Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Брана за професорите да предаваат на приватните универзитети

Дури 150 професори работат хонорарно, надвор од редовниот ангажман во државните институции

Жаклина Хаџи-Зафирова

Универзитетските професори кои се вработени на државните факултети, ако сакаат да работат хонорарно на некој од приватните високообразовни институции, ќе треба да бараат дозвола од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа е една од промените што ќе ги воведе новиот ректор Велимир Стојковски, кои ги најави како дел од својата агенда за „ставање ред на Универзитетот“.

„Не може и понатаму асистентите да ги водат испитите и вежбите, а професорите да ги нема никаде“, е коментарот што ни го даде ректорот. Во Ректоратот деновиве пристигнаа и последните анкетни ливчиња за дополнителниот ангажман на професорите, кои претходно ректорот им ги испрати на професорите од Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Според нив, дури 150 професори се изјасниле дека работат хонорарно, надвор од државните институции каде што се во редовен работен однос.

Во анкетата што ја организираше Ректоратот на Скопскиот универзитет биле анкетирани вкупно 2.000 професори, асистенти и соработници по разни основи. Од нив, 150 потврдно одговориле на прашањето дали се ангажирани надвор од институцијата, а од нив не се барало да кажат колку се платени за ангажманот. Но, толкава е и бројката на оние што не дале никаков одговор и не ги пополниле анкетните ливчиња. Ректорот Стојковски најави ригорозни мерки за сите оние кои погрешно ќе го известат за своите ангажмани или, пак, нема да ги пополнат ливчињата. Оние, пак, што ќе го скријат дополнителниот ангажман ќе добијат отказ.

„Во иднина, највисокото тело на Универзитетот - Сенатот ќе биде оној што ќе им дава дозвола на професорите дали ќе може да работат на друго место надвор од Универзитетот, за што досега одлучуваа нивните матични факултети“, дециден е ректорот. Оваа мерка тој ја најави како дел од својата стратегија за да се поврати имиџот на Скопскиот универзитет, нешто што го нагласи и кога беше избран за прв човек на Универзитетот.

Не е тајна дека дел од професорите на државните универзитети предаваат или имаат „тезги“ во други установи, но тоа досега не беше контролирано од страна на државата. Се случуваше професор да е ангажиран на повеќе места, но тоа не беше ограничено се' досега.

До факултетите е испратено писмо од Универзитетот во кое се цитираат одредби од Законот за високо образование, во кој е наведено дека отсега Универзитетот ќе дава согласност за надворешниот ангажман на професорите од државните факултети. Но, тоа нема да се однесува и доколку професорите сакаат да предаваат на државните факултети во рамките на Универзитетот, за што ќе им биде доволна дозволата од матичниот факултет.

Вакво писмо е испратено и до Економскиот факултет, чии професори имаат соработка со Машинскиот и со Филолошкиот факултет во размена на професори за предавање.

Деканот на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, објаснува дека досега немале одлив на кадри на други факултети, со исклучок на двајца пензионирани професори, кои отишле на ФОН и на Европскиот универзитет. „Но, имаме и други професори кои се пензионирале и си останале доследни на оваа институција, бидејќи не работат никаде хонорарно по пензионирањето“, додава Шуклев.


Статијата е прочитана 838 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 25.12.2008 00:17:52
nigde vo svet go nema ova. sto ke pravat profeorite vo lobodnoto vreme e nivna rabota; ako sakaat na sto mesta neka rabotat honorarno dokolku imaat energija; mozda i finansiski imaat potreba od toa. ne znam kako se voveduva so ova red. ova vmrovcive kako da se ljubomorni i zavidlivi na sve zivo stoe sposobno da zaraboti dinar poveke pa ko lehinari navalile da mu cicaat krv. zata sto oni toa nikogas ne bi mozele - da ne im e partijata sto gi stava da dremat po upravni odbori nemaat kapacitet za nisto. potoi edna masovna odbojnost kon sve sto e pametno uceno i sposobno, ne daj boze nekoj nagrada da dobie odma po nego hajka za omalovazuvanje i degradiranje. treba da ste nedovetni kako bicikliski valkda da ne ste upadlivi
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 02:32:47
ова е вистински момент да се стави ред на хаосот во високото образование. Доста веќе со тоа асистенти и демонстратори да ја вршат целата работа на професорите, а тие пак да се појавуваат само од испит на испит и да си играат со студентите.Уште повеќе треба да се постави јасно разграничување на тоа кој професор на кој универзитет предава.Зошто невозможно и нереално е еден професор да предава на 2 или 3 универзитети, а уште понелогично е пензионирани професори од по 80 години да предаваат и да ги држат местата по факултетите.Па дајте им шанса на помладите да се докажат. Ја поздравувам оваа иницијатива на новиот ректор Владимир Стојковски и министерството за образование еднаш за секогаш да се стави ред во високото ообразоване
Од: mika
Датум: 25.12.2008 07:58:27
Kako toa go zamisluvate, mozat sto sakaat vo slobodno vreme. Koe e toa slobodno vreme, koga za vreme na casovite gi ostavaat asistentite a tie predavaat na drugi fakulteti za pari. Naprotiv, ova go nema nikade vo svatot. Ako sakaat pari neka odat celosno na privatnite fakulteti, pa da vidat tamu kako se odnesuvaat so niv. kako ucenicinja. Mora da dojdat na vreme da si odat na vreme, a ne kako na drzavnite univerziteti, sto im stana korzo prosetka.
Од: devicanecot
Датум: 25.12.2008 08:14:01
Kakvo slobodno vreme za profesorite? Pa tie voopsto gi nema na predavanja..... Odvaj ce gi najdete za na ispit, ili istiot go vodat asistentite. A predvanjata... se posebna prikazan.Pa znaete do sega kolku vo isto vreme bea i profesori i ministri, i profesori i antikorupcioneriiii.. So dve glavi li se tie???So cetiri noze, cetiri race???? Ste posetile li nekoe predavanje na fakultet sto go odrzal Frcko, ili porano Topurkovski??? Se slucuvase cesto poradi otsutnost na profesorite i celi ispitni sesii da propagjaat???
Од: viki
Датум: 25.12.2008 09:16:33
Visokoto obrazovanie vo momentov e cirkus neviden.90% od profesorite si imaat tezgi nadvor od sopstvenite fakulteti, na istite ne se pojaveni za zivi a platite i razliite za zgolemen obem si gi zemaat povece od site. Ziv stram se nivnite asistenti i demonstratori koi dve recenici ne znaat da povrzat edna so druga a se primoranii siroti da gi zamenuvaat nivnite profesori vo maticnite fakulteti pa duri i da im gi sobiraat parite za prodadenite ucebnici od nivnoto visocestvo "profesor" . Vprocem tie im sluzat samo za toa pari,pari i samo pari........
Од: Skopje via Aerodrom
Датум: 25.12.2008 10:31:24
Da dojdes na PMF vo 8 nautro i da najdes profesor e kako bingo da si dobil. More kartici da im se vovedat za vlez i izlez da se evidentira. Kaj da e edno 3-4 saata nedelno rabotat.
Од: /не/демократ
Датум: 25.12.2008 11:35:58
Господине Демократ, А каде ја има оваа анархија на факултетите како во Македонија: Кое кави универзитети, приватни, со звучни странски имиња, никнуваат во Скоп��е, а нивните „звучни„ матични универзитети се последните дупки на свиралото на рангот на универзитетите во САД, Англија, Франција. И што кадар се исфрлува. Уплатиш 10 000 евра и еве те дипломиран политиколог, дипломиран информатичар, дипломиран новинар, дипломиран полицаец и други смешни звања. А за слободното време, па еден професор да биде на ниво треба малку и да чита, да се образува. Башка, тие воопшто ги нема на матичните факултети. Затоа, браво за ректорот Стојковски, треба еднаш да се стави ред и на Универзитетот во Скопје.
Од: petar
Датум: 25.12.2008 11:49:57
Ne sakam da se konfrontiram so komentatori ali g.demokrat neka gi procita site posledovatelni komentari i neka razmisli kade zgresil.Kako prvo so takvoto angaziranje se poremetuvaat poveke nacela: 1se zgolemuva prosekot na plata vo R.M. 2 se namaluva aktivnosta na takov profesor poradi sto ima na sekoja katedra i asistent a toj ke se pojavi za da zeme plata i honorari. 3se zgolemuva mitoto i korupcijata oti i asistentite se lujge. 4se zgolemuva nevrabotenosta zatoa sto ne im se dava pravo na diplomirani profesori bez rabota da ostvarat pravo na rabota namesto da rabotat cetvorica raboti eden . 5 se namaluva prihodot vo site ustanovi kako zdravstvo i penzisko 6se degradira skolstvoto posto penzioneri predavaat znaci nema kadar da gi zameni. 7 profesorite sto"im" prenesle znaenje na studentite sto ne pokazale nikakvi rezultati da se izbrkaat od nivnite katedri znaci ne se sposobni .
Од: ivona
Датум: 25.12.2008 13:34:29
Odlichno rektore! Mora da ima barem malku red...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Карикатура
Хеликоптерот паднал поради редица пропусти
Изрезилена љубов