Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Сторија

Се љубат Надица и Иво

Една од најубавите жени во Македонија – топ-моделката Надица Горгиева и еден од најпознатите менаџери и првиот човек на „М-2 продукција“, Иво Јанкоски, се во врска. Купидон ја насочил својата стрелка директно во срцата на вљубените, па ништо чудно врската наскоро да се трансформира во брак и приказната да финишира со „...и така среќно живееја до крајот на животот“.

„Со Иво се знам одамна, дваесетина години, и поради честите професионални соработки стекнав голема доверба во него“, ни раскажа Надица. „Секогаш сум го обожавала неговиот хумор и навистина не верував дека животот може да биде толку убав, толку полн со убави нешта, содржаен... Како се' да доби боја, а најмногу моите очи. Другарите се шегуваат на мојата сметка, велејќи дека имам зелени ѕвезди во очите. И по прв пат ми се случува пријател да ми стане љубовник, што ми ги разбудува пеперутките во стомакот“, романтична е Надица.

Кај Наде е видлива промената, велат нејзините блиски. Постојано е насмеана, а тие со Иво , како тазе љубовници, најчесто се смеат. Всушност, не се делат - патуваат, излегуваат, гледаат филмови, се' во двојка.

Надица долги години беше во врска со Сергеј Варошлија и веруваше дека животот понатаму ќе го мине сама. Арно ама, не одлучуваме секогаш ние самите. И астролошки Иво и Надица се предодредени еден за друг - Водолија и Близнак мора да завршат заедно. Космосот за нив чува најубави нешта. (В.Т.)


#
Статијата е прочитана 5100 пати.

Испрати коментар

Од: MIKI
Датум: 03.11.2010 14:04:38
kolku ste pateticni so prikaznava, kako da ne gi zneme......tralalalalalala......"Utrinski" aj, ne bidete zdodevni so ovie! a, baska slusnavme niz carsijava deka ovie galapcinja raskinale, hehehehehe....
Од: svedok
Датум: 03.11.2010 22:39:11
moze nekoj i ke vi poveruva vo bajkata vo ova selo vo koe se se znae i pameti.

Најди! во Утрински
Забава
Северина без Славко во Скопје
Од богатството и' се слошило
Напад од исламистите за донација на парите од „Плејбој“
Прогнози за три месеци живот






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis