Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Поглед

Изрезилена љубов

Горан Адамовски

„Мене ми пиша порака“. „Лажеш, не ти пиша тебе порака“. „Не лажам, мене ми пиша“. „Е, лажеш, и' пиша порака на друга, ама не ти кажувам на која“.

Да беше Тоше жив, ќе имаше што да види и да слушне. На едната негова блиска личност и' стана животна опсесија целиот свет да дознае дека му била девојка, а на другата да докаже дека оваа првата лаже. И бидејќи го нема оној во кого се колнат сите, на суд ќе докажуваат за кого чукало срцето на момчето кое ги сакаше сите луѓе со еднаков жар.

Знаат ли овие две дами, кои имале шанса да бидат блиску до една таква прекрасна личност како што беше Тоше, дека тој со презир гледаше на лакомоста, неучтивоста, посесивноста, одлики карактеристични за луѓето? Изгледа попусто биле крај него кога ништо не научиле.

Замислете, едната морала да оди на психијатар затоа што оваа другата јавно рекла дека оваа првата не му била девојка. Па, зар тоа е љубовта, сите да знаат кој ти е момче или девојка или, пак, споменот за нежноста, убавото минато време, романтиката и полната душа треба да останат зачувани во срцето и да ти даваат сила да ја пребродиш тагата?

Зар мораш на сите да им кажуваш дека со твојата љубена личност „сте се туширале заедно“, дека ти пишал „лепо мое“, дека „му фалиш“...

Што сака па оваа другава дама, која упорно инсистира дека Тоше не ја сакал ниту и' бил момче на оваа првава? Како да е тоа најважно.

И нека одат сега на суд, нека им се смее целиот Балкан, нека видат сите како тие што се колнат во Тоше се „борат“ за неговата љубов. Можеби сакаат парите да им ја вратат празнината што остана од ланскиот октомври.

А дали оваа првата му била девојка на Тоше? Искрено, баш ми е гајле. Само нека се мавнат подалеку и нека го остават да почива во мир.


Статијата е прочитана 1446 пати.

Испрати коментар

Од: obozavatelka na toshe
Датум: 25.12.2008 00:05:10
voo slucajov ne ja krivite ljilja. taa e pokaneta na sud ne e tamu po svoja volja, a toa sto negira e deka ne saka da se prlja imeto na toshe i nekoj da zbira slava i publicitet na negova smetka. budimir so voite postapki stana odvratna i se pokaza kolku e suplja mislam nema ni shkolo zato kako sto pisavte uste prv den otkrivase intimnosti dodeka ljilja taguvase. sepak toshe ljilja ja odbra za vtora majka a budimir za tajna - toa mnogu kazuva. gi molam site citateli na sajtot na gradot skopje da glasaaat za spomenik na toshe na plostad. cudno nestoo se desava - 60% se izjasnnile protiv - stabovite na vmro rabotat po direktiva za alek makedonski , ne im e griza niv za toshe nitu nekogas im bilo
Од: Jan
Датум: 25.12.2008 00:07:25
Лиља е повикана на суд,а не дека таа сакала самата да се појави,така да ја плукаш без основ,но тоа се случи и после смрта на Тоше,кога дел од несовесните новинари ја напаѓаа.Досега нема дадено ниедна изјава освен кога е прозвана од вакви или онакви ликови.Према тоа,ако толку ги цениш вредностите на некого што не плукал по никого,и како што велиш сите ги сакал,немој ни ти да плукаш барем не без основ. А колкава е таа ,,љубов,, која мене ми мириса на заработувачка а не на љубов,дотичната покажа со тоа што само недела дена после погребот даваше изјави и се сликаше за новини.
Од: yahoo
Датум: 25.12.2008 01:07:24
teska budalshtina, za zal po se izgleda odat po terkot na Gruevski __ Frckovski... money money money.
Од: Пинг
Датум: 25.12.2008 07:25:43
Многу едноставно решение. И двете по 10.000,оо евра за навреда на блиските на Тоше (а такви не има многу). За многу помали глупости беа казнувани новинари и други пишувачи на колумни. Па затоа сум сигурен дека судијата-ката, без проблем низ тефтерите ќе најде некој параграф да ја оправда предложената казна за обете Г-ѓи. До сите коментатори: ДЛАБОКО ВЕ МОЛАМ- пишувајте Кирилица. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: z.n
Датум: 25.12.2008 08:18:37
Baba mi velese"vnucko tesko na onoj sto go nema".No i mnogu tesko za negovoto semejstvo,zatoa sto zmiite si gi pokazaja rogovite.
Од: obicen gragjanin
Датум: 25.12.2008 08:23:55
Sramota!!Tolku e prizemno i nisko sto mi se gadi!Kako ne im e sram i na dvete!Ima sosema pravo novinarot:ja rezilat cistinata na Toshe,ja rezilat chistnata na ljubovta,ako voopsto znaat sto e toa i dvete!Ve molam, kako mediumi,da prestanete da go sledite ovoj cirkus!Glupachki nevideni se i dvete i shteta sto bile do Toshe,ne mu stignuvaat ni do gluzdovte!
Од: vesna
Датум: 25.12.2008 11:34:40
SRAMOTA
Од: od koleska
Датум: 25.12.2008 11:37:29
Goran, bravo!!
Од: petar
Датум: 25.12.2008 11:54:11
PARI PARI PARI PARI STO DRUGO DA SE KAZE KADE IMA PARI NEMA LJUBOV ILI I TIE DVE VAKA JA MANIFESTIRAAT LJUBOVTA PARIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII.
Од: fan
Датум: 25.12.2008 13:16:10
Neznam zosto Ljija uporno sakase da dokaze deka Tose nemal vrska so Budimir , a i bese izbezumena koga ce doznaese za nekoja simpatija na Tose??? Mene tuka nesto mi e nerazbirlivo (somnitelno ). A i toa sto Ljija ne bese pozelna od Familijata na Tose???? Ostavetego ANGELOT NAS neka pocva vo mir , a nas kako za uteha deka imavme privilegija da ziveeme so nego,kratko za zal.
Од: ramadan
Датум: 25.12.2008 14:28:39
Ako i ljubovta dojde na sud,znaci nema ljubov tuku interes.Vo slucaj taa nepismena Budimir,navistina imala barem malku ljubov,kon pokojniot,od moralni pricini nemase da go dovede slucajot na sud.Medjutoa ovde nema moral ni etika,tuku gnasotii za pusti pari.Ne bi sakal ponataka da citam za ovoj slucaj,neka zeme partalite i neka si odi od Skopje.Neka najde mesto kade biznisot ce i trgne,a ne na vakov nemoralen nacin da dojde do pari.Ve povikuvam vo Februari vo sudnica,na denot na sudenjeto pa neka nas ne pogledne vo oci,ako voopsto ima moral.Zatoa i predlagam da ja povlece tuzbata za da ne se bruka,ako vece nee docna za bilo kakva ispravka na etickite normi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Карикатура
Хеликоптерот паднал поради редица пропусти
Брана за професорите да предаваат на приватните универзитети