Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Промовирана книгата на Срѓан Керим за претседавањето со ОН

Македонија може да успее ако сите сме сплотени во заедничка цел, изјави претседавачот на 62. Генерално собрание на ОН

Под наслов „Обраќања“, вчера беше промовирана книгата на Срѓан Керим како сведоштво на едногодишните ѕвездени моменти на македонската дипломатија кога тој беше претседател на 62. Генералното собрание на ОН, настан што самиот го лоцираше како нешто што се случува „еднаш во сто години“. На промоцијата присуствуваа политичари, дипломати, бизнисмени и соработници на Керим во тие битни моменти од неговата кариера, но и за Македонија.

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, зборуваше за околностите околу номинацијата на Керим за претседател на 62. сесија на Генералното собрание на ОН, оценувајќи го како огромен предизвик за Македонија. Според него, во првиот момент најважно било да се обезбеди поддршка од соседите, затоа што без неа ќе биле залудни сите напори. Дури потоа дошол консензусот во источноевропската група, која требаше да го даде кандидатот за претседавач во ОН. Според него, искуството на претседавањето било од огромно значење за Македонија, дека тоа оставило свој печат во ОН и оти тој влог не' обврзува и за иднината. Милошоски верува оти може да ни биде од исклучителна корист да номинираме личност што ќе биде член на Советот за човекови права на ОН.

Милениумските цели на развојот беа основна нишка во излагањето на Шелдон Јет, постојан координатор на ОН во земјава. Според Јет,

Керим уште во својот говор во мај 2007 година кога беше назначен на функцијата, добро ги поставил постулатите каде што треба да се движи ангажманот на Обединетите нации. Економскиот раст не секогаш им носи корист на најчувствителните групи и затоа е потребно итно дејствување.

Бугарскиот амбасадор, Лашев Раковски, зборуваше од прва рака за претседателствувањето на Керим на светската асамблеја затоа што во тоа време бил министер во бугарската мисија во ОН. „Срѓан Керим демонстрира завиден дипломатски талент, покажа огромна енергија и посветеност во остварувањето на приоритетите и на зацртаните задачи“. Раковски посебно го нагласи придонесот на Керим во климатските промени и милениумските цели за развој. Раковски ја изнесе и оцената дека претседателството на Срѓан Керим било едно од најуспешните во изминатата деценија во ОН.

Академик Луан Старова ја оцени книгата „Обраќања“ како „дневник за настаните во светот“. Тој нагласи дека вистинските дипломати се надарени со „чувство за вистинска мисија“ и оваа мисија на Срѓан Керим ја „докажува интелектуалната моќ на македонската дипломатија“.

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, говореше за извонредните квалитети на Керим како дипломат. Според него, одредени политичари не препознаа дека тие квалитети можат да бидат од најголема корист за Македонија и во моментите кога Керим уживаше најголема доверба кај граѓаните, поради политикантски цели, сепак, не беше кандидиран за претседател на државава.

Заблагодарувајќи им се на сите промотори, Срѓан Керим особено ја нагласи поддршката што ја имал од Министерството за надворешни работи за време на едногодишното претседателствување со Генералното собрание на ОН. „Кога сме сплотени, кога работиме едни за други, а не едни против други, можеме да успееме“ рече Керим. Тој соопшти дека идејата Македонија да кандидира човек за претседавач со Генералното собрание се родила уште во 2001 година кога претседател беше покојниот Борис Трајковски. „Уште тогаш мислевме дека можеме да успееме“, рече Керим. Според него, претседавањето на Генералното собрание на ОН „роди здрав патриотизам, кој за мене беше огромна стимулација“. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 832 пати.

Испрати коментар

Од: tatoo
Датум: 14.09.2010 15:30:23
Овој човек требаше да биде претседател, а не сегашнава мивка која ја брука нацијата. Може сто пати да биде доктор на науки, ама за оваа функција е тотално неписмен. Се извинув��м за малата дигресија. Од се срце му честитам на Г-нот Керим и му пожелувам многу понатамошни успеси на приватно и професионално поле. Тој е единствен политичар кој во најголемо светло ја претставуваше нашата земја во ОН.
Од: karokan "gambit"
Датум: 14.09.2010 19:08:40
Se pridruzuvam na tatoo vo cestitkite do g-dinot d-r Srdjaan Kerim za objavenata kniga svrzana za negovite aspekti i percepcija za pretsedatelstvuvanjeto so Generalnoto sobranie na ON. Od takov covek,ednostavnpo nesto takavo i se ocekuvase. Se nadevam deka naskoro ce izleze na videlina i negovata zbirka poezija. Sto ce kazes na toa TI Felix ili toa ne e tvoj domen!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Скап живот
Вербатим
Милошоски призна дека немало покана во 1995