Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Од краставиците загуба од 10 милиони евра

Откупната цена на доматите, која во минатите години се движела од 34 до 42 денара, сега падна на 18 денари

Сања Наумовска

Од 5 до 10 милиони евра штета ќе претрпат оваа година македонските производители на оранжериски зеленчук. Запирањето на извозот поради фамозната ешерихија коли, но и енормното поскапување на мазутот со кој се загреваат пластениците ја уништи сезоната на земјоделците. Краставиците и доматите не се продаваат ниту на домашниот пазар. Откупната цена на доматите, која во минатите години се движела од 34 до 42 денара, сега е само 18 денари. Некаде се нудат и за 10 или 12 денари, само да се продадат., Земјоделците немаат сметка ниту да ги пакуваат краставиците, па завршуваат директно на депонија. Голем број производители се одлучија и да ги запалат насадите со краставица за да не западнат во уште поголеми трошоци.

Решението, според Групацијата на производители на оранжериски производи при Стопанската комора, ќе се бара во зголемување на субвенциите што ги доделува Владата. Барањето е веќе испорачано до надлежното Министерство за земјоделство. Производителите бараат можност загубите што настанаа како последица на затворањето на европските пазари, делумно да им се покријат и од европските фондови. Од надлежните институции ќе бараат и компензација за високите цени на мазутот, како и кредити со повластени каматни стапки од домашните банки.

„Над 80 проценти од оранжериското производство во земјава е ориентирано на краставици и на домати, кои се и најмногу погодени од актуелната криза. Најголемиот проблем настана кога Русија и Шведска ги затворија пазарите за увоз, а македонското производство остана на нивите. Ако на оваа ситуација и го додадеме и фактот дека од 2009 година досега мазутот поскапил за 269 проценти, штетите што ќе ги претрпиме се огромни“, вели Тодор Черепналковски, претседател на Групацијата.

На производителите нема да им помогнат ниту убедувањата од домашните надлежни институции дека македонскиот зеленчук е безбеден и сосема исправен за консумирање, односно дека во него нема присуство на бактеријата ешерихија коли. Извозот на доматите од јануари до средината на јуни годинава е намален за 18 отсто во однос на истиот период лани, на краставиците за 23 проценти, а на зелката околу 69 отсто.

Минатиот викенд министерот за земјоделство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски на прес-конференција објавија дека по вонредни контроли на над 40 примероци зеленчук, земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските производители, резултатите покажале дека доматите и краставиците се стопроцентно сигурни за јадење. Тие самите пред камерите пробаа од свежите домати и краставици. Министерот Димовски најави дека министерството веќе размислува да предложи зголемување на директните плаќања и на висината на субвенциите по хектар и по килограм од сегашните 90 илјади денари како поддршка за настанатите штети.


#
Статијата е прочитана 581 пати.

Испрати коментар

Од: Antonio
Датум: 21.06.2011 10:05:04
Rusija i Ukraina se otvoreni za makedonskiot domat i krastavica. Jas sam za poslednite 2 nedeli uvezov vo Ukraina 60 tona domati. Makedonskiot domat vo Ukraina e baran i se ceni kako mnogu kvaliteten.

Најди! во Утрински
Економија
Грчка трагедија - последен чин
Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за еден и пол денар

"""