Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Иван Поповски се врати во детството

Со „Алиса од онаа страна на реалноста“, македонскиот режисер повторно е во центарот на вниманието на театарскиот живот во Москва

„Повеќе од десет години замислував да поставам детска претстава во театарот на мојот професор „Работилница на Петр Фоменко“. Режирајќи бајка сакав да се вратам во детството, да го разбудам ��омчето во себе.

Мене ми се допаѓа кога мојот учител Пјотар Наумович Фоменко

им вели на актерите: „Се' беше, само вас ве немаше“. Јас сметам дека режисерите, дури и оние најпознатите и најталентираните треба да имаат своја мисија, не само да засадат дрво, да изградат дом, да имаат деца туку и да режираат детска претстава“, вели Иван Поповски.

Македонскиот режисер Поповски истакнува дека неговата претстава не е инспирирана од успехот на филмската верзија „Алиса во земјата на чудата“ на Тим Бертон. Јасно е дека на претставата на Поповски, поради неговата популарност ќе доаѓаат не само деца туку и возрасни без оглед што станува збор за бајка. „Иако бајката ја режирав поради децата, посетите ќе бидат семејни. Ме наговараа дека времетраењето не смее да биде повеќе од 45 минути, и да се прикажува во текот на денот. Тврдеа дека децата не можат да гледаат подолги претстави. Меѓутоа, кај мене претставата сепак се оддолжи и првиот чин трае 80, а вториот 65 минути. Претставата ќе се прикажува во сабота и во недела во 18 часот. Знам дека претставата трае долго, но таа е наменета за деца постари од седум години. Верувам дека нема да им биде здодевно и дека ќе можат да ја одгледаат“, вели Иван Поповски.

Интересно е тоа што Иван се занимава со фокуси (трикови) од детство. „Мојот татко имаше пријател кој беше хипнотизер и фокусник. Кога одевме кај него на гости, за мене тоа беа најубави моменти. Тој ми ја подари книгата како да се прават фокуси. Јас и сега сакам да одам на шоу-програми на илузионисти. Два пати го гледав Коперфилд, и многу се лутев на себе кога не можев да сфатам на кој начин прави некој трик“, вели Иван.

Наесен Иван уште еднаш ќе ги израдува московјани. Тој подготвува мјузикл во центарот на Центарот на Дубровка, „Тагањка“, на истото место кој беше одржуван познатиот „Норд Ост“, каде што чеченските терористи со денови држеа заложници за на крајот да се случи трагедија.

„Режирање на мјузикл за мене е логично продолжение на моите обиди и експериментирања на основа на музикалниот театар. Исто како што моето доаѓање во операта беше логична последица бидејќи се занимавав со поетски театар. Дури и музичките минијатури кои ги работам со Олег Синкинин во театарот на Јелена Камбурова се меѓу драмски и музички театар.

„Обично чудо“, нема да биде обичен мјузикл бидејќи во него ќе има многу драмски театар, изјави Иван Поповски за „Утрински“. Тој додаде дека работата на тој мјузикл ќе започне во август, а публиката ќе го види во октомври. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 489 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Шивачки“ на Гарванлиева на Сараевскиот фестивал
Утре „Песјо срце“ од Михаил Булгаков
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Концерт на Скопскиот дувачки квинтет
„Изгубена верба“ утре на „Скопско лето“