Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за еден и пол денар
Бензините од денеска поевтинуваат за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за 1,50 денари, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика. Така, во наредните 15 денови, цената на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73,50 денари за литар, а на „Еуросупер БС-98“ 75 денари за литар. Дизелот, пак, ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар.
Екстра-лесното масло за домаќинство поскапува за 1,50 денар за литар и ќе се продава по цена од 57,50 денари, а цената на мазутот се зголемува за 1,279 денари за килограм и ќе чини 42,443 денари.
Од Регулаторната комисија за енергетика го објаснуваат зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати со покачувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14- дневен период и со промената на курсот на денарот во однос на доларот. (МИА) |