МАЈКЛ ДАГЛАС
Прогнози за три месеци живот
На Мајкл Даглас, наводно, му преостануваат уште само три месеци живот. „Нешенел енкваер“ објавил приказна за тоа дека неговата тежина спаднала на само 63 килограми, а и понатаму се намалува, зашто актерот минува низ хемотерапија. Тој се бори против ракот на грлото, а неговите пријатели стравуваат дека би можел да умре до Нова година.
Неговиот портпарол демантирал се', тврдејќи дека написот во „Енкваер“ е полн со лаги и измислици. Во прилог на демантот доаѓа и фактот дека Мајкл завршил со хемотерапијата, а лекарите му даваат 80 отсто шанси за целосно закрепнување. Даглас неодамна изјавил дека третманите се брутални, но тој е борец и има намера да ја победи лошата болест. Голема поддршка му е и сопругата Кетрин Зета-Џонс, која неодамна одбила да снима филм за да биде покрај него. |