|
|
|
|
|
|
Мислења
Од диктатура до демократија
Ѓорѓи Спасов
Американецот Џин Шарп стана познат како автор на најдоброто упатство за ослободување од стравот во недемократските режими
Американскиот претседател Хари Труман има речено: ,,Кога една влада ќе се реши да ја замолчи опозицијата, нејзе и' останува само еден единствен начи�� на владеење. Тоа е владеење преку зголемување на репресивните мерки се' додека Владата не стане извор на теророт кон сите сопствени граѓани и не создаде држава во која секој живее во страв“.
Но, еден негов сограѓанин по име Џин Шарп стана познат во светот како автор на најдоброто упатство за ослободување од стравот во недемократските режими. Тој емеритус професор на политички науки од Универзитетот во Мисисипи, кој во 2009 година беше кандидиран за Нобеловата награда, во 1993.година ја напиша книгата ,,Од диктатура до демократија“, за потребите на Бурманското движење на отпорот. Таа книга, која има само 90-ина страници, стана Библија на младите што протестираат низ светот. Таа е преведена е на над 30 светски јазици (но не и на македонски) и е еден вид прирачник за изведување на револуции без насилство. Многумина сметаат дека резолуциите во Египет, во Тунис, но и во Србија, Украина и други држави се изведени токму според упатствата од оваа книга.
Неговата основна порака во книгата е дека ,,моќта на диктатурите (или на недемократските режими) произлегува од доброволната послушност на народите во земјите кај што таквите режими се воспоставени. И ако луѓето можат да развијат техники за повлекување на нивната послушност, таквите режими ќе паднат“.
Во 14 век, вели тој, во феудална Кина, постоел некој човек кој го нарекувале „господар на мајмуните“. Тој чувал мајмуни на својот имот кои имале задача секој ден да одат во блиската шума и да берат шумски плодови а една десетина од набранато да му го донесуваат на својот господар. Оние што не сакале тоа да го прават биле камшикувани. Еден ден, еден од помладите мајмуни прашал: „Гоподарот ли ја има засадено шумата од која береме и му носиме плодови?“ А откако му одговориле дека тој не ги засадал дрвата туку дека сами растат, прашал: „Па зошто ние него го храниме?“ Таа вечер мајмуните ги урнали оградите од затворот во кој биле чувани, го зеле од магацините насобраното овошје, отишле во шумата и никогаш повеќе не се вратиле. Тие преку сопствено просветлување ја освоиле слободата, а господарот на мајмуните велат умрел од изгладнетост.
Џин Шарп не тврди дека ненасилните револуции се едноставна работа.
Напротив. Тој само укажува дека е тоа можно и ги дава следните основни препораки:
Прво. Мара да имате стратегија за освојување на слободата и визија за општество какво што посакувате.
Второ. Надминете го стравот преку мали акти на давање отпор. И тој наведува 198 техники на давање ненеасилен отпор што се покажуваат извонредно корисни во борбата со недемократските режими.
Трето. Користете бои и симболи за да го демонстрирате единството и отпорот.
Четврто. Учете од историските примери на успесите на нанасилните револуции.
Петто. Идентификувајте ги столбовите на поддршката на диктаторскиот режим и развијте стратегија за нивно разнишување.
Шесто. Изолирајте ги од движењето оние што користат или заговараат насилство.
Седмо. Не дозволувајте вашата енергија за соборување на недемократскиот режим да биде искористена од сили и поединци кои по соборувањето на еден таков режим би воспоставиле уште понедемократски.
Секој режим, ќе заклучи Шарп, може да се одржува ако располага со суштествените извори за зачувување на својата моќ:
Власт - која е заснована врз уверувањето на мнозинството дека е стекната на легитимен начин и дека токму затоа тоа мнозинство има морална обврска да се придржува до нејзините барања и наредби.
Човечки ресурси - односно определен број личности групи од населението кои се послушни, кооперативни и кои им ја обезбедуваат главната поддршка и помош на владетелите.
Вештини и знаење - кои му се потребни на режимот за да спроведува определени акции преку личностите и групите што го поддржуваат.
Мотивација - психолошки и идеолошки фактори поради кои луѓето би биле послушни или би им помагале на владетелите да владеат.
Материјални извори- нивото до кое владетелите ја контролираат или имаат пристап до имотот на земјата, природните богатства, финансиите извори, материјалните средства, средствата за комуникација и транспорт.
Санкциите- казнувањето, заплашувањето, или заканите од нивна примена, кон непослушните или некооперативните со власта за да се обезбеди нивната потчинетост и соработка - кои му се потребни на режимот за да постои и да ги спроведува своите политики.
Но, сите овие извори, ќе заклучи Шарп, зависат од прифатливоста на режимот, од покорувањето и послушноста на популацијата и од соработката ��а огромен број луѓе и институции во општетсвото. А тие не се гарантирани.
Во моментот кога режимите ќе ја изгубат таквата подршка тие се на добар пат да бидат срушени. Но тоа нема само по себе да се случи..
Секое движење за соборување на недемократските режими, вели Шарп, мора да има изградено своја стратегија, разработеноно методи за ненасилно дејствување и тактики за постигнување целосен успех во остварувањето своите цели. Но, од сето она што се случувало досега во светот на тој план може да се заклучи дека ослободувањето од недемократските режими е возможно. Добро промислено планирање и стратегија се неопходни за да се постигне тоа. Истрајност, напорна работа дисциплинирана борба а понекогаш и жртви ќе бидат потребни. Но, слободата не е бесплатна. Таа мора да се освои.
Особено, како што вели Иво Андриќ, кога доаѓаат такви времиња во кои „паметните замолчуваат, будалите зборуваат, а барабите се збогатуваат“.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 2281 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 18.06.2011 01:46:36 |
|
Providna e porakata vo kolumnava. Mene mi lici na povik za civilna vojna vo Makedonija. Principot vrz koj funkcioniraat modernite opstestva e izleguvanje na izbori i pobednikot formira vlada. Dali vie Gospodine razocaran 'inetelektualec' mislite deka ako so bilo kakvi trikovi vladata koja bi ja formirale segasnite luzeri bi bila demokratska i pravedna kon mnozinstvoto?. Jas velam ne - toa ke bide diktatura vrz mnozinstvoto. Ako skate vaseto nezadovolstvo so izborot na mnozinstvoto da go prenesete na ulica povelete-izlesete pa rusete i palete. Samo ne zaboravete, mnozinstvoto go ima istoto pravo da izlese i da ne dozvoli palenje i rusenje... |
|
|
|
|
|
|
Од: ak47 |
Датум: 18.06.2011 02:44:50 |
|
Odgovoren drzhavnik vo situacija na seriozna kriza kako shto e tekovnata, go povikuva naselenieto na trpenie, i insistira na imanje doverba vo instituciite na drzhavata. Faktot deka avtorot povikuva tokmu na sprotivnoto, kazhuva deka se raboti za politichki leshinar shto ochekuva da profitira od situacijata (ko vo tochka sedum od Gene Sharp). Ns kraj, Gene Sharp e emeritus profesor na University of Massachussetts Darthmouth, a ne vo Mississippi. Aj shto e avtorot leshinar, nego e i nepismen i ne znae ni da prepishe ko shto treba. |
|
|
|
|
|
|
Од: milko |
Датум: 18.06.2011 03:07:45 |
|
frofesore zaboravte deka pisatelot e na knigata e avtoritet.a ne ozloglasena licnost, nie na kogo da mu veruvame,crvenkoski, zaev, soros,georgieski,boskoski,makraduli secerka,bucko ili velija.evo vi go odgovorot.pozrav |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 18.06.2011 03:31:17 |
|
Eden moj prijatel od Studenicani vaka ja objasnuva pobedata na svojata partija vo seloto: ,,Site saakat da bidat so pobednikot, a od porazeniot nemmat nikakva korist.,, Dali ke se promeni ova ocekuvanje? Na podolg rok, sekako da. Spored toa, samoto vreme ke ja pobedi vlasta. |
|
|
|
|
|
|
Од: Виктор |
Датум: 18.06.2011 04:06:21 |
|
Професорот ниту ја спомнува Македонија во колумната, а на повеќе места нагласува дека се работи за ненасилно изразување несогласување. Зарем тоа во Македонија е забрането. Да, мнозинството владее, но зарем малцинството треба да биде безгласно? |
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце |
Датум: 18.06.2011 06:54:30 |
|
За тие што го знаат англискиот, овде е страницата на Gene Sharp: http://www.aeinstein.org/organizations103a.html |
|
|
|
|
|
|
Од: Student |
Датум: 18.06.2011 07:03:20 |
|
На професорот би му препорачал уште две книги, Уставот на Република Македонија и Кривичниот Закон (дел за повикување на насилно уривање на уставниот поредок) |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 18.06.2011 08:37:32 |
|
Никако да го разберам коментаторот под шифра citatel!!! Не ми е јасно како можат “лузерите“,како што ги нарекува тој, да формираат влада.Колку што јас разбирам истиот мисли дека тие влада би формирале,хипотетички, со ,да речеме,60 пратеници,иако за изгласување на таква се потребни најмалку 62???Па нели,ако за таква влада гласаат 60 пратеници,а против 63,тоа значи дека владата не е избрана!!!Како тогаш малцинството че може да врши тортура врз мнозинството???Што се однесува пак до користењето насилни методи,сите претпоставки на власта (те некаков “Јасмин“,те некакви “мускулести момци“ кои и без ништо да направат беа пријавувани во МВР) излегоа сосема погрешни,но такви ,иако инцидентни, имаше од другата страна (случајот на плоштадот,случај на напад на избран пратеник во Делчево)!!!Затоа г-дине citatel,прочитај малку повеќе!!!Ова што си го напишал не е за преодна оценка!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Даме Македонски |
Датум: 18.06.2011 09:06:46 |
|
Основната претпоставка од која тргнува Шарп е дека режимите за кои дава тој упатства како да се срушат се диктаторски и недомократски. Е тука сега доаѓа Гебелсовата стапица која јадните социјалдемократи сами ја направија и сами си паднаа во неа. „Сто пати повторена лага станува вистина“. Социјалдемократите таа мантра дека Грујо е диктатор ја мантраат одкако отидоа во опозиција веќе 6 години. И сега си поверуваа дека е точна, па според тоа ај сега да ги примениме упатствата на Шарп за револуција. АРНО АМА БИДЕЈЌИ ЛАГАТА СИ Е ЛАГА, СЛАБО ИМ ОДИ РЕВОЛУЦИЈАТА! |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 18.06.2011 09:17:41 |
|
Odlicno Spasov kako i sekogas, no se prasuvam zosto morase da dojde do potreba od otpor kon Vlast izbrana na izbori na "demokratski izbori" so zaplasuvanje n, spisoci, glas 500 denari??? Verojatno trebe i poslednoto dete vo zgrada da bide ubieno pa togas da se reagira no ke nema koj da reagira. |
|
|
|
|
|
|
Од: Лаброски_М |
Датум: 18.06.2011 10:09:56 |
|
Се активира специјалната војна. Демек, да се оспори владеењето на 440.000 (неписмени) со 370.000 (писмени) или паметни како што ги вика авторот овие кои ги изгубија избориве. Едно прашање до авторот: Дали според Вас мерките за намалување на евазијата на даноци се облик на диктатура? Ако е така тогаш денешна Германија со само 10% сива економија до тоа стигнала со диктатура или пак со убедување? Сите режими кои ги споменувате во текстот се дојдени или со државен удар или со фингирани избори. Каде ја интерферирате со овие режими Македонија не ми е јасно. Сепак оваа специјална војна која се прави со месеци во државава е крајно нечесна и навредлива. Еден колумнист (специјалец) вика ова е диктатура , па потоа вториот вика да тоа е диктатура на неписмените над писмените, та затоа неговата пријателка докторка ќе си одела од Македонија, а третиот вика дај да напишам колумна, како да се сруши диктатурата бидејки нема потреба да се докажува дека има диктатура, бидејки е веќе докажана. Поздрав. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 18.06.2011 10:45:55 |
|
Jas mnogu poednostavno bi ja opisal situacijata vo Makedonija.Na edna strana,Vlasta, sobira luge poslusni koj netreba da mislat,dobro plateni za toa,zadovolni, koj se bi napravile toa da go zacuvaat.Rezultat, slabeenje na drzavata.Od druga strana opozicijata,koja ni nudi "priracnik"so 198 taktiki na nekakov si otpor,koj najverojatno ke trae dodeka ne se raspadne drzavata.Seto ova e smisleno.Nie nemame vlast i opozicija.Nie imame edna ista grupacija na"elita"(podrzana i od nadvor),koja si igra igracki so narodov,a celta e drzavava kako Makedonija da ja snema.Potoa ke ni nudat"lista"na krivci",pa ke se dokazuvame koj bil kriv.Krivecot nema nikogas da go doznaeme,ako uste sega ne pocnema da go barame. |
|
|
|
|
|
|
Од: В. Кратовалиев |
Датум: 18.06.2011 13:26:03 |
|
"Секоја чест" за батката, потпишан како универзитетски професор, за неговата спремност, за да се стави во улога на идеолог на "движење за соборување на недомократските режими". Но само го занемерил фактот, дека други на време си нарачаа стратегија, методи и тактики за таквата намена. Инаку во времетото, кога тој ја практикуваше власта барабите не се збогатија, туку ја соголија државава. |
|
|
|
|
|
|
Од: antimonopoli |
Датум: 18.06.2011 15:56:16 |
|
Jasni povici za nasilstvo, i ne me iznenaduva. So decenii se sozdavase kasta odbrani, a sega i nivni potomstva koi rastea vo ubeduvanje deka samo tie treba da vladeat. So tranzicijata steknaa kapital, pa dominiraat i koga se opozicija. Gi iznenadi dolgoto vladeenje na ovaa vlada, 5 godini i uste 4 naredni koi nema da gi cekaat. Se podgotvuvaat za nasilno prevzemanje. Obidi imase i porano: stecajci, tutunari, mlekari, A1. Segasnite protesti koi koristat tragicen nastan itn. Ohrabreni se od dopolnitelnite 150.000 glasovi (koi NE SE DOBIENI zaradi nivnata programa - koja ne postoi, tuku poradi greskite na vlasta).
|
|
|
|
|
|
|
Од: centar |
Датум: 18.06.2011 18:54:55 |
|
Bravo profesore. Odlicno!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 18.06.2011 19:26:41 |
|
koga diktaturata e fakt, revolucijata e doznost na sekoj |
|
|
|
|
|
|
Од: Санто |
Датум: 18.06.2011 22:38:38 |
|
Со вакви идеолози власта во Македонија, уште долго ке биде власт.Променете го кодот, направете реформи и излезете со нови луге и идеи па на народот да му се понуди современа опциија да бира.Жално е што народот нема избор.Сега за сега изборот е еден.Не поминуаат спиновите на А1, народот сака искреност и добра намера, а не само гола желба за власт |
|
|
|
|
|
|
Од: d-r |
Датум: 18.06.2011 22:41:44 |
|
господине прфесоре бивш политичару.Пред некој ден имаше демократски парламентарни избори на кои граѓаните на Македонија мирно и достоинствено ја кажаја својата вола одговарало тоа некому или не.Ова е омаловажуване на сите грагани на Македонија за кого било да гласале. |
|
|
|
|
|
|
Од: До сите загрижени |
Датум: 19.06.2011 01:02:51 |
|
Човеков никаде не спомна дека пишува за Македонија. Симптоматично е како ви е полна устата со демократскиот капацитет, па со легитимноста на власт, па со слични глупости, а препознавте дека пишува за Македонија. Инаку, живееме во недемократски режим, сличен на оној од 1994-1998. А со контрапротестиве на власта богами и со Милошевиќ и Гадаги има сличности. Све друго ви е вербална боранија... |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 19.06.2011 03:39:23 |
|
Nitu eden sistem ne e odrzan na Demokratija. Demokratijae mnogu ubavo e sokriena vo nekoi zapadni ustavi kako da se kanoni,a site se Diskriminatorski.,a gi koristat nivnite priveligovani kanoni -kanoni od; Nasite Tatkovci Osnovopoloznici i toa za niv e kanon!Nisto tuka nema ;Filosovski,Kulturno,Moralno,Eticki,Religiozno,Tradicionalno,,,Ekonomsko,Patrialhalno,Nema isti kriterijum za kriterium na Demokratija.,A uste, da ne odime podaleku za; Kriterium na Demokratija; Politicka,Drustvena , Persionalna i Fizicka sloboda.A Pojam ;Demokratija i Slloboda na Licnost,povece i ne postoi.;se stana :Diktat-Teror na Kapitalot. PS golem Pocit do Avtorot,ama site vece znaeme nema Dempkratija i sloboda,se e Vo raceta i formulata na ;Teror na Kapitalot~! |
|
|
|
|
|
|
|
|