|
|
|
|
|
|
Црвенковски: Маршот не е за одбрана на Рамковски
Шефот на опозицијата ги демантира тврдењата дека СДСМ на неделниот марш насилно ќе влегува во институциите
Намерата на протестниот марш инициран од СДСМ не е ниту одбрана на Велија Рамковски ниту насилно влегување во институциите, порача Бранко Црвенковски. Со ова директно ги демантираше тезите дека такви биле намерите на организаторите на неделниот марш низ скопските улици.
Црвенковски е дециден: „СДСМ ниту го штити Велија Рамковски ниту стои зад него. Ако овој човек го прекршил законот, треба и мора да одговара. Уште повеќе, ние во СДСМ ги повикуваме институциите се' да проверат и доколку низ законска процедура се докаже каков било криминал, инсистираме господинот Рамковски да биде соодветно казнет“. Со тоа, рече, завршуваат со нивниот однос кон Рамковски и со грубата и глупа манипулација на власта.
Сепак, нагласи Црвенковски, СДСМ реагирал и ќе реагира секогаш кога се гази демократијата во државата, а еден од носечките столбови на демократијата се токму медиумите и слободата на јавно изразување. Тој потенцира дека А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“ се многу повеќе од Велија Рамковски. „Критиките кон власта се неопходни во демократско општество, а не зло што треба да се елиминира. Очигледно е дека Груевски и фамилијата или не можат или не сакаат да го разберат тоа“.
Што се однесува до тезите дека зад маршот се крие идејата за наводно насилно влегување во институциите на државата, шефот на СДСМ рече дека тука се поставуваат две прашања - дали можат или дали сакаат да го сторат тоа? Според Црвенковски, тие го можат тоа, но нема да го направат, меѓутоа, и' порача на власта дека кога на едно место ќе се соберат 40.000 или 50.000 луѓе, тоа не е ниту група, ниту толпа, туку народ. А тогаш не постои кордон полицајци што тоа би можел да го запре дотолку повеќе што 90 отсто од тие полицајци се чесни и за бедна плата ја извршуваат својата тешка работа.
„СДСМ како одговорна партија точно знае што е добро, а што не е за државата, па затоа битката на народот за заминување на оваа власт ќе ја водат низ институциите на системот“, рече лидерот на опозицијата. Тој потсети дека неделниот протестен марш е за достоинството на народот, за негова слобода, за правото на подобар живот...
Прашан како ги коментира заканите од Австралија за негова ликвидација, Црвенковски рече дека наполно е свесен за ризикот од работата што ја води, но ова што го почнал и ќе го заврши. Нема да поднесе пријава против заканувачот, но праша дали Груевски ја поднел пријавата против млекарот Душко, кој не му се закани, туку го навреди, или тоа во негово име го сториле институциите на државата. Не исклучи провокации од власта на неделниот собир, меѓутоа побара од МВР да ја врши работата согласно со законите. (Б.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 1231 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Васко К. Битола |
Датум: 03.12.2010 12:09:54 |
|
Б.Ц. не лаже нас но и себе. Тој сака ама неможе! |
|
|
|
|
|
|
Од: tihi |
Датум: 03.12.2010 12:27:19 |
|
Na marsot ke gi vidime site opoziciski trubaci i klenovi koi nekoj gi razigruva kako mladi majmuni. |
|
|
|
|
|
|
Од: zoro |
Датум: 03.12.2010 12:28:28 |
|
Како и секогаш, вечниот и незаменливиот, се оградува во криминалот околу него, ќе расчисти со сите што лажеле и краделе, нема веќе да ручаат заедно, пропаѓа и понудата за брак(премиер). Историјата се повторува. Сите се криви, само он не!
Пу`пу неважи, тоа е он, еден и единствен, Дон БЦ.
Али нема везе, идемо даље.. дното е длабоко, треба да се допре! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 03.12.2010 12:43:14 |
|
Уште еден ,,прејден жеден преку вода,, но за разлика од пратените свои емисари во одбрана на слободата на медиумите,тој својата подршка ја искажа на пристојно одстојание,имено не се појави на ,,место злочина,,туку сега мудрува да маршот нее подршка на Рамковски,дури и неги споменува ни упадната тв куќа топтан со опозициските независни новинари таму кој ете беа тормозени од власта. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 03.12.2010 12:55:53 |
|
Se laze sekoj koj misli deka postoi vecnost. Se se moze i saka ako se ima toa za cel. Primeri: VMRO-OVC-te i nivnite remek dela. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dilan |
Датум: 03.12.2010 13:16:48 |
|
B.C. vo dogledno vreme nemoze da se vrati na vlast na legalni demokratski izbori (narodot go gleda Crvenkovski kako glaven vinovnik za losata privatizacija i podelbata na bogati i siromasni)taka da samo ke gubi partijata i dodeka taa ne rascisti samata so vakvite kadri ke treba da pomine dosta vreme ,mozebi 5-6 godini da se vratat na vlast SDSM!ke se vratat na vlast samo pod uslov 1. nesto da smenat kaj sebe,2.celiot region da ne prestigne vo EU integraciite(ekonomski odamna sme nadminati i od Albanija)3.Da ne se resi problemot so imeto! Inaku i ovie antickite preteraa veke 5 g. pocnaa da se zanesuvat so Porti i lavovi !Gospod na pomos |
|
|
|
|
|
|
Од: Вевчани |
Датум: 03.12.2010 13:57:21 |
|
До Тихи,
Излези од кафезот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 03.12.2010 14:18:14 |
|
Јасно беше дека на А1 се случи обид за државен удар но режисерите се преценија,а народот кого го потценија ги прочита пред тие да станат свесни за тоа.А сега - “не мислевне така!“.А повикот за “марш“ беше по повод случувањата кај Рамковски! |
|
|
|
|
|
|
Од: ismet |
Датум: 03.12.2010 14:37:40 |
|
da prisastvuvame site da go urnime ovoj FASISTIKI rezim na DPMNE .. |
|
|
|
|
|
|
Од: Бети |
Датум: 03.12.2010 15:02:47 |
|
Веќе видено, воглавно глупави коментари од - дрва необработени со кора...... |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 03.12.2010 15:16:53 |
|
Sto se isplasivte vmrovcinja nepismeni? I vasiot Grujo bese minister vo Vladata na Ljupci i napravi najgolem kriminal so svoite potpisi, pa preku noc se amnestira on kao nemal nisto so Ljubco? Prikaski za mali deca. Pa sto e cudno vie ste na vlast 5 godini (za zal) pa se vie kriv svetot i opozicijata, ama toa vece ne vrvi. Narodot vide deka poloso od vladenjeto na BC e Fasizmot na Grujo. |
|
|
|
|
|
|
Од: R.. |
Датум: 03.12.2010 15:48:27 |
|
Golema steta, sto narodot se uste e zaslepen, "drogiran" bez gram hashis; pa ne go gleda ii onoa sto go vide....Dobro be lugje, pa site li bea slepi vo cetvrtokot vecerta i ne ja vidoa onaa naezad od policija i specijalci?! Ubavo se vide deka novinarite nemozea da izleguvaat ili vleguvaat , po licna volja. Vistna deka iznavlegoa polno lica "odnadvor", ama toa be tie lica STO SAKAA DA GI PUSTAT da vlezat, pai zleze deka samo opozicijata dosla...i ovojpoat Branko e vinoven, jasno, celata rabota bila precizno podgotvene za da zavrsi vaka. Koga ke se osveqtime deka na Branko stalno site mu satvavme sopki , na koi nie samite se sopnavme? Zaboravame deka Branko ni napravi DRZAVAi ne spasi od "Vukovar", Ne dozvoluvajte uste ednas da se ogresime i da go odmogneme vo dobronamernite celi za Makedonija! |
|
|
|
|
|
|
Од: јас |
Датум: 03.12.2010 16:06:53 |
|
Е портокалова боранијо ?! Ноќната мора ви продолжува , уште пострашна и поморничава за вас и ви го покажува крајот ! Ќе се разбудите еден ден , со целосно унереден кревет , ете тоа е Бранко за вас.Го обвинувате за криминал , а ги заборавате 4те станчина ( или тие беа на мама , од плата.) Кутриот син одел гол и бос,само и само мама да заштеди за дури 4 стана.Па така сега кутриот си ги лечи комплексите со сите барокни згради , споменици и слични глупости како тениски игралишта..А во исто време граби , ли граби во очај да го заборави детството... |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 03.12.2010 18:03:18 |
|
Samo kultniot BLANKO ima NADEZ da cica od dve majki -em "penzija" od drzavata em najeksponiran i nedopirliv br.1 vo familijata koja gi drzi vo zaloznistvo i drzavata i narodot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 03.12.2010 18:43:15 |
|
Портокаловите баат тоа само што го знат.поточно тоа што им го раскажуват во бајкитеНекој да ги праша нема ни да знат да кажат дека октоподот живее во вода..А никако од портокаловите очила ,да видатда дека во последните години се наоѓаме уловени во пајакова мрежа со бодликава жица.А пајакот испушта јак отров за уништување на вистинските македонци.Квазипатриоти живеете во некој свој свет. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kalimero |
Датум: 03.12.2010 18:48:36 |
|
Sto e portokalova bagro, strav ve e. I treba da ve, oti posle padot vas, nekoj ke mora da ja plate stetata od vaste zulumi, a znaete kako e kaj nas, kogo fatat toj ke plate i za zulumite na pastirot i familijata i na site koj ke izbegat od Makedonija. Gleda vi se krajot, toa sekoj go znae koj e so narodot. Anketite davat losi rezultati bidejki narodot e uplasen od portokalovite kodoscinja, koj gi ima vo sekoja institucija. Strav gi da razgovarat na ulica, na telefon, da komunicirat preku internet, ama zatoa koga ke zastanat pozadi paravanot ke znae kako da ve kazne prtokalova bagro. Samo molite boga Pastirot da ne pogrse vo procenkata t.e. da se preceni oti tesko na vas. Ako ste tolku sigurni vo vasata pobeda pobarajte predvremni izbori vo vaste Mesni, Opstinski ili bilo kakov komitet. Pa ke videme kako narodot kaznuva, a posle na site ke vi dojde smetkata za plakanje za vaste zulumi. |
|
|
|
|
|
|
Од: rekanec |
Датум: 03.12.2010 20:43:09 |
|
VAZNO E VO NEDELA SO MASOVNOSTA DA IM SE POKAZE NA OVIE NA VLAST DEKA NARODOT E SE POVECE NEZADOVOLEN I DEKA KAJ DA E MORA DA SE SPREMAAT ZA ZAMINUVANJE.NIKOJ OD SDSM DO SEGA SO NISTO NE ISPROVOCIRAL IDEJA ZA NEKAKVI NASILIJA VO NEDELA I NEMA DA IMA.PREDSEDATELE BRANKO SAMO NAPRED SE GLEDAME VO NEDELA |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradcko |
Датум: 03.12.2010 20:44:18 |
|
Samo napred Branko....Bez samobendisanost i prblizi se do narodot..izvadi go od kandjite na diktaturata na Gruevski....koj sigurno ke bara mnogu provokacii za da te ocrni...samo hrabro i podrska...Narodot e so tebe Brane.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Горче |
Датум: 03.12.2010 21:04:48 |
|
Црвенковски: Маршот не е за одбрана на Рамковски !!! E за кого е?????? хахахах за вас знаеме дека е и за Велија!!! Затоа си изјавил да не се изненадат лугето ако видат повеке албански знамиња одколку македонски!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 04.12.2010 03:28:14 |
|
Leeele Feliks, pa sega (za razlika od dosegasnite komentari, pardon, diktati,) gledam deka ti si bil nepismen. |
|
|
|
|
|
|
|
|