Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„Шивачки“ на Гарванлиева на Сараевскиот фестивал

Новиот документарен филм на Билјана Гарванлиева, „Шивачки“, е селектиран во Документарната натпреварувачка програма на 16. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја доживее својата светска премиера. „Шивачки“ е трет филм на Гарванлиева, кој е целосно снимен во Македонија, но за разлика од претходните два нејзини филма, овој филм ја доби поддршката на Филмскиот фонд. „Шивачки“ повторно се занимава со една македонска тема, осврнувајќи се на транзицијата и на нејзините последици, социјални, семејни, интимни. Имено, Гарванлиева низ приказните на три жени, ја раскажува сторијата за нивниот живот и работата како шивачки за странски фирми, која е толку иронична, што една од блузите кои ги работат во продажба чини исто колку нивните минимални плати.

Станува збор за жени кои се надарени уметнички или писателки, но кои за да обезбедат егзистенција за своето семејство во Штип го работат единственото што можат, шијат блузи за странскиот пазар. Нивните мажи се невработени, бидејќи нема можност било што да работат. Гарванлиева се осврнува на сето она што една ваква ситуација го носи како последица, конфликтите во семејството и судбината на децата „кои се наоѓаат зад завесата на глобализацијата“.

Во конкуренција се 17 филма од 11 земји. Како што вели селекторката Рада Шешиќ, оваа година е застапен голем број земји, меѓу кои и Австрија, Унгарија, Турција, па дури и Кипар, каде што продукцијата на документарни филмови е многу мала. Нашата земја е претставена од Билјана Гарванлиева и нејзиниот трет филм, на кој работеше голема македонска екипа. Конкуренцијата годинава е силна, бидејќи како што вели Шешиќ, се' повеќе авторите успеваат да стигнат до домашните и странски фондови, а исто така и да привлечат значајни европски телевизии, како што е филмот на Гарванлиева, кој има поддршка од германскиот ZDF. Сараевскиот фестивал годинава ќе се одржи од 23 до 31 јули. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Иван Поповски се врати во детството
Утре „Песјо срце“ од Михаил Булгаков
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Концерт на Скопскиот дувачки квинтет
„Изгубена верба“ утре на „Скопско лето“