Родителите се жалат дека без да ги информираат за која вакцина станува збор, им ги вакцинираат децата
Јасмина Јовановска
Девојчиња на 11 и 12-годишна возраст ги вакцинирале против ХПВ вирусот на препад. Ова се случува во некои основни училишта во земјава. Родителите се жалат дека без да ги информираат за која вакцина станува збор, им ги вакцинираат децата во училиштата.
„Како не им се срам да се служат со манипулации за да ни ги вакцинираат децата. Дали на овој начин државата сака побрзо да ги потроши вакцините за да не завршат на буниште“, прашува еден револтиран татко од Берово, кој тврди дека неговата 12-годишна ќерка ја вакцинирале против ХПВ вирусот без да го информираат од училиштето за видот на вакцината. „Здравствената екипа влегла ненадејно на час и сите присутни девојчиња биле вакцинирани“, раскажува таткото, чија ќерка е ученичка во училиштето „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово. Децата, чии родители дознале со која вакцина ќе се вакцинираат, намерно не биле пуштени на училиште, за да ја прескокнат вакцинацијата. Некои, пак, се снашле правдајќи дека се болни.
Од беровското училиште велат дека нема никакви манипулации со ХПВ вакцинацијата. „Од Здравствениот дом имаше јавно известување за вакцинацијата кое беше закачено на огласната табла во училиштето. Некој што си направил своја слика за вакцинацијата е друга работа“, објаснува Кире Стоилковски, директор на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово.
На нашата реакција дека не е доволно јавното известување и дека е незаконски децата да се вакцинираат без да знаат родителите, директорот се потсети на деновите на вакцинацијата што биле пред дваесетина дена и рече: „На децата им беше кажано да ги информираат домашните дека ќе се вакцинираат и да дојдат со еден од родителите. Може некое дете заборавило да пренесе“, се оправда Стоилковски. Според него, ако некој родител не сакал да го вакцинира детето, тоа ќе го почитувале, без разлика што вакцината против ХПВ вирусот е задолжителна, на која инсистира Министерството за здравство и е дел од календарот за редовна вакцинација.
„Министерството за здравство мора да работи и да притиска, но родителот ако не сака да се вакцинира, детето не може сосила да го натераме, изборот за вакцинирања е нивен“, истакнува Стоилковски. Но, тој не објасни дали родителите биле информирани за која вакцина станува збор.
И во Министерството за здравство велат дека децата не се вакцинираат без најава. „Директорката на Центарот за јавно здравје во Берово информира дека една недела претходно за сите вакцини го информира директорот на училиштето, а децата се информирани од страна на класните раководители за вакцинирање со редовните вакцини“, објаснуваат од Секторот за превентивна заштита при Министерството за здравство. Оттаму уште велат дека е доволно тоа што децата со себе мора да ги понесат здравствените книшки. „На денот на вакцинација децата со себе носат и здравствени книшки и со самото тоа родителите се претходно информирани дека тој ден се врши вакцинација“, објаснуваат од Министерството за здравство од каде што додаваат дека ниту едно дете ниту, пак, родител се нема пожалено за начинот на информирање за вакцинирањето. Од Министерството за здравство уште се пофалија дека во овој регион имаат успешна вакцинација од околу 95 отсто опфат на девојчињата. А дали родителите знаат со која вакцина се вакцинираат нивните деца или, пак, се вели дека тоа е редовна вакцинација, никој не одговори во Министерството за здравство.
Decata vi gi tretiraat kako ""zamorchinja" (kako vprocem i site nas sto ne tretiraat) a vo sluzba na farmaceutskite multinacionalni kompanii od "noviot svetski poredok". Ne dozvoluvajte cela drzava da ostane laboratorija za sekogas. Ova se pravelo i vo 1970-tite so opremata za abortusi pred da bide upotrebuvana na "Zapad", kako sto bea izvezuvani placentite vo Svajcaria so objasnuvanje deka ke gi koristele za "pomadi"!?Dodeka zdravstvoto vo Makedonija go vodea i vodat stranci, koalicioni partneri i t.n. po partiski klucevi nam i bukvalno ni se pravi GENOCID! Narode ne go dozvoluvajte toa! Doktori dignete glas pa makar da ve zatvorat vo Idrizovo so drugite kolegi. Barem ke ve pomnat vo idnina kako "disidenti" a ne kako predavnicki gjubrinja! Treba li potsetnik za vakcinata za svinski grip?
Од: doktor
Датум: 04.11.2010 15:02:52
Koja zabluda, kako mozete voopsto i da pomislite deka decata se koristat kako zamorcinja, zar bi bilo podobro da gubime mladi zivoti zaradi nesto koe sme mozele navreme da go sprecime so vakcina. Sekakvi spekulacii se napravija vo vrska so vakciniranjeto minatata godina so vakcinata za svinski grip, no i taa vakcinacija ne pomina loso,ako se prasuvaat tie sto ja primija, megu koi i pogolemiot broj od doktorskata fela.
A za vakvinite za HPV, site se so stav seka e podobro da se vakciniraat devojcinjata , otkolku da zabolat od karcinom na grloto na matkata, a vo ponovo vreme i karcinomite na grlo se so najcesta histopatolpgija so HPV
Од: јас
Датум: 04.11.2010 15:43:36
Да ми е поблиску тој директорот на училиштето , па лично би му покажал што значи присилно вакцинирање на моето дете!! А doktorot-коментатор нека зачути таму , зошто вака правеше еден негов „колега “ во 2ра Св.војна по има Менгеле..Заради профит некој увезе разноразни вакцини од типот „свински грип “ и ХПВ , па сега ние и нашето потомство ќе изигруваме заморчина за нечиј профит!!
Од: Alex
Датум: 04.11.2010 22:05:51
Do Doktorot
.Pocituvan doktore,lanskata godina ovde vo Svajcarija koga bese aktuelen Svinskiot Grip ,Svajcarskite doktori gi sovetuvaa nivnite pacienti da ne gi primaat vakcinite protiv Svinski Grip,makar da edna od trite FIrmi sto gi proizveduvase ovie Vakcini e vo Svajcarija.
Malku nesto nelogicno vo ovaa cela rabota neli?
E moj doktore ,takvite doktori kako vie i pogolemiot del vo Makedonija ama navistina za zal nemate ni malku dostoinstvo od ona sto treba da go imate kako doktori.Lugeto umiraat vo Makedonija za najsitni raboti,nemame ama bas ini malku sigurnost vo zdrastvoto ,zosto ne znam kolku tocno od vasite "kolegi" doktori zemale diploma preku vrski...zalosno..
PS.se nadevam Utrinski ke go objavi mojot komentar.Blagodaram
Од: usa
Датум: 04.11.2010 23:57:13
vo usa e obvrska da se vakciniraat. neznam so tolku ste protiv .