Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Иванов: Дипломатите без бирократски стеги

Македонскиот претседател лично го информираше шефот на дипломатијата за своите иницијативи

Одликувања за заслужни странски амбасадори, но и дебирократизирање на македонската дипломатија, вчера како иницијативи ги поведе претседателот Ѓорге Иванов за време на посетата на нашето Министерство за надворешни работи и средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Иванов на средбата повел иницијатива за дебирократизирање на македонските амбасадори и дипломати. Тој притоа апелирал за зголемување на слободата во дејствувањето на македонските амбасадори со паралелно зголемување на одговорностите по кои и ќе бидат оценувани. Иванов притоа најавил поригорозна анализа и оценување на работата на амбасадорите следејќи ги критериумите за јавна дипломатија, промовирање на македонското стопанство и економската соработка, но и промоција на културните вредности.

Иницијативата на Иванов за одликувањата, пак, е во насока на оддавање признание на странските амбасадори по завршувањето на нивниот мандат во земјава, а кои покажале исклучителен ангажман и значаен придонес во унапредувањето на билатералните односи. Новото одликување би било сосема нов тип одликување што не е предвидено со постојните ордени и одликувања кои се третираат со Закон за одликувања и признанија.

Иванов при посетата на МНР им одржа и предавање на младите дипломати на тема „Дваесет години македонска независна дипломатија“. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 542 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 28.06.2011 11:08:01
Maksimalen respekt kon zafatite i proektite na nasiot pretsedatel g-din Ivanov vo oblasta na diplomatijata. Ocekuvame,eden edinstven rezultat-reper za uspes- nosta na makedonskata diplomatija.Integracija na zemjata vo NATO i EU i stranski investicii.Se drugo e dribling bez topka i diplomatski trik i blef.Nema veke kupuvanje na vreme!.

Најди! во Утрински
Втора страница
Унгарија бара забрзување на преговорите за името
Стресот убиец на срцето
Вербатим
Сорос му понудил помош на Груевски

"""