Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Утре „Песјо срце“ од Михаил Булгаков

За Михаил Афанасиевич Булгаков не се зборуваше многу се до појавата на неговиот роман „Мајсторот и Маргарита“, најден во авторовата заоставштина и објавен во 1967 година. Булгаков е роден во 1891 година, беше познат како автор на неколку драмски текстови. Умре во 1940 година. Требаше да поминат дваесет и седум години од неговата смрт, па с�� издавањето на овој роман најден во неговите ракописи, па да се дознае каков голем писател изгубила советската литература.

Првите литерарни обиди на Булгаков се случуваат во времето на Октомвриската револуција и Граѓанската војна. На 34-годишна возраст, во 1925 година, Михаил Булгаков ја објавува својата прва книга. Тоа е збирката на гротескно-сатирични раскази под наслов „Ѓаволијада“ и уште од тие први раскази се насетува фантастиката како област во која овој писател најчесто се движи.

Неговиот голем расказ „Песјо срце“ е напишан во 1925 година и има фабула од научно-фантастична проза. Но, под обвивката на научната фантастика - експеримент на кој ние денеска сме сведоци, како на сосема рутински зафат - пресадување срце, Булгаков зборува за моралните проблеми на нашиот век, не пропуштајќи притоа да биде мошне сатиричен кон своите современици. Во изданието од 1925 година, Константин Симонов, претседател на Комисијата за книжевна оставина на Булгаков, во предговорот ќе напише: „Во богатиот талент на Булгаков, во текот на целокупната книжевна дејност на писателот како да живееја во соседств��то, грабнувајќи ја еден од друг палмата на првенството цели три различни таленти: талент на сатиричар, талент на фантаст и талент на реалист, склон кон строга и точна психолошка анализа“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 264 пати.

Испрати коментар

Од: Trajan
Датум: 29.06.2010 09:53:28
I, kade se i koi se: preveduvacot, izdavacot....? Ednas se naucuva ideka treba da se spomenat istotaka vaznite raboti!!!!

Најди! во Утрински
Култура
Иван Поповски се врати во детството
„Шивачки“ на Гарванлиева на Сараевскиот фестивал
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Концерт на Скопскиот дувачки квинтет
„Изгубена верба“ утре на „Скопско лето“