуствуваат информации за внатрешен судир на политичките елити и отсуство на дијалог.

Простата перцепција на оние што однадвор ги следат тепачките на улиците на Атина и потезите на Јоргос Папандреу, кој не испушта можност да покаже дека тој (и земјата што ја претставува имаат ’рбет и кога „ѓаволот ја однесе работата“) е дека во Грција се случува уште еден „консензус“, дека не Атина, туку меѓународната заедница е виновна за колапсот. Нема вести и информации за предавници, за бивши, за Хунзи и за ЕУ-скептичари. Еден актуелен министер дури ја обвини Германија за кражба на грчките национални резерви за време на германската окупација на Грција. На Пангалос, кој пред 15-ина години ја нарече Германија „диносаурус со пилешки мозок“, му одбија на глупост.

„Имате идилична претстава. Во Грција секојдневно се критикуваат власта и опозицијата за актуелната ситуација“, вели Никос Франгопулос, долгогодишен дописник на агенцијата АНА од Скопје и човек што има чувство за овдешните, но и за грчките услови.

Папандреу, според Франгопулос, цели шест месеци ја обвинува владата на претходникот, Костас Караманлис, за сегашната ситуација. Од друга страна, актуелниот шеф на (до октомври владејачката) Нова демократија, Андонис Самарас, се извини за грешките во владеењето на неговата партија (невидени финансиски скандали), но го обвинува Папандреу дека не ги избрал вистинските потези за справување во криза – кога веќе имал храброст да ја преземе владината палка од Караманлис.

Колегата Франгопулос посочува дека има „финеси во вокабуларот, кои овде (се мисли на Македонија) се' уште недостигаат“.

Во Грција никој не го доведува под прашање легитимитетот на актуелната влада, како што актуелната гарнитура на власт, свесна за тежината на товарот што го презема, не „се вади“ исклучиво на грешки на претходниците. Вчера Папандреу најави операција „чисти раце“ за виновниците што финансиски „ја заклаа“ грчката економија, но претпоставуваме, нивото на политичкиот дијалог нема да се помати, а никој нема да се вмеша во работата на независното судство.

Дијамантис Такис, новинар, кој во почетокот на 1990-тите дојде како дописник на „Елефтеротипија“, во една пригода на авторот на овој текст му објасни дека грчките национални прашања (особено скопското) нема никогаш да бидат причина за паѓање на власта во Грција. Во контекст на ова, разбирливо е како за сите проблеми на Грција постојано тежиштетото на проблемот се поместува кон надворешниот фактор, кој никогаш нема разбирање за грчките национални „линии“. И да се соочи со внатрешните виновници, Атина остава простор дека ЕУ во „деликатни моменти“ не демонстрира солидарност кон една од најстарите членки. Медиумите, покажуваат претерана национална „свест“. „Четири години ќе ни ја цицаат крвта“ , „Глад и мизерија“, „Грците четири години без здив“ - пишуваа колегите од атинските медиуми.

Она што би требало да биде грчка поука е дека внатрешните работи се решаваат дома. Во Македонија нивото на политичка комуникација останува на нивото на политички примитивизам, кој се темели врз две аксиоми: дека за сите проблеми сега виновна е сегашната власт, односно дека за сите долгорочни проблеми се креација на сегашната власт - или, пак, за сегашните проблеми нема никаква вина оној што сега владее, туку дека виновниците треба да се бараат дури и 15 години назад во историјата. Лош пристап и лоша демонстрација на немање смисла за државност каде што енергијата не се користи за постигнување национален консензус како да се надминат старите и актуелните проблеми, туку со соопштенија и писма кон странските претставништва тие се сфаќаат како бироа „за поплаки“ каде што се депонираат „жалби“ за сопствената држава.

Една колешка деновиве ќе рече дека степенот на демократија во Македонија е на ниво на идеолошки поделената Украина. Колегата Небојша Јаконов во стотици текстови пред да почине укажуваше на „јајарската свест“ на политичките елити и на непрофесионализмот на новинарската фела.

Наместо заклучок: дали некој во САД се занимава со грешките на Бушовата администрација во Авганистан и Ирак. Не, од Обама не се очекува да критикува што се правело порано, туку да дејствува и да донесува сериозни одлуки. Искуствата од странство велат дека е време во Македонија да се научи модерниот вокабулар и политичкиот бон-тон.


#
Статијата е прочитана 3536 пати.

Испрати коментар

Од: George
Датум: 05.05.2010 00:12:16
Често го читам весников и би можел да речам дека ова е прва статија што јас сум ја прочитал во вашиот весник во последниве неколку месеци, а за која би можело да се рече дека е реална. Дали ова значи дека нешто се менува или новинарот се обидува тоа што го пишува да го поткрепи со сопствен пример? Ако вака продолжите и ако и другите медиуми ве следат (значи реално, без примање мито, без подлегнување на притисоци (од газди, политичари, итн.), со бранење на интересите на Македонија, итн.) би рекол дека има иднина и за Македонија и за новинарството. Во спротивно ова ќе биде како прва ластовичка и ќе ве чека следната година на 3 мај пак да се жалите во врска со слободата на новинрството. Слободата господо новинари сами треба да ја создадете!
Од: pandora
Датум: 05.05.2010 00:15:49
Tazzno e koga makedonskite novinari mislat deka imaat kakov bilo kredibilitet nekomu da drzzat lekcii i deka posle site proccitani manipulacii vekje nekoj voopssto im veruva.
Од: Blue fighter: Koj go toa napravi kaj nas ?
Датум: 05.05.2010 00:33:57
Voveduvanjeto na pizmata kako edinstveno sredstvo koe go zadovoluva egoto na vlastrodrzecot na smetka na podelbata na narodot so frlanje otrov za protivnikot za" igri" na tolpata, e najprepoznatlivo za vreme na vladeenje na vmrovcite.Formirat instituti,NVO-a,plakjaat milionski sumi na nedovetni novinari za da im ja odrabotuvaat propagandnata vojna so crnenje na protivnicite vo nivna polza ,a nema kraj na inventivnosta (sto veke signalizira na nekoi drugi vidovi zdravstveni problemi shto gi imaat naracatelite za unistuvanje na se sto ne e kako niv) od koja ne mozes da legnes,a vekje si osamnal so nov "izum".Zaludno e da se pravat paraleli so koi bilo vo EU i posiroko,pa i so sosedite i Grcija kako primer.Ako narodot e tamu poagresiven i so dobro etablirani sindikalni prava,tuka nema rezon da se bara smislata na kulturnoto i voobicaeno za politicarite sekade,odnesuvanje.Se isturi siot primitivizam i domasno nevospituvanje sto sekojdnevno Bicikliski i mladite vmrovski "petli" go isturaat
Од: Makedonec vo EU
Датум: 05.05.2010 00:55:56
Dijalog ima vo site zemji, samo retki se onie vo koi mediumite na vlasta (i samata vlast) se opsednati so fobija od opozicijata. Vecer povekje pisuva za SDSM otkolku za DPMNE. Isto e i so port-parolot na DPMNE i site ostanati Milenkoidni luzeri sobrani okolu premierceto. Ne sum psihijatar da postavam dijagnoza, ama jasno e deka nesto ne e vo red....
Од: dedodimo
Датум: 05.05.2010 03:25:01
Novinarot od Atina dobro kazuvat,deka krvicata kaj nas ne e od Gruevski tuku unazat za edno 15 godini a i poveke .Prifakane da se zboruva za imeto beshe kobno shto nema izlez ,i eve posle tolku godini se vrtime vo krug i ne znajme koj pat da se fati ,na zalost greshkata e golema i izlaz nema .Se pokazavme pred mnogu zemji kako ne dorasnasti iako Makedonija e edna od najstarite zemji vo SVETOT.E sega prashanje e ,koj e kriv za najgolemata greshka napravena vo ponovo vreme nad MAKEDONSKIOT NAROD.
Од: Mak
Датум: 05.05.2010 04:33:28
Se soglasuvam so komentarot George. Na momenti Utrinski zalicuva na grcki vesnik? Jas ne sum protiv kritikuvanjeto na Vlasta, ne sum ni protiv Opozicijata da ima svoi glasila. Ama vo niv namesto plukanje po pozicijata da ima povekje prezentiranje na svoite stavovi, idei, objasnuvanja sto kje dobieme ako go izgubime imeto... Hunzite? Zosto da ne! Izraelcite pred nekoja godina vo Indija pronajdoa edno od desette (ili dvanaeset) izgubenu evrejski pleminja sto pod pritisok od Asircite se iselie 800 godini pred Isus. Gi imalo okolu 7000 nekade na severot na Indija, vo tek e procedurata za preseluvanje vo Izrael. Vo tek na vremeto genetikata go napravila svoeto-lugjto se so azijatski lik ama se osekjaat seuste evrei. Grcite imaat pravo na Aleksandar Makedonski tolku kolku sto i nie imame a nikako ekskluzivno. I da e tocno deka sme dosle preku Dunav, pretcite nasi ne dosle vo prazen prostor. A sto ako tuka bile od pamtivek a nekoi drugi sloveni dosle na pr. vo denesna Srbija ili Hrvatska?
Од: Duki
Датум: 05.05.2010 06:19:30
Po realen tekst, nemam procitano odamna. Bravo.... Nie kako zemja sme zostanati 100 godini vo razvivanjeto na razbiranje na odnosot so luge i kako treba site da rabotime na eden isti plan (bez razlika koj e na vlast)... Koga dve MAKEDONSKI partii nemozat da se soglasat na edno ime, i da se prestavat pred EU kako solidarna zemja koja ne prifaka nikoj da i go ponistuva indetitetot togas.....dragi moj arno ni pravat i grcite i albancite i site...Za zal nisto nikogas nema da se smeni i ke si tapkame vo mesto uste narednite 100 godini kako i poslednite.. Batali EU batali NATO tuku sredi si gi problemite doma prvo pa posle odi baraj go toa sto stvarno si go zasluzil ama samo kako solidarna semja.... a ne ova sekoj si gleda na nego kako mu cini i svojte interesi NE tuku celata slika treba da se gleda!!!!
Од: Славко Лазовски
Датум: 05.05.2010 07:07:49
Г. Чулев, браво за текстот! Со вакви текстови се освојуваат новинарските слободи.
Од: Mила Македонијо
Датум: 05.05.2010 07:52:44
Сопственици и политичари подалеку од новинарите. Новинари ама ако сакате да сте со народот и за доброто негово научете ја историјата на Македонија и повеќе ќе ја сакате и повеќе нема да подлегнувате политички а за нејзина добра иднина ќе работите. Заедништвото важи за вас. Заедништвото важи за сите. Нека научат сите што е Македонија.
Од: marija
Датум: 05.05.2010 08:55:49
Фала богу конечно да прочитам нешто што, имајќи ги предвид нашите состојби, со месеци ми се врти низ глава. Во разговор со пријатели, обидувајќи се да го наметнам мојот став дека кај нас политичка култура нема, токму грчка ја земав за пример. Виновни за таквата состојба подеднакво се и власта и опозоцијата. 20 години слушаме едно те исто: ние (власта) сме добри, состојбата не чини затоа што тие пред нас (опозицијата) беа ептен лоши. Многу лоши зборови, ич добри дела. Со таква политичка култура нема демократија, нема одење напред. Јунак и патриот ќе биде оној што ќе се одважи да го прекине овој зачаран круг на меѓусебни обвинувања, клевети, примитивизми. Поздрав.
Од: zapev
Датум: 05.05.2010 09:08:10
textot e petka no za zal vo mak desnata vlada vladee na ist nacin kako kpj pred 25god....i kakva tranzicija vo opstest zivot kako ekonomski taka sloboda na pecat moze da se ocekuva?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.05.2010 09:15:17
Текстот е солиден од аспект да го опишува соседот како дежурен кавгаџија плус некадарен во економијата и политиката визави своите содружници од ЕУ.До Македонецот од ЕУ,дали прочита некаде во текстот или во некој друг медиум да опозицијата кај соседот организира симулации за решавање на проблемот со името,или да секидневно да ја притиска власта да во име на некаво решавање на проблемот ни ги прифати нашите услови.Таков филм таму не се прикажува,кога се во прашање националните интереси нема две песни туку сите во еден глас даваат подршка на нивната влада.
Од: Mite
Датум: 05.05.2010 09:45:47
druga e rabotata.. kako sto grcite se site slozni koga se raboti za problemi so druga drzava, taka sega sakaat da gi napravat site Budali, t.e. da si zadrzat visok standard, da ne go stegaat kaishot a imaat Ogromen dolg. Pa SFRJ se raspadna poradi dolg od 20 miliardi $, eve neka po 20godini tie vredat kako segasni 50miliardi$, pak ne bilo kolku grckiot dolg od 300 miliardiEvra sto ke je potopi i EU
Од: nekoj od EU
Датум: 05.05.2010 10:09:36
Procitaj te go feliks i odma ova sto go napisal avtorot e potkrepeno so argument, sega i tuka. Felikse, felikse...tokmu vasiot komentar ne e vo duhot sto go promovira avtorot. Eve vaka treba da bide tvojot odgovor: bravo za statijata, a i onaa simulacija vo Ohirid-sto moze pozitivno da se izvlece od nea? toa-toa i toa. A sto negativno toa-toa i toa, sto od ova moze da se zakluci..ova..i tn. :D A ne zosto imalo simulacija? Pa zatoa sto sekoj ima pravo da go kaze svoeto mislenje ili toa ne vo odgovora`? DA ima budali vo Makedonija sto vi veruvaat, ama ne ima i pametni :D
Од: malkom x
Датум: 05.05.2010 10:58:36
Mora da priznaeme deka denesnive mediumi se sozdadeni poradi necii biznis ili politicki ambicii i poradi toa vo niv sekogas ke provevuva interesot na nekoi grupi. Problemot e sto nivniot interes se pocesto go nadminuva interesot na drzavata i opstoto dobro. Ocigledno sudeno mu e na makedonskiot narod da bide vo konstantna bitka za svoeto samobitie i za svojot opstanok, vprocem toa za nas e istorija, segasnost, a se molam da ne ni bide i idnina
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 05.05.2010 11:02:27
Go gledam fotosot i se mi e jasno. Lice so omraza sprema blizniot. Branko mrtovecki pod oko go gleda gjavolot, a ovoj drugiov non salantno podmuklo mu go misli istoto. Samo jas sum patriot, pameten, i sekogas jas sum vo pravo. Taka sme sekade. I vo Avstralija. Ne daj Boze so blizniot (sekoj Makedninec) da vlezes vo polemika i da istaknes sprotivno mislenje ....ke go zapamtis likot Toa e odraz na primitivizam, za zal sto obemno se koristi i kaj makedonskite politikanti. Vo Avganistan ili Talibancite ili pro-zapadnite puleni (vo momentov) se na vlast. I prvite i drugite go turkaat narodot vo ambis od koi sekoj den osekjame na svoja koza deka nema izlez.
Од: valerija
Датум: 05.05.2010 11:02:58
Neznam nisto drugo ama onaa starata narodna ja znam dodeka dvajca se karaat tretiot koristi i taka nasive politicari ni ja stavija glavata vo torba dodeka tie dokazuvaat koj e pogolem makedonec grcite ja koristat sansata se nadevam deka brzo ke svatat deka vaka nikade ne odime nitu imeto go cuvame nitu se priblizivame kon EU i NATO. Dajte bidete razumni site sednete i dogovrete se se raboti a dobroto na nasata i vasata zemja bidete pouceni od minatoto.
Од: makedonka
Датум: 05.05.2010 13:36:31
samo da go pofalam novinarot BRAVO
Од: на осојница...
Датум: 05.05.2010 14:05:54
Софистициран начин на кавги,со епилог на софистицирано наградување или враќање на долговите.Навистина,Европа е во право,кога не третира поинаку.Еснафлокот и барањето право,филувано со скромноста и респектирањето на другиот,резултира во очите на другите извесна доза на наивност,која пак преведена на софистицираниот европски јазик значи,почекајте!Сеуште треба да зреете,

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Швајцарска манџа