Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Сорос му понудил помош на Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски во Прага се сретна со основачот и претседавач на Фондациите отворено општество, Џорџ Сорос. Средбата се случила на маргините на состанокот на Меѓународното раководно тело на кој нашата земја го презеде претседавањето со Декадата на Ромите од Чешка. Груевски на средбата, како што писмено се информира прес-службата на Владата, го информирал Сорос за активностите за социјална инклузија на Ромите во Македонија во образованието, во областа на домување, вработувањето и здравството. Сорос му понудил на Груевски поддршка за полесен и побрз пристап на Македонија до фондовите на ЕУ за прашања што се поврзани со социјалната инклузија на Ромите во општеството и генерално во однос на спроведувањето на активностите од Декадата на Ромите. За тоа Фондацијата е подготвена да даде помош при организирање иницијален состанок во Брисел до крајот на годината, на кој би учествувале и еврокомесарите што располагаат со соодветни финансиски средства за оваа намена. На тој состанок би се дефинирал буџетот на кој Македонија би можела да смета во текот на претседавањето со Дек��дата на Ромите.

Двајцата соговорници заклучиле дека комуникацијата меѓу Владата и Фондациите отворено општество ќе продолжи на оперативно ниво со цел реализација на предвидените активности на планот на поефикасно претседавање на Македонија со Декадата на Ромите. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2846 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2011 00:11:01
Nasiot premier, Ali Ahmeti i Soros se golemi i iskreni prijateli. Plukacite komunjari neka si puknat od maka, ovcite se istrizani.
Од: Брамони
Датум: 28.06.2011 00:42:36
Ами сега што правиме? Еве се виде кој е главен „соросоид“ во државата, атрибут со кој одат и другите атрибути што токму оваа власт штедро им ги доделуваше на неистомислениците... Пак значи Б.Ц. има вмешано прсти во оваа работа...Ах тој Бранко!
Од: Bici
Датум: 28.06.2011 02:26:02
емоционално ме растрепери оваа вест
Од: Rezzilov
Датум: 28.06.2011 08:10:08
Откако потроши толку пари на б.ц реши малку да се додворува на победниците.Мангупска работа.
Од: Buntovnik
Датум: 28.06.2011 08:31:41
A sto vi velam celo vreme. Gledajte gi pravite gazdi na Makedonija. Poleka, poleka ke ne lapnat, a togas kako Svedimilk za 1 dolar ke ne sitnat. MAKEDONIJO RAZBUDI SE!!!!!!!!!!!!
Од: Topla pregratka
Датум: 28.06.2011 10:00:46
Sto ce kaze Ilija ,Gorcev i Bicikliski na ova? A dali Grujo i Soros se pregrnale pri sredbata?
Од: b
Датум: 28.06.2011 10:35:01
Понуди му и дај му што повеќе пари, за да може многу повеќе да те плука!
Од: Поитар Пејо
Датум: 28.06.2011 11:03:18
Нека пукне од мака Милчин и неговата дружина лешинари..Сега фондовите од Сорос ќе одат по други канали, доста беше ненаменското трошење на истите.
Од: slartibartfast
Датум: 28.06.2011 11:05:40
Interesno e kako sega Latas i Milenko dremat. Prasanjeto e sega kako da ja zavrtat celata rabota i kako da ne ubedat deka od sekogas velele deka e dobro da si sorosoid. Sega uste Grujo da pobara pomos i od Milcin.
Од: inkluzija!!!!!!
Датум: 28.06.2011 11:24:57
mi se zburbati da go citam tekstov do kraj odkako naletav na spicastata kovanica "Inkluzija" . Pa ima li nekoj lektor vo redakcijata? Kako nekoj da se obiduva da nosi Versace a se naprskal i korne na Pitralon ..ili Pokoseno seno.. Sto mu fali na "vklucuvanje"???? I? Da konkludiram, ova e stupidno i luzerski ...ako se razbravme...
Од: В. Кратовалиев
Датум: 28.06.2011 12:36:14
Многу арно, не ке е на арно?! Берзаџијата и неговите тукашни "активисти" добро ја имаат истрасирано патеката на парите и чекмеџињата каде завршуваат. Навиките тешко се менуваат, но..."
Од: blaze m.
Датум: 28.06.2011 13:36:04
Ako i mislite dobro na Makedonija, moj sovet e ponastrana od Soros toj edno dava za da vi zeme tri ili da ve ucenuva za tugi interesi, setetese na kreditot od 25 milio.posle ne ucenuvashe da go menuvame imeto vo koristna Grcija
Од: АББА
Датум: 28.06.2011 13:44:41
Ако понудената помош се пари, нема да има проб лем, ќе ја прими Грујо помошта како поп сарма, без разлика од каде доаѓа.Парите не смрдат а плус, за татковината се работи,нели?
Од: амстердам ��рт
Датум: 28.06.2011 15:49:20
jas bev vo evropa se setav i moram da priznam deka odlicno funkcionira graganskoto opsestvo kako i imaat odlicen sistem mnogu luge ot skopje bi trebalo malku da se prosetaat vo evropa licno go podrzuvam graganskoto opsestvo vo makedonia

Најди! во Утрински
Втора страница
Унгарија бара забрзување на преговорите за името
Стресот убиец на срцето
Иванов
Вербатим

"""