Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Втора страница

Фуере бара Мендела во Македонија

Македонија станува општество во кое луѓето се плашат да зборуваат, предупреди евроамбасадорот

Слободанка Јовановска


Какво огромно губење време е кога навредуваат политичарите тука. За тоа ли ги избравте? Се сомневам!

Со овие зборови амбасадорот Ерван Фуере им возврати вчера на владините пратеници и на ним блиските медиуми, чии напади и навреди кулминираа минатата недела. Тие напади, рече тој, се болни за мене и покажуваат дека политиката тука многу се персонализира, дека постои одмаздољубивост и сето тоа вознемирува. Притоа тој проговори за темата што полека испливува во Македонија т.е. за стравот на граѓаните отворено да зборуваат, несвојствено за демократски општества.

„Тоа, исто така, одразува постоење на страв во општеството. Луѓето се плашат да зборуваат отворено и тоа е крајно сериозно за иднината на земјата. Се надевам дека еден ден одмаздливоста, што е присутна во политичкиот говор, ќе биде елиминирана и дека луѓето ќе работат заедно во духот на консензус, бидејќи тоа е единствен начин за напредок“, рече Фуере, па посочи на омилениот пример, Нелсон Мендела.

Прашан дали, откако се извини, во идните извештаи на ЕК ќе стои македонски јазик место државен, амбасадорот ја префрли топката во ОН, а делумно и на нашата Влада.

„Жално е што се случуваат вакви нешта, но ОН ја коригираа ситуацијата, а ние ги следиме нивните насоки. ЕУ не менува идентитети на луѓето. Напротив, силата на ЕУ е во различноста што постои во неа и ние ги почитуваме различните идентитети. Сепак, не е коректно да се злоупотребува концептот на идентитетот за политичко-партиски и домашни цели. Тоа создава емоции за нешто што не треба, што е свето за секого и што не е предмет на преговори. Жалам што некогаш има обиди за политизирање на идентитет со мотиви што немаат никаква врска со него. Се надевам дека дебатата за ова ќе се води на порационален начин и оти ќе се фокусираме на клучните прашања во извештајот за напредокот“, рече Фуере. Тој забележа дека истиот термин „државен јазик“ се користел и во минатогодишниот извештај за Македонија, но оти тогаш немало реакции.

„За нас државниот јазик е македонскиот јазик. Можеби за 20 години и албанскиот ќе биде, исто така, или српскиот, ромскиот. Во Јужна Африка постојат 11 официјални јазици со кои се признаат сите различни етнички заедници. Тоа може и тука да биде, да има два, три, или пет јазици“, рече Фуере. Индиректно тој ја искритикува власта за нападните прес-конференции со кои сака да ја убеди јавноста како да го чита извештајот на ЕК. Според него, ЕК веќе 15 години применува исти критериуми за сите држави во извештаите и многу ретко некоја од нив ги доведувала во прашање неговите оцени, па затоа разочарувачки е да се види дебатата што се води овде.

„Тоа не е школски учебник или испит. Тоа е водич за Владата да се фокусира на реформите што се од суштествено значење. Ќе биде жално ако се минимизираат слабостите. Напротив, силата на секоја земја е да прифати дека има слабости, дека недостигаат реформи и да работи на нив, а не да се обиде да ги скрие“, рече Фуере. Генерално, тој рече дека добива многу петиции од индивидуални бизнисмени, кои се жалат на пречките на кои наидуваат, повикувајќи ја власта да создаде одредено ниво на фер плеј за економските актери, бидејќи вака, само со маркетинг-кампањи, не се постигнува ништо.


#
Статијата е прочитана 1508 пати.

Испрати коментар

Од: Amy Lee
Датум: 17.11.2010 12:18:46
Е како може да не смееме да напаѓаме некого ако очигледно и намерно пропушта да каже нешто? Добро познато е господине Фуере дека вие, т.н ``Меѓународна заедница`` не им дозволувате на малите држави да функционираат како сакаат и не учите на едно, а правите друго! Срамота, можеби сме 2.000.000, ама сепак СМЕ!!!
Од: belomorec 3
Датум: 17.11.2010 14:06:44
Gospodine Fuere,imajte malku dostoinstvo koga zboruvate za nekakov strav,koga Vie kako :evropeec: molcite.Koga zboruvate za nestrucna i glomazna administracija,kazete nesto za ramkovnata adminitracija i kvalitetot.Kazete nesto za partiskoto vrabotuvanje kako da se resi.Se plasite li tie prasanja da gi prenesete vo Brisel.No edno zboruvate na sredbite so albanskite partii,drugo so opozicijata,treto so vlasta.
Од: borce
Датум: 17.11.2010 15:00:37
Koga nechto se pravi zaednicko treba da e za site isto a ne Evropa za edni e majka za drugi macea.Kako moze samo od makedonija da se bara da ispolnuva sekakvi evropski prava a za drugi drzavi ne vazat istite obvrski.Od makedonija se bara da gi priznava pravata na malcinstvata i malcinstva dodeka za Bugarija i za Albanija ne vazi istoto i ne bara Evropa ovie drzavi da go priznaat makedonskoto malcinstvo .
Од: verche
Датум: 17.11.2010 15:24:33
Odlichno srochen komentar na belomorecot 3. Tokmu taka se odnesuva g-din Fuere. SERVILNO kon site faktori vo opshtestvovo.
Од: jovan
Датум: 17.11.2010 15:24:34
Ma nemoj, a nie ne sme uvredeni od vasite evropejski zatkulisni igri od tipot brisi-pisi, ako prodze-prodze, ako ne ke se izvinime. E ne sme do tolku mutavi gospodin Evropeec. Za sekoj "propust" se bara i odgovornost, kako vie sto barate od nas se i sesto. Imame i nie pravo sega da pobarame KOJ go napravil toj propust vo ON i po civ nalog, a ne da lelekate koga ke se najdete vo tesno. Mnogu nesto se povikuvate na demokratijata i tolerancijata koga vie ke napravite UVREDLIV propust, a koga nie ke pogresime, 400 stranici zapisnici i izvestai ke napisete za nas, so dodatni baranja i uslovuvanja. E nece moci veke taka.
Од: Миле - Охрид
Датум: 17.11.2010 17:05:51
Македонија е „Мека“ за слободата на говорот. Доколку не беше така, немаше да биде можно тој (не знам како е прикладно и во согласност со инструкциите на ОН можам да ја наречам таа појава) и останатите подржувачи на грчките шовинистички уцени, да пласираат навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации до Македонците. Немаше да им биде дозволено да поттикнуваат национална, расна и верска омраза. Немаше да пласираат останати незаконски содржини, во македонските медиуми и македонската јавност. Тој и тие, тоа го чинат бесрамно и без страв дека ќе бидат санкционирани согласно македонските закони.
Од: 3G
Датум: 17.11.2010 18:13:48
Malicioznata izjava na Fuere deka vo Makedonija moze da ima poveke sluzbeni jazici e pozagrizuvacka otkolku privremenoto makar i da bilo namerno otstranuvanje na makedonskiot jazik od formularot na OON.Za toa e potreben i makedonski Mandela no i zemja kako Juzna Afrika bi dodal bidejki Makedonija e premala za takov avanturizam kon koj posocuva Fuere.
Од: Пак Миле од Охрид за оние кои сакаат да знаат
Датум: 17.11.2010 21:37:30
Шовинизам -(фр. chauvinisme) најнегативен вид национализам, распалување на национална омраза, преценување на својата нација, потценување на другите нации и народи, пројавување на национална супериорност и исклучивост; реакционерна политика на прогонување, истребување и угнетување на другите народи.
Од: Bajram mandela
Датум: 17.11.2010 22:18:46
Kako toa nemame makedonski Nelson Mandela. Pa nie go imame Amdi Bajram,. I dvajcata imaat lezeno vo zatvor ,dodusa za razlicni raboti, i Mandela lezese dosta podolgo , a i dvajcata se zanimavaat so politika. Nelson se borese za pravata na crncite vo Soveto i JAR , a Amdi Bajram gi brani pravata na Romite vo Sutka i posiroko. Ete go nasiot Mandela.
Од: nikola
Датум: 17.11.2010 23:30:48
Ovoj samobendisan covek so funkcija na diplomat se poveke i povek uziva vo svojata uloga na "vrhoven" mislitel i "iznaodjac" na resenija za se i sesto. Nasata odusevenost so negovoto "evropiiziranje" nas makedoncite jas bi go pretocil vo ideja nego da go proglasime za "Gandi (Fure)" koj ke ne povede nadvor od ovoj Makedonski "mrak" i "nedozreanost" i pravo vo "perfektnata" EZ. Koga ke se penzionira najverojatno ke ke se "vrati" vo svojata normalna intelektualna i mislovna golemina. Sreca e sto osven del od opoziciskite politicari ja nema pod kontrola vojskata i policjata, inaku ke gi doziveevme vo zivo negovite "demokratski" vizii...
Од: yugbogdan
Датум: 18.11.2010 00:59:46
makedoskiot MANDELA po nalog na probugarskite vlasti vo skopje deneska tatarite go uapsija na grcko tatarskata granica GOS.JOVAN e mister fuere da makedonija ima MANDELA vo zatvor u komsiite tatarite.
Од: Професорка
Датум: 18.11.2010 10:52:02
Се додека се нафрлате на Амбасадорот Фуере кој има најдобри намери за МК нема да не биде. Нафрлете се на тие кои ја однесоа со лаги и популизам земјата во амбис. Единствено и забележувам на ЕК што не ги кажува до крај мизериите, стравот и партизацијата кои царуваат кај нас. Ве жалам г-не Фуере во каква земја дојдовте со мисија да не внесете во ЕУ. Додека се ДПМНЕ на власт такво нешто нема да се случи. Треба да докупат за едно евро цело државно земјиште и да наместат уште 100 тендери. Каква Европа за нив? Им е гајле за сиромасите. А и тие не се за машала пошто за овие ги даваа гласовите по втор пат.

Најди! во Утрински
Втора страница
Сопки за мантиите
Вербатим
Иванов ги обвини ОН за перфидна игра
Груевски го извиси Жозеф Дол
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011