Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Поглед

Убијте го „Викиликс“

Димитар Чулев

Неверојатно: американски конгресмен побара газдата на „Викиликс“ да биде прогласен за терорист, советник на канадскиот премиер бара да му испратат наведена ракета, а Обама да го ставел „под договор“ за ликвидирање (стил практикуван од мафијата); некој побара „Викиликс“ да биде третиран како Ал Каеда, Интерпол издаде потерница...

Ако Џулијан Асанж имал намера да биде еден вид модерен Робин Худ, кој краде фајлови од моќните за да ги лиферува на послабите и да ги запознае со тоа што мисли Вашингтон за остатокот од светот, дефинитивно, погрешил. Произлезе дека не се битни страшните вистини и пикантериите што излегоа на површина – сега е приоритетно да се да се убие гласникот.

Ахмадинеџад не е навреден што САД ги подбуцнувале арапските земји да го нападнат Иран, Путин не мисли дека е штетно што американски дипломати ја нарекуваат Русија мафијашка држава, никој не се стресе што авганистански потпретседател бил фатен со 52 милиона долари во личен багаж, Германија не се лути што канцеларката ја нарекуваат „тефлон-дама“ (можеби асоцијација на готвачка)... Бан Ки-Мун не изусти ни збор осуда што му провалиле во личното и во обезбедувањето на ОН што е првокласен скандал: дали тоа некој имал „планови“ за генералниот секретар?

Политиката е комплексна игра со нечисти правила и речиси комично изгледаат обидите на владите да ги маргинализираат податоците од веб-страницата. Зашто, во она што го пушти во оптек и што дополнително ќе го објавува „непријателот бр. 1“ по кој тргнаа ловците на глави од сите меридијани, богами има стенограми и размена на мислења со американски дипломати од кои се гледа кој на кого сакал да му копа дупка.

Затоа, најдобро е да се убие „Викиликс“ и прашината да спадне.


#
Статијата е прочитана 1252 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 03.12.2010 16:48:20
а несудениот војвода Тачи се осили, дури однапред се фалеше ајде да видиме дали ке може власта да го заташка Викиликс и да го спаси Ахмети.. сега некако си го подвитка опашот... па нормално, заборава дека зад Ахмети стои УСА ...
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 03.12.2010 17:34:42
"Sto sakal "pisatelot" da kaze.Tipicnoza negoviot zaslepen antiamerikanizam."Utrinski"treba da se srami od vakvi "avtori'.
Од: sando novoselec gogovski
Датум: 04.12.2010 02:22:43
koi se teroristi Arabcite ili Amerikancite dajte na glasane svesniot narod da kaže
Од: sv diitrija
Датум: 04.12.2010 04:01:26
Pa neli vo DEMOKRATIJATA lugeto mozat da se iskazat shto gi boli i koj na kogo zlo mu misli da se doznaj vo cel svet.Ili DEMOKRATIJATA za Mafijata kako obisno ne postoj.Nikoj koj ne pravi zlo nemashto da se plashi.
Од: Од Мене до Вас
Датум: 04.12.2010 04:37:13
Авторот сака да каже дека вистината е убиена. Манипулации и притисоци ги прават богатите побогати и помоќни во владеењето. „Модерно робовладеење„. Страв и подмуклост во ковањето планови се оружје. Држави кои имаат непроценливи природни ресурси не можат самите да ги експлоатираат истите и имаат благодет од нив. Тие што имаат Нафта, Дијаманти и ретки метали живеат најбедно! За жал во сите тие држави има по некој „Тулко„ што е противник на вистината.
Од: Vistinata treba da se ubie
Датум: 04.12.2010 10:13:44
Tulko zarem ne ti e jasno toa sto go citas? Molim te ne zamoruvaj se i ne citaj , ako ne mozes da razberes.Golemite zapadni" demokrati",a vsusnost vlastodrsci, koi na site zemji im solat pamet za gradenje na demokratija, covekovi prava, dostapnost na informacii, otvoreni opstestva i drn-drn( pa i nas stalno ni solat pamet kako da go izgradime dekrotskoto) opstestvo po niven terk)sega, koga nivnite mracni scenarii i g.... nekoj se drznal i javno gi otkriva , po sekoja cena sakaat da go ubijat onaj koj ja kazuva vistinata. Pri toa i navredenite vlstodrsci ne se tolku pogodeni od navrediti i iskazanite" komplimenti" za niv, kolku sto se kivni na Vikiliks sto istite gi objavuvaa.Treba da se ubie vistinata , da se ubie Vikiliks , a nie obicnite smrtnici i ponatamu da veruvame na demokratskite kapaciteti na Obama, i g-dja Klinton, na cvrstinata na Putin ,na Merkel i taka vo nedogled. E toa e vistinskata slika na zapadnata demokratija.Takvo ogledalo tie ne sakaat. Vitinata treba da se ubie!

Најди! во Утрински
Втора страница
Велија се пишмани, новинарите биле кабает
Црвенковски
Вербатим
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice