Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Велија се пишмани, новинарите биле кабает

„Тоа беше страшен афект!“ изјави Рамковски во интервју за Алсат-М

Светлана Унковска

По нецела недела од случувањата на „Перо Наков“ б.б. кога А1 обвини дека се врши упад во телевизијата и дека на новинарите им е загрозена слободата на движење и работење, а сопственикот Велија Рамковски посочи дека добивал пари во кеш од Владата, тој во вчерашното едночасовно интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија настапи со целосно спротивни ставови. Самиот Рамковски сега оценува дека во ситуацијата се претерало и дека сето тоа било резултат на една еуфорија, а тоа што го рекол за парите - било во состојба на афект.

Во меѓувреме, од програмата на А1 беа симнати спотовите со снимките од мешаницата пред телевизијата, а главниот уредник Младен Чадиковски во уреднички коментар им се извинува на граѓаните и признава дека во информирањето се направени грешки.

Се огласи и премиерот Никола Груевски, кој случајот со А1 го окарактеризира како злоупотреба од страна на СДСМ и целата опозиција и демантира дека трошел пари од буџетот за да ги исплати изборните реклами од партијата. „Во тој налет, во таа еуфорија, во тој би рекол специфичен психолошки момент, тој афект траеше подолго време од - 25 ноември, мислам дека ние претеравме. Мислам дека и новинарството претера. Гледачот информирај го! Мислам дека тука згрешивме. Затоа го прекинуваме тоа и повикуваме, многу чисто и јасно, инспекциите да си ја продолжат непречено својата работа. Нема што да криеме!“, вели Рамковски, кого вчера Општина Охрид го прогласи за добитник на Светиклиментовата награда.

За обвинувањата што јавно ги изнесе - дека парите што ги пронашла полицијата во еден стан во скопската населба Чаир се добиени во кеш од премиерот Груевски, кој на тој начин му ги наплатил партиските реклами на ВМРО-ДПМНЕ, сега вели дека биле изречени во афект.

„Тоа, би рекол, беше страшен афект. Револт беше. Јас немам поим чиј е тој кеш. Маркетинг-службата даде известување преку ’Шпиц’, ’Време’ и ’А1’ колку пари плати Владата од буџетот за рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ. Парламентарните избори во 2006, 2008, локалните избори во 2009, претседателските избори 2009 целосно се платени од буџетот.... Никогаш јас не сум земал кеш, ниту денар, ниту евро“, тврди Рамковски, кој притоа негира дека е поврзан со шесте фирми на истата адреса со телевизијата, за кои Управата за јавни приходи и Финансиската полиција се сомневаат дека од земјава се одлеани неоданочени 7,5 милиони евра.

„Што можам јас да направам? Не е мое да правам или да не правам. Ако се најде криминал во одредени фирми каде што си има основачи, си има директори, немам јас што да правам, законот ќе си ја прави својата работа!“, рече Рамковски во вчерашното интервју за Алсат-М.

Со објаснување излезе и главниот и одговорен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски, кој, слично како и неговиот сопственик, тврди дека еуфоријата го направила своето. Во уредничкиот став тој наведува дека веќе четврти ден се сведоци на невидена медиумско-политичка бура во која во центарот на вниманието се А1 и нејзините новинари. Тој останува на констатацијата дека новинарите на А1 биле спречени да излегуваат од телевизијата, со што им била ограничена слободата на движење и дека полицијата не сакала да им даде никакво објаснување за тоа.

„Под притисок на нашата основна задача - слободно информирање, го отворивме студиото. Дојдоа многу граѓани, опозиционери, лидери на партии, интелектуалци. Дојде уште повеќе полиција, комбињата се паркираа едно по едно, се блокираа улици, пред и во кругот на А1 се распоредија специјалци. Под притисок на загрозена физичка слобода почувствувавме дека е загрозена слободата на говорот, емоциите пораснаа, се створи еуфорија. Дали во тој хаос направивме грешки? Дали на моменти реагиравме емотивно? Дали се поткрадна некој новинарски лапсус? Се разбира. Им се извинуваме на граѓаните за тоа“, вели во своето обраќање главниот уредник на А1, Чадиковски.

Тој им порача на партиите да ги тргнат рацете од телевизијата, бидејќи немало да потклекнат на никакво партиско влијание.

„Уредувачката политика на А1 не ја води ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту која било партија. Но, ниту на едните ниту на другите ќе им ја затвориме вратата кога ќе сакаат да дојдат во студиото. Тоа не значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ можат да стават капа на А1“, порачува Чадиковски.

Медиумскиот скандал што деновиве ја окупираше јавноста, според премиерот Груевски, е злоупотреба на СДСМ и на опозицијата, кои ја искористиле ситуацијата да манипулираат со јавноста. За обвинувањата од Рамковски дека од него добил кеш пари за исплата на изборните реклами, тој вели: „Тоа беше една злоупотреба на ситуацијата на државните институции, кои сакаа да направат контрола во одредени фирми на ’Перо Наков’ б.б. и обид за манипулација од тоа да се прикаже дека некој сака да направи некој медиум да биде опседнат од полицијата“, изјави Груевски, кој вели дека тој не е изненаден, бидејќи СДСМ и во други наврати се обидувала да ја манипулира јавноста. Во врска со изјавите за уривање на власта, рече дека „тоа е израз на нервоза во опозицијата и СДСМ и стил на дејствување на Бранко Црвенковски во изминатите години и децении“. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 3188 пати.

Испрати коментар

Од: tihi
Датум: 03.12.2010 12:19:04
Ako do sega znaevme deka ima VMRO-ovci , sega doznavme deka ima i SDSM-klenovi.
Од: ne e bitno
Датум: 03.12.2010 12:36:40
I toa ti bilo drzava.... mizerija. So sreka.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.12.2010 12:38:18
Како прво нешпримам извинување од луѓе кој сопствениот бекграунд го фрлаат под нозе.Може да им се извинат на Феличита(ако нее на службен пат)ајван др. на шаховскиот чирак кој доби ,,Шустер мат,,( за неупатените мат во два потеза после отварањето со бели фигури)јас,Hari и останатите ,,прејдени жедни преку вода,,коментатори.Плус срозување на новинарска фела на А1 од страна на сопственикот а тие дебело молчат.
Од: realen
Датум: 03.12.2010 12:52:34
A sto da kaze bilo koj koga e pritisnat od diktatura, mozen reket ili koj znae sto. Ako ne se lazam, Ramkovski ima i semejstvo. Vagata kazuva se, a Gruevski ostanuva vecen mermenren spomenik (bronzata e mislam poskapa) na edno nametnato ednoumie so pesadija (ama na onaa na Aleksandar), tukum obicna .
Од: dimitar
Датум: 03.12.2010 12:53:09
Znaci se dogovorija ni velija kriv ni grujo. VMRO platil samo 170 iljadi evra za reklami za cetiri godini na A1. No od 4 milioni evra za A1 od budzetot, za kampanjite za podiganje na narodnata svest, VMRO baral da se izreklamira za pola od sumata . Pa ova e isto kriminal be kogo pravite ovci!!!!!! Ova e totalno isto ko da plakale od budzetot za reklami na partijata.
Од: Dilan
Датум: 03.12.2010 13:05:34
Ovaa e slikata na FYRM (kandidat za EU?) vo 21 vek teska peralna na pari stanavme(moze i karipskite ostrovi da ni zavidat na danocniot raj)Go slusavme vcera na Alsat covekot ne mi se veruva vo koj vek ziveeme(vo tursko vo prikaznite kako aznoto go krijat agite pod zemja-parite zavitkani kako droga) pa ni trebalo finansiska policija,UJP inspekcii ,sudovi????? Abolicija za covekot po terkot na Zaev!! eeeeee BC da bese uste pretsednik drzavnik
Од: od Vesna
Датум: 03.12.2010 13:14:21
Se sramuvam duri i jas od toa kolku Ramkovski gi obruka lugeto od A1. Sami se krivi sto otstapija od svojot profesionalen kodeks. Se nadevam deka naucija od greskava i deka vo idnina ke ginat samo za svoite ideali.Da zivee objektivnoto novinarstvo
Од: забеган.
Датум: 03.12.2010 13:16:12
Лош наслов,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,, Да неје пазар??????????.
Од: Bitola
Датум: 03.12.2010 13:25:16
Znaci pod hitno treba nov zakon za mediumi.Gazdite da nemaat vrska so ureduvackata politika i so politikata.Oti vaka ne odime nikade.Ova e golem sram so velija.Maz rekol-maz odrekol.
Од: od parisko drustvo
Датум: 03.12.2010 13:39:44
toa e sramota ,kolku narodot moze da bide naiven da go poslusa sdsm za ovakvi gluposti da bidat protiv vlasta znaci samiot narod e vrti kapa ,a koj kradel pari normalno ke se otkrie.
Од: Феличита
Датум: 03.12.2010 13:47:10
Среќко пак пушта готови текстови,кои и не ги разбира.Не гледам дека Рамковски ретерирал од изјавата дека му се плаќани буџетски пари за партиски реклами.Тоа е најбитната работа што излезе од целата мешаница.Сликите од настаните отидоа воЕвропа,а таму луѓето не носат амут како Среле наш.Дека се парите,Среќко?
Од: 1957
Датум: 03.12.2010 14:01:28
Овде дефинитивно нешто не е во ред....нешто мириса да не речам (смрди).............
Од: Душко
Датум: 03.12.2010 14:34:46
Се прашувам дали вакви ќе беа реакциите на Чадиковски и Рамоковски доколку и останатите медиуми застанеа зад нив??? Благодарение на тоа што има повеќе медиуми кои сметам дека повеќето се независни, вистината излезе на виделина. Штета што Македонија ги трпи последиците од ваквите несмасни потези кои направија потрес во целата држава, можам да го споредам со 2001 год. Е сега како што е редот А1 и новинарите да поднессат извештај до сите медиуми, институции итн. за она што они го нарекоа УПАД во А1 и да се извинат во ЕУ парламентот за недоличното однесување на Тања Милевска. борјан и билјана да направат свое реално ТВ ШОУ во кои тие ќе бидат организатори/продуценти/водители а останатите почнувајки од Љубе, Геро, Рада, и останати ќе бидат учесници кои ќе плукаат по власта. Побед��ик ќе биде оној кој ќе биде најгласен и најгнасен
Од: milko
Датум: 03.12.2010 14:37:16
po glupava izjava od taa na velija nikogas ne sum slusnal.TOA BESE PRIZNAVANE ZA STOREN KRIMINAL. i da e vistina samo po osnov na ddv neplatil 732 000 evra i plus 400 000 po osnov na biznis danok. toj samiot priznava deka zatajuva danok pa makar i da bile parite od budzetot..pozrav
Од: sveto
Датум: 03.12.2010 14:46:30
Ako se ispazarat togas Grujo e ist kako Branko ne glsam vise
Од: nejasno
Датум: 03.12.2010 15:03:35
Citat: „Тоа, би рекол, беше страшен афект. Револт беше. Јас немам поим чиј е тој кеш. Маркетинг-службата даде известување преку ’Шпиц’, ’Време’ и ’А1’ колку пари плати Владата од буџетот за рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ. Парламентарните избори во 2006, 2008, локалните избори во 2009, претседателските избори 2009 целосно се платени од буџетот.... Kakvo e ova sosema sprotivno tvrdenje. Edinstveno se demantiraat 100 te iljadi kesh, a toa vo odnos na milionite od budzetot ke priznaete e neznacitelna suma.
Од: matematicar
Датум: 03.12.2010 15:18:11
Projde i ova, se iznakomertiravme okolu Velija i A1, zavrsi kako i sto zavrsuva sve, bez kazni, bez posledici, kradenjeto prodolzuva. Sega e najinteresno koja ke bide slednata zabava, sto e na red/koj e nared sega da zabavuva narod. SDSM=VMRO, Grujo+Branko=skriena koalicija.
Од: јас
Датум: 03.12.2010 15:59:42
Најподмолна изјава излезе од устата на Рамкоски !!! Можеби наседнаа од СДСМ , а можеби и не ! Ама едно знам сигурно , дека Велија има да го папа за ова после смената на власта , о и тоа како..Жал ми е за оставените новинари на А1, да се вадат самите од калта.Колку сака Среќко нека ликува оти Велија ( маж рекол , ама глушец одрекол ) ја повлече изјавата „дадена во афект“, ама јас пре би рекол дека е под СТРАШНА ЗАКАНА ОД ГЛУЈО ..Кога можеше инсекторите фатени на дело да ги ослободат, што остана за Велија .Ќе му праќаат еден куп инспекции , ќе го обвинат да плаќа еден куп пари , на крај ќе му ги затворат фирмите и фамилијата.Време е оваа страховлада да падне ! Или пак на Среќко и останатата портокалова боранија им одговара ова?
Од: Трпе
Датум: 03.12.2010 16:32:48
јас да сум Советот едно 2-3години ке и забранам на А1 да емитува реклами на било која партија. Прво прескапи се, а тие пари било од која партија да се пак од народот се земаат.Спонзорите на опозицијата се тоа ке го наплатат од народот. Друго, А1 со Милионер, турските сапуници а сега и со МК идол, стекна медиумски Монопол, изигрува држава во држава. Со смислена програмска политика ги темпира и одовлекува емисиите а со намера да ги уништи сите медиуми. Ја зомбираа простата маса која веќе одбегнува 2-а смена, а и продавниците се празни во тој период. Ова се повеќе потсека на комуњарскиот период, кога работниците ги напуштија фабриките во 11.30ч за да можат да го следат фудбалскиот натпревар Грција - Југославија...
Од: p14
Датум: 03.12.2010 16:42:10
Ova vsusnost e priznavanje na vinata i sega spasavaj se koj moze.....Edinstveno novinarite na A1 go izgubija celiot KREDIBILITET.......Tie i SDSM koj se obidoa da napravat drzaven udar A SEGA PUPU NE VAZI
Од: golem sram
Датум: 03.12.2010 18:28:29
Gi podrzuvam novinarite od A1, a Velija si go pokaza vistinskoto lice, pu, pu nevazi ,sramota,za da se izvlece poblago za kriminalot vo drugite firmi nekoj go posovetuval pa makar i da gi napadne najdobrite novinari iznakaza gluposti, na kogo narodot veke da veruva na nikoj od prv do posleden se isti a nie obicnite lugje stradame,pozdrav do citatelite nemam poveke komentar,
Од: Todorce
Датум: 03.12.2010 18:31:38
Ovaa rabota e -Jas su vlastsa i nikoj ne mi mozi nisto..Neli Felix
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.12.2010 20:47:40
Deseti pat! G-dine Felix,znaci trebase da ti bide nacrtano za da sfatis raboti koi tolku se jasni/Pa ti dadov nasoka za razmisluvanje covece vo eden moj komentar,kade ironicno ubotrebiv i zrtva na zlocin!!!!"Velija da gi iznese dokazite" bese tvoe,a ne moe razmisluvanje!!!! Moe bese deka toa treba da go stori JO,a sega so dvojno pogolema upornost.(Mozes da razmislis zosto dvojno). Ne mi e jasno kako sum mozel da dobijam "suster mat"( kafanski izraz) vo partija koja ne e moja, Pa,Velija i negovite finansiski spletki bea tema na tvoja opservacija,ne na moja.Pritoa ne napravi razlika pomegju spletkite na Velija i slobodata na mediumite!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! p.s.Se gleda deka si po antikata od sahovskite sagatki od vremeto na Stajnc,Keres,Aljehun i sl. Docnis momce,sega na podiumot se nekoj Magnus,Vishi,Levon,Sahrijar i duzina drugi!!!!!
Од: trpe od gradcko
Датум: 03.12.2010 20:48:36
Ostavete go Velija i A1 televizija....Dali nardot ne moze da sfati deka toa e samo trik na Gruevski da go svrti vnimanieto od neuspehot so NATO i EU...Dali ne gledame deka se poveke i poveke odime vo izolacija i siromastija...Ostavete ja A1 televizija koja edinstvena ima kriticki odnos kon vlasta , da ne taa ke odime vo komunizam od vmrovski karakter...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.12.2010 21:47:43
Феликс, ја прочита ли „Зоки Поки“?За тие по неа,не те ни прашувам - се гледа дека одговорот е негативен!
Од: Од запад
Датум: 04.12.2010 06:12:41
А пак јас ги засукав ракавите и веднаш тргнав да ја одбранам ТВ А1. Бев прочитал ајде во одбрана на демократијата. Со ваков народ ......мизерија балканска. Сите марш во......
Од: Bogomil
Датум: 04.12.2010 09:18:09
Зарем очекувавте нешто друго од Велија, ала Амди Бајрам. Класичен џабас, трговец со коњи, но и со човечки души.Новинарите, сите, до есен, од А-1, од Шпиц и Време, по ови негови лигавења, треба најдемонстративно да заминат. Ги исплука, им го повреди достоинството и светоста на професијата. Тој уште еднаш демонстрира дека владее со нивните души. А новинар, послушник, не е новинар, туку прекиснато тесто што може да го меси и обликува по сопствена желба. Срамно за таа фела, која не би требало да се помирува со ставовите на камелеони од типот на оној полуписмен Рамковски. Освестете се, или исчезнете, во име на нобинарската професија.
Од: Darko
Датум: 04.12.2010 09:23:00
Ги повикувам исто така да се извинат сите оние што дојдоа во отвореното студио да го бранат Велија (по примерот на Младен): Гордон Георгиев Зоран Јовановски Цаца Николовска ...... Да не ги набројувам сите. Мислам дека овој пат Ана Павловска Данева не дојде што и беше многу паметно. Не се продаде како со изјавите за аферата надеж. Можеби грешам

Најди! во Утрински
Втора страница
Убијте го „Викиликс“
Црвенковски
Вербатим
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society