Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Милошоски призна дека немало покана во 1995

Според министерот, политиката на Грција е националистички каприц

Слободанка Јовановска


Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, го нарече националистички каприц однесувањето на Грција, порачувајќи дека нашата држава досега направила премногу отстапки и не може натаму да ја плаќа цената на нерационалното однесување на таа држава.

Тоа беше одговорот на министерот на прашањето дали Македонија ќе го следи примерот на Србија, која се откажа од петнаесетина проценти од својата територија заради евроинтеграцијата, па и таа да направи некаква отстапка околу името што ќе ги одблокира преговорите за членство во Унијата.

„Тоа е прашање на кое треба да одговори народот“, порача најпрво Милошоски, но потоа додаде дека Македонија досега направила повеќе компромиси токму за да напредува земјата и дека има платено премногу за да задоволи одреден национален, политички и националистички каприц на Атина. Време е двете страни со иста волја да пристапат кон решавање на ова прашање за да се оствари целта, порача тој, додавајќи дека Генералното собрание на ОН е добра можност да дојде до таков дијалог. Македонија не е таа што го кочи решението, изјави Милошоски, додавајќи дека тоа нема да биде можно ни со наметнување.

На прашањето, има ли охрабрувачка порака од дводневните средби во Брисел, Милошоски одговори дека има две вести - првата, дека очекува извештајот да остане позитивен за Македонија и втората, дека останува пречката да се донесе одлуката за преговорите.

Тој делумно ретерираше околу изјавите за 1995 година, односно фамозните тврдења дека Македонија одбила членство во ЕУ и во НАТО под референцата БЈРМ, оценувајќи дека темата станала поактуелна отколку што заслужувала. Според него, Македонија со својот слаб реформски исчекор, фокус и недостиг од приоритети за евроинтеграцијата, пропуштила да се најде во Агендата 2000, која била подготвувана во 1997 година.

„Тоа не значи дека треба да постои нешто конкретно, дадено напишано и одбиено, туку дека државата и општеството во тој период не биле подготвени да постигнат конкретен и силен напредок“, изјави тој.


#
Статијата е прочитана 1632 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 14.09.2010 12:09:40
„Тоа не значи дека треба да постои нешто конкретно ...“, Dovolna e fantazijata na Gjorge i Nikola. Taka se vodi drzava.
Од: b
Датум: 14.09.2010 12:23:05
Значи, Претседателот лажел, а и оној ,,пријател,,-европратеник лажел!
Од: tihi
Датум: 14.09.2010 13:38:02
Posoodvetno bi bilo ,deka Milosevski ja kaza vistinata za 95ta.So toa "prizna" samo ja pokazuvate vodenicata na koja sakate voda da i nosite.Za da moze da vrti ,neli.
Од: Разумен Компромис
Датум: 14.09.2010 13:58:34
Ех,па тоа е „Разумен“ Компромис!Најпосле открив што значи тоа!
Од: kole
Датум: 14.09.2010 14:04:43
не призна, туку сиротиот не знаеше што зборува..... очигледно под импресија на нашиот Хорхе и Никола, малиот Антонио не знае што да каже..... нели Феликс?????/
Од: dimi61
Датум: 14.09.2010 14:35:55
Незнам луѓе ,ај што ние му се смееме на нашиот претседател на неговите изјави, туку што му направија бре овие од детската градинка што си играт влада да цел свет веќе му се смее. Прво он мисли дека што и да ти каже Груевски да кажеш кај нас поминува дека тоа може да помине и надвор, но јаден он а јадна и држава .Дорис не воспитана го искара за неговите лаги а уште и кажа дека воопшто не го познавала човечето а сега и овој без везе Фуере.Гледај го ти невоспитан, човечето вика дека во 95 требало да бидеме во ЕУ а он дека нашиот претседател и премиер збореле глупости. Ај, сега навистина не разбрани луѓе, а ваму бумбарката ја постави темата 95 г.и на телевизија каде вмровците се отепа со своите анализи. Навистина се за никаде овие странците.
Од: Nastradin odza
Датум: 14.09.2010 15:36:37
Da moj drag Itar Pejo, fantazija ili fakt e deka vo 1995 dojde do promena na imeto na mojata zemja od Republika Makedonija vo FJRM ili BJRM za drugite prdlozi sto gi davale Grcite i Evropejcite neznaeme ili nesakame da znaeme zosto toa e tema za koja nesmeelo da se zboruva togas a i sega samo nema da zaboravam koga vo edno od intervjuata na gos. poranesen predsedatel gos. Kiro Gligorov koga ke kaze deka mu bilo nudeno i pari za promenata na imeto no deka toj toa go odbil a nekoi se slozile za dobroto na Makedonija i Makedonskiot narod da go promenime imeto vo BJRM ili FJRM koi bile drugite predlozi i sto i se nudelo na Makedonija nema niklogas da razbereme zosto najgolem dusman na Makedonecot e samiot Makedonec....
Од: bez kompas
Датум: 14.09.2010 15:43:08
Ovaj t.n. instaliran Pretsedatel e za "tazenje so gajda" Mu sluzi za potsmev i na medjunarodnata zaednica i kaj nas. Pa zarem ne mozea od VMRO da odberat nekoj poasolen i da go instaliraa na toa mesto, nego go najdoja Djoleta ,zagrev i bruka.
Од: ја
Датум: 14.09.2010 16:35:36
Бадијала оваа блада не е наречена „ПАМПЕРС“. Па нели сите се млади и образовани.Но кога паметни луѓе ја градеа државава тие беа во пелени или барем во основно училиште.Почнувајќи од пастирот па завршувајќи со ова министерче пресметајте по колку години имале тогаш-биле и сеуште се ДЕЧИШТА.Згора на се еден нивни провладин медиум како вувузела не учеше дека во тоа време ЕУ амб. Фуере бил на служба во Африка и Ј Америка.СРАМОТА.Доста со лаги и клевети.Време им е да си одат.СИКТЕЕЕЕР!
Од: Трпе
Датум: 14.09.2010 17:19:58
Со лага ага не се бидува.Ама по се излегува дека овој народ ова го заслужува.Кога му верува не некого кој се занимава со минатото а ни ја уништуват иднината.

Најди! во Утрински
Втора страница
Скап живот
Промовирана книгата на Срѓан Керим за претседавањето со ОН
Вербатим