Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Втора страница

Груевски го извиси Жозеф Дол

Премиерот Никола Груевски вчера не се појави на прес-конференцијата на лидерот на европските народни партии Жозеф Дол во Европскиот парламент со образложение дека за неа не се ни пријавил, иако беше одамна договорена и најавена од групата на европските партии во Брисел. Портпаролите на Дол соопштија дека за откажувањето дознале пред прес-конференцијата, која и' претходеше на дебатата за Балканот организирана за да му помогне на регионот да се врати на агендата на ЕУ.

Неофицијално, во ЕП шпекулираат дека Груевски немал храброст да се појави пред новинари што не ги контролира, по лошото искуство од последната посета на Брисел кога беше прашан за контроверзниот проект „Скопје 2014“.

Портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, изјави дека во согласност со нивната агенда, не било воопшто планирано премиерот да се обрати на прес-конференцијата, иако неговото име остана да стои на снимката на интерната ТВ и откако беше завршена. Место тоа, Груевски имал директна средба со лидерот на групата на европските партии, Дол, како и со претседателот на ЕП, Јиржи Бузек, и со други европарламентарци. Според него, премиерот му е благодарен на Дол за организирањето на балканската конференција на која учествуваа и претседателот и премиерот на Албанија, шефот на дипломатијата на Хрватска, функционери од Косово, од Унгарија и од БиХ, а отсуствуваа Србија и Црна Гора како знак за бојкот поради истиот третман на Приштина. На прес-конференцијата Груевски требаше да се појави со Сали Бериша и со хрватскиот шеф на дипломатијата, Гордан Јандроковиќ. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1376 пати.

Испрати коментар

Од: Amy Lee
Датум: 17.11.2010 12:15:27
Па ако не се пријавил за учество, што е спорно тука?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.11.2010 13:04:56
Рези��ењето продолжува...Сигурно очекувал настап пред БУРЕКЏИЈАТА или БУМБАРКАТА...па кога не биле тие ...побегнал...
Од: xxL from Prilep
Датум: 17.11.2010 13:19:27
eee crni Gvujo,tesko nas so tebe
Од: b
Датум: 17.11.2010 13:31:52
Нормално дека ке бега од пресови. Овде нема нарачани прашања на стриктно одредени теми, миту нив ке ги поставуваат Томиќи, бумбарки и слични подлизурковци.
Од: ivan
Датум: 17.11.2010 14:35:05
Плачко. Не знам дали тој човек воопшто и��а храброст да се соочи со некого.
Од: До Amy Lee
Датум: 17.11.2010 14:54:02
Спорна е само цифрата за неговата прошетка, која се движи од 800 до 4 500 евренца само за ноќевање во еден од најлуксузните хотели „Конрад“, на државна сметка! Ништо повеќе! Останатите трошоци, воопшто не ги бројам!
Од: Djoko
Датум: 17.11.2010 19:47:03
"Nasiot" premier samo doma sila pokazuva.A nadvor...........?????? A,vika bokser bil.!!
Од: Grazerin
Датум: 17.11.2010 20:21:36
Pa sega znajete deka imate premijer Vlecko kako drzavata Makedonija.A ova nee MTV i Tomic i ce pravi od gruju heroj od svetski ramki Se sramam sto imam vakov premijer.
Од: Професорка
Датум: 18.11.2010 10:57:15
Човеков има фобија од странци. Знае со селската итрина дека го читаат како буквар и бега. А и што ќе каже? Таму не се бара да го напаѓа Бранко, а само за тоа е цар. Се разбира секогаш со истата мантра.

Најди! во Утрински
Втора страница
Сопки за мантиите
Фуере бара Мендела во Македонија
Вербатим
Иванов ги обвини ОН за перфидна игра
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011