Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Грчка трагедија - последен чин

Грција предолго живееше над своите можности и на фалсификувани билансни цифри

Борис Џонсон: Грција да банкротира и да ја напушти еврозоната, вели градоначалникот на Лондон. Владата на премиерот Дејвид Камерон да не учествува уште еднаш во спасувањето на Грција, заедно со другите членки на Европската унија. Тој сугерира наместо бесконечно помагање со давање кредити финансиска помош за да се оспособи и да биде способна да ги пла��а своите сметки, Грција да се остави да банкротира и да ја напушти еврозоната.

Едгардо Бускаља: Грчката криза ја привлекува мафијата, смета светскиот експерт за организиран криминал. Тој ја советува и американската влада по тоа прашање и предупредува дека Грција е идеална цел за криминалците: државата е во сериозни проблеми, следува приватизација на многу компании – и никој не прашува детаљно од каде доаѓаат парите. „Главно е дека се инвестира - во недвижни имоти, деловни и трговски центри, во банки...

Дидие Рејндерс: „Постои опасност од зараза, ако Грција не е во состојба да си ги отплаќа долговите. Кризата ќе ги зафати Белгија и Франција, вели белгискиот министер за финансии. Иако Грција е прва земја со таков проблем, но сега погледите се свртени кон Ирска, Португалија, Шпанија и Италија. Но, веројатно е Белгија и Франција да се имаат финансиски проблеми имајќи го предвид нивото на дефицит и задолженост“.

nИзложеноста на грчките банки кон долгот на грчката влада се проценува на 70 милијарди евра, износ што е двојно поголем од нивниот капитал.

nСивата економија во Грција надмина 20 отсто од БДП.

nСега вкупниот надворешен долг достигна близу 350 милијарди евра, или 142 отсто до БДП, односно од вредноста на сите производи и услуги што Грција ги произведува во една година.

nПоради тоа беа предложени остри мерки за закрепнување што подразбираа, намалување на трошоците на државната администрација и здравството, замрзнување на платите на функционерите, зголемувањето на даноците и на пензиската граница.

nЗа спас на државата од банкрот, грчката влада предложи петгодишен план за штедење што предвидува намалување на трошоците за 78,4 милијарди евра и нови мерки за зголемување на буџетските приходи преку продажба на државен имот, со цел дефицитот во буџетот да се сведе под 1 отсто од минатогодишниот 10,5 отсто од БДП.

nПред една година Грција доби помош од 110 милијарди евра од ММФ и од ЕУ за да не банкротира. Сега станува јасно дека на Грција ќе и' биде неопходен уште еден пакет помош, кој, според процените, повторно би можел да достигне 100 милијарди евра

nВладата на Папандреу го намали буџетското трошење, ги зголеми даноците, укина бонуси и четиринаесеттата плата, бенефицираниот стаж за многу професии, но долговите и натаму ја притискаат Грција.

nПриватизацијата на државните фирми нема да биде доволна, па се советува Грција да почне да продава сопствена територија.

nСамо една година невработеноста во Грција пораснала за 40 проценти, па во март вкупно 812 илјади луѓе биле без работа.

nДо 2015 година Грција само од камати треба да врати долг тежок 190 милијарди евра.

nМинистрите за финансии од еврозоната постигнаа договор за исплаќање на петтата транша од минатогодишниот кредит одобрен за Грција до средината на јули под одредени услови.

nПостигнат е и начелен договор за условите за одобрување втор, нов пакет помош за оваа земја, со цел да се избегне банкрот, а деталите треба да бидат усогласени до почетокот на јули.

nДоговорено е новата транша од кредитот да и' биде одобрена на Грција под услов грчкиот Парламент до крајот на јуни да усвои нов план за штедење и приватизација на јавниот сектор.

nДоколку се одобрат новите средства, Грција ќе добие 12 милијарди евра како дел од минатогодишната помош на ЕУ и на ММФ, во износ од 110 милијарди евра.

Томе Неновски Грција премногу долго го криеше наталожениот долг, и тоа најмалку кога требаше, кога стана членка на Европската монетрана унија. Кулминацијата беше достигната во 2008 година, кога веќе не можеше да се крие, како резултат и на светската финансиска криза. Каде оделе парите? Прекомотно се трошеле пари за непродуктивни цели. Високи плати на јавните службеници, кои примаа и 13,14, па и 15 плата, божиќна, велигденска и годишноодморска, а немаа соодветна продуктивност за да одговорат на тоа. Во пензија се одеше со 55-56 години старост, а во цела Европа се оди во пензија со над 60 години старост. Високото ниво на корупција, преголема даночна евазија, избегнување плаќање даноци. Според некои бројки, 25 отсто од грчката економија не плаќале даноци.

Мирољуб Шукаров Политичкиот популизам во секоја земја е главната причина за банкрот. Политичките партии во Грција се натпреваруваа со години, која повеќе ќе вети, а потоа мораа и дел од нив да исполнат. Тоа е лажна демократија. Луѓето сакаат да слушнат дека ќе имаат од една страна ниски даноци, царини, бесплатно здравство, а од друга, повисоки пензии, плати, социјална помош. Тоа е економска алхемија, так��ите политики водат во пеколна состојба. Тоа е болест што е неизлечива, не верувам дека некој има лек за неа. Секоја власт станува зависна од дефицитите што ги направила претходната. Новата влада продолжува да ги крие вистинските бројки и влегува во нови долгови. Тоа продолжува така се' додека не пукне. Вкупниот надворешен долг на Грција сега зазема 140 отсто од БДП. Таа е зависна од странските пари.

Глигор Бишев Она што е битно за Стопанска банка е дека капиталот што го има Националната банка на Грција инвестирано во СБ е од неповратен и траен карактер, односно без можност за повлекување, бидејќи станува збор за акционерски капитал. Исто така, во изминатите десет години акционерите одлучија целокупната добивка на СБ да остане во банката во форма на траен капитал. Истото тоа се реализираше и во оваа кризна 2011 година, со добивката од претходната година. Тоа не е случај со ниту една друга банка во Македонија што е во странска сопственост. Од тој аспект она што е важно за нас е дека СБ нема никаква изложеност кон грчката држава, има висока адекватност на капиталот од 18 отсто, високоликвидна, има 100-процентна резервираност на нефункционалните кредити, ефикасно корпоративно управување и управување со ризиците.


#
Статијата е прочитана 1408 пати.

Испрати коментар

Од: K2
Датум: 21.06.2011 12:57:56
Приватизацијата на државните фирми нема да биде доволна, па се советува Грција да почне да продава сопствена територија. Vreme e EGEJSKA MAKEDONIJA da se vrati kon maticata majka-Republika Makedonija se razbira minus grcite sto ziveat vo nea......

Најди! во Утрински
Економија
Од краставиците загуба од 10 милиони евра
Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за еден и пол денар

"""