Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Од стручен агол

Фантазерите го спасуваат Мундијалот

Дарко Панчев

Додека внимателно ги следи натпреварите од Светското првенство во своето кафуле „деветка“, Дарко Панчев, единствениот македонски фудбалер стрелец на Мундијалите (два гола за Југославија против Обединети Арапски Емирати во Италија 1990 год.) можностите на националните селекции ги детектира според нивните „десетки“. Или, во превод има ли тимот фантазер во играта, кој би ја донел предноста. „Моите фаворите пред почетокот на првенството останаа во игра. Бразил, Аргентина, Холандија, Шпанија. Тоа се репрезентации кои имаат огромен квалитет речиси на секој дел од теренот. Цврстина и стабилност во својата игра, но што е најбитно имаат играч или играчи во средниот ред кои мислат и во секој момент може да направат вишок“, смета некогашната Златна копачка на Европа, која не го одбегна нашиот обид за провокација: „А, Англија. Што ќе речеш за неа, нема ли фантазисти?“.

„Добар ви е примерот, ама во контекст на мојот резон. Ха, ха, ха... Можеби на некого ќе му звучи чудно ама Англија токму на тој дел од теренот нема адекватен фудбалер. Лампард и Џерар се работници, ама не се на нивото на еден Меси, Кака... И Бери и Милнер се тркачи. Руни, пак, е одличен играч, но тешко е да се оцени што се случи со него. Веројатно и повредата си го направи своето. Секоја пауза, колкава и да е таа, може да го наруши системот на работа. Англичаните во ваков состав се дефинитивно предвидлив тим. И нашата репрезентација во ниту еден натпревар со нив не беше надиграна“, објаснува стрелецот на победничкиот гол за Црвена звезда во пенал серијата во финалето на тогашниот Куп на Европски шампиони против Олимпик Марсеј (1991 година), додавајќи дека европскиот фудбал вози по надолнина, а јужноамериканскиот „држи банка на маса“.

„Европејците многу и' робуваат на тактиката, префорсирани се тркачите, се оди на затворање простор. Повеќето се засолнуваат во силата и физикусот и затоа трпи техничкиот дел. Зошто една Јужна Кореја играше добро? Затоа што „десетката“, мислам дека се викаше Парк Чу Јунг, покрај Парк од Манчестер јунајтед, беше брилијантна. Горан Петревски (н.з познат како Чунга Лунга), има искуство со јужнокорејскиот фудбал и ми го посочи уште пред првенството како добар играч. И испадна така“.

Најдобриот стрелец во сите квалификациски групи за ЕП во Шведска 1992 година (10 гола) се сложува дека и Бразил со Дунга е наклонет на таа претпазлива игра, но напоменува дека фантазијата на неколку поединци не дозволува да ја убие динамичната самба. „Кака и Робињо играат на ниво. Одлично се вклопува и Луиш Фабијано. Тој дефинитивно е играч за поголем тим од Севилја“, смета Панчев, кој и во Аргентинецот Игуаин и Мексиканецот Хернандез гледа одлични напаѓачи.

За четвртфиналните дуел Бразил - Холандија Панчев се осудува да прогнозира, ама за оној Аргентина - Германија не.

„Бразил има предност во однос на Холандија. Иако, Холанѓаните се еден од моите фаворите, сепак, на ова СП не играат баш според мојот вкус. И тие се резервирани. Затоа мислам дека Бразил е поблиску до победата. Германија ниту сега против Аргентина не би ја отпишал. Кога ја анлизираме неа мора да се навратиме на темата со интелегентните играчи. Германците го имаат Озил. Тој е вистинското надополнување на нивната рационална игра и секако ефективна со Подолски и Клосе. Озил има фин допир со топката, асистенција, дриблинг, перцепција. Секогаш може да направи играч повеќе. Ќе и биде тешко на Аргентина, која можеби не брилјираше, но јасно се гледа каква улога има мотивациската сила на една фудбалска величина каква што е Марадона“. (Н.К)


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: Kirco
Датум: 02.07.2010 08:11:09
Golem pozdrav do legendata. Kade si majstore? Ni nedostigas. Sejmen

Најди! во Утрински
Спорт
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
„Портокалово“ искушение за Бразил
Кралот се загуби во своето кралство
Претседателот на Нигерија ја суспендира репрезентацијата
Рој Хоџсон нов менаџер на Ливерпул
Оставка на мексиканскиот селектор Агире
Сезона со Вардар или без него?
УО на ФФМ на дводневна седница во Охрид