Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Рој Хоџсон нов менаџер на Ливерпул

Рој Хоџсон (62) е 18. менаџер во клупската историја на Ливерпул, потврди официјалната Интернет-страница на англискиот фудбалски премиерлигаш.

Довчерашниот менаџер на Фулам, клуб што играше во финале на Лига Европа, потпиша тригодишен договор со „црвените“, а минатата сезона беше прогласен за најдобар во својата струка од страна на Здружението на лигашките менаџери.

Во своето прво обраќање до јавноста како тренер на Ливерпул, Хоџсон изјави дека е горд што го презема најуспешниот британски клуб и дека се радува на состанокот со играчите.

Во долгата тренерска кариера која ја започна во 1976 година во Халмштад, Хоџсон ги тренираше селекциите на Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и на Финска, а на двапати беше на клупата на актуелниот европски првак Интер на чија клупа сега седи довчерашниот тренер на Ливепул, Рафаел Бенитез.


#
Статијата е прочитана 370 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
„Портокалово“ искушение за Бразил
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Кралот се загуби во своето кралство
Претседателот на Нигерија ја суспендира репрезентацијата
Оставка на мексиканскиот селектор Агире
Сезона со Вардар или без него?
УО на ФФМ на дводневна седница во Охрид